Економија
Героргиевски: Производството на храна е стабилно, земјоделците да ја искористат владината помош
Производството на храна е стабилно, сите земјоделци да ја искористат помошта на Владата, порача на прес-конференција Гоце Георгиевски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.
Тој оцени дека националниот план за производство на храна се спроведува со засилено темпо, а аплицирањето за финансиска поддршка за набавка за вештачки ѓубрива за засеани површини со пченица, пченка, јачмен и сончоглед е веќе почнато.
„Ги повикуваме сите земјоделци кои ќе набават вештачки ѓубрива во периодот до 31 мај да аплицираат и да ја искористат помошта, која ја обезбеди Владата предводена од СДСМ. Висината на финансиска поддршка изнесува: 4.000 денари по хектар за набавка на најмалку 200 кг по хектар вештачки ѓубрива за површини со пченица и пченка; 2.500 денари по хектар за набавка на најмалку 200 кг по хектар вештачки ѓубрива за површини со јачмен; 2.500 денари по хектар за набавка на најмалку 100 кг по хектар вештачки ѓубрива за површини со сончоглед; 400 денари по хектар за набавка на најмалку 6 л по хектар течни фолијарни ѓубрива за пченица, јачмен, пченка и сончоглед“, појасни Георгиевски.
Покрај петте јавни повици за финансиска поддршка кои се објавија изминатиот период, објавен е уште еден јавен повик од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за кофинансирање на инвестиции во подигнати нови лозови и овошни насади како и повеќегодишни ароматични растенија.
Периодот кој е опфатен со поддршката е од 01 април 2021 година до 31 март 2022 година. Прифатливи се трошоците за набавка на новите насади, градежни материјали и елементи за потпорна конструкција, како и услуги од трети лица за припрема на земјоделското земјиште и извршување на градежните работи. Максималната поддршка по корисник изнесува 6 милиони денари, а кофинансирањето е до 75% од инвестицијата. Крајниот рок за доставување на барањата за исплата е 31 мај 2022 година.
Георгиевски додаде дека како што беше најавено, исплатени се субвенциите на над 10.000 овоштари за одржување на овошни насади во висина од 434 милиони денари за над 14.000 хектари пријавени земјоделски површини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

