Економија
(Видео) Георгиевски: 2023 со рекорден буџет за земјоделство за поголемо домашно производство
Светската економска криза покажа колку се важни домашното производство на храна и земјоделските производи. Владата предводена од СДСМ и надлежното Министерство преку навремени и ефикасни мерки му помагаа на македонското земјоделство со цел да го зголеми производството и тоа да биде што поконкурентно на светските пазари, изјави на денешната прес-конференција Гоце Георгиевски од Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.
Тој додаде дека 2022 година ја завршивме со рекордни 140 милиони евра исплатени во земјоделството. Таа грижа, таа поддршка, продолжува и во 2023 година со нови 150 милиони евра поддршка. За оваа 2023 година имаме рекорден износ на земјоделскиот буџет и соодветно на тоа зголемени износи на програмите и мерките за директни плаќања.
Во согласност со новиот модел на субвенционирање и авансната исплата на субвенциите за оваа година предвидени се дури седум милијарди денари за субвенции кон вистинските земјоделци.
Ѓорѓиевски наведе дека 2023 година ќе биде година на големи можности за земјоделците. Една од клучните промени за 2023 е програмата за рурален развој, која прераснува во инвестициска програма со буџет од една милијарда и педесет милиони денари.
Преку оваа програма и во 2023 ќе ги реализираме сите позитивни мерки кои постигнаа одлични резултати и огромен интерес кај земјоделците. Тоа се мерките рурална жена, млад земјоделец, набавка на опрема, системи за наводнување и сл.
Истовремено се зголемуваат и средствата од ИПАРД 3-програмата, која има цел модернизација на домашното земјоделство. Сето ова, почитувани, е показател за грижата на СДСМ кон земјоделството и земјоделците, изјави Георгиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Нова ТВ-кампања на Tigo.mk: Немаш пари? Нема проблем!
Пионерот и иноватор на термините “0% трошоци и бесплатен кредит” во финансиската терминологија, Tigo.mk, започна со нова маркетинг и ТВ кампања, каде повторно во фокусот е клиентот и решението на неговите потреби.
Мотивирана од различните животни ситуации, каде недостатокот на финансиски средства може да претставува предизвик во остварување на идеите и задоволување на потребите, кампањата на духовит и интересен начин ја пренесува понудата со која граѓаните, кои за првпат аплицираат за кредит во Tigo.mk, можат да ги ползуваат придобивките на кредит без трошоци, односно, колку клиентот зема – толку и враќа. Без никакви дополнителни трошоци, 0% камата и 0% провизии.
Се што треба граѓаните да направат е да ја посетат страницата на Tigo.mk или некоја од 29-те филијали ширум земјата и да аплицираат за кредит само со важечки документ за лична идентификација, без дополнителни процедури или жиранти. Одговор на бесплатната апликација за кредит се добива за само 30 секунди, а исплатата во готово во филијала се врши за само 15 минути. И тоа е сѐ! „Немаш пари? Нема проблем!“ Погледнете ја рекламата.
Тigo.mk, дел од Финмак ДОО, е водечки бренд во индустријата на небанкарски кредити, кој на македонските граѓани во изминатите, речиси 7 години, на одговорен и транспарентен начин, нуди пристап до финансии и обезбедува финансиска инклузија на неопслуженото население на пазарот.
До услугите на Tigo.mk клиентите можат едноставно да пристапат онлајн на www.tigo.mk или во некоја од нашите филијали ширум земјата, а аплицирањето и на обете места е подеднакво брзо и едноставно – одговор на апликацијата се добива за 30 секунди, a исплатата во кеш се врши за само 15 минути.
Повеќе информации за понудата и Tigo.mk се достапни на веб страницата www.tigo.mk, во било која Tigo.mk филијала или на телефонскиот број 13 700.
(ПР текст)
Економија
Биткоинот поскапе на 61.710 евра, инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст
Биткоинот поскапе за 0,53 отсто на 61.710,57 евра денеска во 15:30 часот на најголемата светска берза за криптовалути Binance.
Вкупниот обем на тргување со биткоин во последните 24 часа изнесува 21,42 милијарди евра, што е значително повеќе од вчера.
Инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст на Биткоин.
Економија
Нови цени на дизелот и бензините од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,27 % во однос на одлуката од 16.5.2024 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 1,601 %, кај дизелот 0,751 %, кај екстра-лесното масло 1,310 % и кај „мазутот“ намалувањето е 2,450 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,368 %.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се намалува 1,50 денар/л.
Малопродажните цени на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98, како и на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат 1,00 денар/л.
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува 0,306 денари/кг и сега ќе изнесува 42,629 денара/кг.
„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00.01 часот на 21.5.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од РКЕ.