Економија
(Видео) Битиќи од Тирана: Преку Отворен Балкан, заедно во ЕУ
Владината делегација предводена од заменик- претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции – Фатмир Битиќи денес во Тирана ја отвори пленарната седница на меѓувладините работни групи кои денеска и утре ќе дискутираат за детална имплементација на постигнатите договори во рамките на Отворен Балкан.
Во воведното отворање вицепремиерот Битиќи рече:
„Време е да се фокусираме на резултати, опипливи и видливи кои произлегуваат од реалните потреби на граѓаните што значи дека се автентични и органски, поттикнати оддоле а ние ги качуваме високо на нашата агенда на Отворен Балкан, затоа верувам дека Отворен Балкан е повеќе од идеја и повеќе од иницијативи, туку има полн капацитет да одговори на потребите и да даде оперативни решенија. Целта на Отворен Балкан е сите нас да нè носи напред кон развој, интеграција, конкурентност наспроти меѓусебна конкуренција, слобода на движење на 4-те слободи на Европската Унија, олеснување на процедурите, солидарност и подадена рака.
Оваа идеја сите не спојува во јасна, отворена, искрена и граѓанска намера.
Денеска тука сме три земји со отворени претпристапни преговори со Европската Унија и сите знаеме колку Отворен Балкан има потенцијал да ги акселерила реформите потребни за влез во ЕУ. Преку Отворен Балкан, заедно во ЕУ. Тоа е нашиот пат и се надевам дека на истиот набрзо ќе се приклучат и другите земји од Западен Балкан.
Денеска тука се моите колеги, министри, заменик- министри, државни секретари и советници кои заедно со колегите од Албанија и Србија ќе работат на утврдување на рамки на работа и протоколи и начини на кои солидарни ќе си помагаме при катастрофи и несреќи, при недостиг на храна и при енергетска криза, со што периодов се соочуваме како резултат на глобалната криза предизвикана од руската воена инвазија врз Украина, но не само тоа.
Иако секоја национална економија има свои соодветни одговори на предизвиците со кои се соочуваме, како онаа од претходната недела кога Северна Македонија воведе забрана за извоз на пченица – но, доколку оперативниот план што тука заедно ќе го работиме со колегите од Албанија и Србија покаже дека можеме и треба да помогнеме со количина на пченица за нашите сојузници од Отворен Балкан, ќе најдеме начин тоа да го направиме, како и можни начини за заеднички настап на глобалниот пазар како поголем регион или како цела Унија со земјите кандидатки.
Унапредувањето на трговската размена и синџирите на снабдување се потенцијал од кој сите можеме да капитализираме преку стимулирање на носење на синџирите на набавка во нашите земји и секако блиску границите на Европската Унија, сега кога последните веќе три години речиси ни покажаа дека далечните источни маркети не се одржливи и се лесно кршливи во време на криза.
Секое лето успешно или, за жал, помалку успешно се справуваме со летните пожари. Ќе изработиме планови и ќе создадеме оперативни групи за да одговориме едни кон други итно кога на некоја од нашите држави ѝ е потребна помош, но сигурен сум дека ќе дефинираме и можности за помош на останатите земји од регионот – гледаме што се случува деновиве во Словенија. Подготвени сме да помогнеме секому, потребата од помош нема граници.
Секако ќе зборуваме за заедничко надминување на енергетската криза и начините за штедење, нешто што пред неколку месеци веќе пред моите сограѓани кажав дека ќе е не само неопходно, едноставно тоа е единствено одговорно и солидарно однесување на секој од нас.
За крај, она што верувам дека граѓаните го очекуваат, а тоа е дефинирање и начинот на активирање на идентификацискиот број за граѓаните и потребата за отстранување на работните дозволи. Секој ден поминат во бирократија е пропуштена шанса.
За сите овие теми 5 работни групи ќе имаат интензивна работа во следните два дена, посакувам да се продуктивни и на крај на утрешниот ден да го презентираат сработеното.”
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Рекордни приходи од концесиски надоместоци во 2025 година
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека наплатата на концесискиот надоместок за експлоатација на минерални суровини во 2025 година достигна историски највисоко ниво.
„Наплатата за 2025 година, со вкупни 1.223.455.203,00 денари, претставува историски напредок и силна основа за понатамошно подобрување на системот на концесии во Република Северна Македонија“, соопшти Министерството.
„Овие резултати се директна последица на посветените активности на Министерството за подобрување на наплатата и зајакнување на контролата врз обврските на концесионерите, вклучувајќи: засилени инспекциски контроли и теренски проверки, испраќање писмени опомени и прекршочни постапки за доцнење со обврските, едностран раскин на 46 договори со концесионери кои не ги исполнувале законските обврски (неплаќање, еколошки прекршоци, неовластено проширување на полиња, пренос на концесија спротивно на законот), стапување во сила на новиот Тарифник од 1 јануари 2025, кој го зголеми износот на концесиски надоместок до 100% и подобра координација меѓу Министерството и општините“, се наведува во соопштението.
Во него се додава деја зголемената наплата директно придонесува за зголемување на буџетите на општините каде работат концесионерите, како и на државниот буџет.
„Зголемената наплата овозможува: значително зголемени буџети на општините во кои работат концесионерите, инвестиции во комунална инфраструктура, поддршка на енергетската транзиција и проекти за обновливи извори и поголеми средства за заштита на животната средина“, појаснува Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.
Економија
„Лукоил“ го продава имотот во странство на американска компанија
Рускиот енергетски гигант „Лукоил“ ќе го продаде поголемиот дел од својот странски имот на американската инвестициска фирма „Карлајл“, објави денес одделот за односи со јавноста на „Лукоил“. Одлуката следува по воведувањето санкции од страна на САД врз руската нафтена компанија во октомври.
САД воведоа санкции врз „Лукоил“ и „Роснефт“, во октомври лани, замрзнувајќи ги американските средства на „Лукоил“ и заканувајќи се со секундарни казни за странските субјекти што работат со нив. Санкциите, првите такви мерки наметнати од втората администрација на Трамп, се дизајнирани да извршат притисок врз Москва да се согласи на мировни преговори во Украина, со оглед на тоа што приходите од фосилни горива играат клучна улога во одржувањето на воените напори на Русија.
Договорот со „Карлајл“ не ги вклучува средствата на „Лукоил“ во Казахстан и сè уште чека одобрение од Министерството за финансии на САД, соопшти руската компанија, додавајќи дека разговорите со други потенцијални купувачи се во тек.
Вредноста на договорот не беше откриена, иако меѓународниот имот на „Лукоил“ се проценува на вредност до 22 милијарди долари.
„Лукоил“ е втор по големина производител на нафта во Русија и една од најголемите компании во земјата, со учество од 2 проценти од глобалното производство на нафта. Покрај удели во нафтени полиња во Казахстан, Узбекистан, Блискиот Исток, Африка и на други места, „Лукоил“ управува и со три рафинерии за нафта во Европа и стотици бензински пумпи низ целиот свет, вклучително и во САД.
Администрацијата на Трамп претходно одобри ослободување од санкции за бензинските пумпи на „Лукоил“ во странство додека продажбата беше во тек. Швајцарската трговска куќа „Гунвор“ првично беше заинтересирана за купување на средствата на компанијата во странство, но ја повлече својата понуда во ноември откако Министерството за финансии на САД ја опиша како „кукла на Кремљ“.
Економија
Божиновска на серија средби со амбасадори: меѓународна соработка за енергетска сигурност
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска оствари серија билатерални средби со претставниците на дипломатскиот кор во земјава. Меѓународната соработка и партнерствата со пријателските земји се клучни за обезбедување на безбедна и одржлива енергетска иднина за нашата земја, истакна Божиновска.
Продлабочувањето на енергетската соработка беше фокус на средбата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска со амбасадорката на Литванија, Вилма Дамбраускиене. Акцентот беше ставен на размената на искуства во енергетската транзиција и напредокот на нашата земја на тој план, како и реализација на проекти од енергетскиот сектор во насока на еколошка, економска и социјална одржливост.
Божиновска, на средбата ја истакна посветеноста на Министерството да обезбеди услови за земјата да се насочи кон енергетски одржлив амбиент.
Во рамки на средбите, министерката Божиновска разговараше со амбасадорот на Австрија во Република Северна Македонија Н.Е. Мартин Памер, при што беа разменети мислења за енергетските политики, енергетската транзиција и можностите за австриски инвестиции и експертска поддршка во развојот на одржливи енергетски проекти.
На средбата со амбасадорката на Народна Република Кина во земјава, Џианг Сиаојан се разговараше за размена на искуствата меѓу двете земји, при што беше истакната подготвеноста од кинеска страна за примена на нивните практики во справување со загадување на воздухот и примена на обновливи извори на енергија.
На средбата со амбасадорката на Украина во земјава, Лариса Дир, министерката Божиновска ги презентираше конкретните чекори коишто се преземаат со цел исполнување на европските енергетски стандарди и интеграција во заедничкиот пазар на ЕУ. При тоа, министерката Божиновска ја нагласи подготвеноста на нашата земја да помогне во напорите за заздравување на украинскиот енергетски сектор.
Билатералните средби коишто Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги реализира се потврда за посветеноста на Министерството во насока на остварување на визијата за чиста, праведна и одржлива енергетска иднина

