Економија
(Видео) Георгиевски: Исплатени околу 750 милиони денари по повеќе основи кон различни категории земјоделци
На 50 млади луѓе од сите региони на државата им беа доделени договори за финансиска поддршка во форма на грантови за започнување со земјоделска дејност. Од нив, 22 се жени, рече на прес-конференција Гоце Геогриевски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.
„ Овие млади лица ќе имаат можност да ги спроведат деловните планови со кои аплицирале на јавниот повик и да инвестираат во опрема за преработка, пост- бербени активности и земјоделска механизација. Би сакал да им честитам и да им посакам многу успех. Владата предводена од СДСМ е силно посветена на развојот на младите во руралните средини. Ваквиот тип на поддршка, продолжува и во новата 2022 година.
За нашата посветеност, говори реализацијата на мерките за финансиска поддршка во земјоделството. Само во изминатата недела по повеќе основи беа исплатени околу 750 милиони денари и тоа:
На сметките на околу 6.500 млекопроизводители се исплатени над 220.000.000 денари како дополнителни плаќања од 3.5 денари / литар за предадено кравјо млеко, односно 4.5 денари / литар за предадено овчо и козјо млеко. На сметките на 7689 лица исплатени се 84.4 милиони денари за вршење на земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности. 63.6 милиони денарисе исплатени за предадени јагниња во кланичен капацитет. 8.5 милиони денари се исплатени на сметките на сите живинари кои имаат пријавено бројлери во кланични капацитети за периодот од мај 2019 – септември 2020 година“ изјави Георгиевски.
Тој додаде дека е исплатена поддршката за саден и семенски материјал и тоа – 39.3 милиони денари за произведен лозов и овошен саден материјал и 35.3 милиони денари за произведен сертифициран семенски материјал. 27.2 милиони денари се исплатени за субјектите кои пријавиле дека имаат одгледани и продадени амортизирани несилки.
„ Владата продолжува со својата заложба за развој на органското производство. 778 сертифицирани органски производители ги добиваат заслужените субвенции во вкупна висина од 113 милиони денари. На 7674 фармери и пчелари кои ги зголемиле своите основни стада, односно пчелни семејства се исплатени 39 милиони денари. Сточарите кои задржале женско јаре / јагне се исплатени во износ од 1.6 милиони денари.
Почитувани лозари, овоштари и оризари, наспроти сите лаги и шпекулации од кујните на опозицијата, изминатава недела се донесе уште една важна работа. Набрзо пристигнува и ветената поддршка од пакетот мерки за ублажување на последиците од КОВИД кризата. Изминатата недела, пратениците од парламентарното мнозинство го изгласаа Законот за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од пандемијата со КОВИД-19 врз производството и откупот на земјоделски производи“ истакна тој.
Ги обвини пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата, дека не гласале за донесувањето на овој закон, поради што ги повика земјоделците да го имаат тоа на ум, за да не бидат изманипулирани.
„ 2021 година ја бележиме како година со најсилна динамика во реализација на програмските мерки. Како последен прес за земјоделството во оваа 2021 година, од мое име, од името на сите членови на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ, ви посакувам уште поуспешна, просперитетна и плодна нова година“ заклучи Георгиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Исплатени се 338.468.141 денари кон 9.567 овоштари
Извршена е исплата во износ од 338.468.141 денари кон 9.567 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Истата е реализирана согласно Мерка 1.6 – директни плаќања по обработлива површина за одржување на постоечки овошни насади, со што се обезбедува континуирана поддршка за одржување и унапредување на овоштарското производство.
Економија
Отворен Економскиот бизнис форум помеѓу Северна Македонија и Словачка
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје, заедно со министерот за финансии на Словачката Република, Ладислав Каменицки, го отвори Економскиот бизнис форум помеѓу Република Северна Македонија и Словачката Република, на кој присуствуваа голем број домашни и словачки компании.
„Настанот, организиран од двете министерства со вклученост на повеќе економски институции, беше одлично посетен од претставници на стопанските комори и бизнис-заедницата. Присутните имаа можност за директни средби и вмрежување со словачките компании од секторите енергетика, градежништво, здравство и медицина, туризам, ИКТ, трговија и други услужни дејности“, соопштија од Министерството.
Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека форумот претставува потврда не само на политичката блискост меѓу двете држави, туку и на заедничката верба во силата на економското партнерство.
„Економската дипломатија не е дополнување на надворешната политика – таа е нејзино јадро. Силните политички односи мора да бидат придружени со силни економски темели“, нагласи Муцунски, изразувајќи благодарност до словачките партнери и компании за нивното присуство, кое, како што посочи, претставува знак на доверба.
Тој истакна дека Северна Македонија нуди стабилност, отвореност и предвидливост како основа за инвестирање, при што континуираното усогласување со европското законодавство претставува заложба за транспарентност и правна сигурност. Посебно ги нагласи потенцијалите во автомобилската индустрија, производството на компоненти, ИКТ-секторот, обновливите извори на енергија и агробизнисот.
Министерот посочи дека достигнувањата на Словачка во автомобилското производство, иновациите и енергетската транзиција создаваат природна основа за продлабочување на партнерството преку заеднички инвестиции, интеграција на синџирите на снабдување и трансфер на технологии.
Во рамки на форумот беше потпишан и Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Северна Македонија и словачката агенција SARIO, со што се отвора дополнителен простор за директна институционална соработка и заедничка промоција на економските потенцијали.
Муцунски истакна дека Владата останува цврсто посветена на поддршка на бизнис-заедницата преку дипломатската мрежа, институциите за промоција на инвестиции и механизмите за олеснување на трговијата, со цел идентификување нови можности и отстранување на административните пречки.
Форумот, како што беше оценето, претставува конкретен чекор кон продлабочување на економската соработка и создавање нови можности за инвестиции, иновации и одржлив раст во интерес на двете држави.
Економија
Компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска со донација за погодените семејства од поплавите во Кичево
По поплавите во Кичево што доведоа до евакуација на околу 250 луѓе од 63 домаќинства, компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска уште еднаш ја потврдија својата општествена одговорност преку донација на средства за лична хигиена за лицата кои се привремено згрижени во градската спортска сала „Христо Узунов“.

Пакетите, кои содржат основни производи за секојдневна хигиена, како и вода и храна се наменети за најзагрозените домаќинства со цел да им помогнат полесно да се справат со последиците од природната непогода.


Со оваа хуманитарна иницијатива, компанијата испраќа силна порака за солидарност и поддршка во моменти кога заедништвото е најпотребно, останувајќи доследна на својата општествено одговорна мисија.
(ПР)

