Економија
(Видео) Грозданоски: Рекордна финансиска поддршка за земјоделците
Земјоделците и сточарите имаат сојузник, пријател и поддржувач во Владата предводена од СДСМ, која е целосно посветена на активни политики за нивна поддршка и стимулација. Само во изминатава недела Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати над 617 милиони денари субвенции на фармерите кои имаат обележани грла говеда, кози, како и 182,3 милиони денари на сите фармери кои задржале женско јагне, информира денеска Трпче Грозданоски, член на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.
Со оваа исплата, додаде тој, префрлени се и средства за тутунопроизводителите во износ од 11.4 милиони денари.
Исплатена е, како што рече и финансиска поддршка за засеани површини со сертифициран семенски материјал, како и исплата на субвенции и за пчеларство.
„Досега веќе се исплатени 5,5 милијарди денари, заедно со усвоениот ребаланс а со заокружување на овие исплати во 2021 година се очекува да се исплатат рекордни 115 милиони евра за над 66.000 земјоделци. Покрај редовните субвенции, се грижиме и за поттикнување на младите кои се дел или имаат намера да се вклучат во овој сектор. До 29 август отворени се апликациите за финансиска поддршка преку мерката позната како „Млад земјоделец“, која е наменета за сите регистрирани индивидуални земјоделци, кои имаат до 40 години и кои може да добијат до 10 илјади евра за инвестиции или отворање на сопствен агро-бизнис“, подвлече Грозданоски.
Потсети дека на почетокот на месецов, ресорното министерство објави четири јавни повици за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари, како дополнителен стимул за развој на оваа дејност.
Јакнењето и повеќестраната поддршка на домашното земјоделско производство е клучен дел од нашата економска политика, која цели кон одржлив развој и модернизација, истакна Грозданоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас
Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.
На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.
На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.
Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.
Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.
(ПР)
Економија
Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз
Македонија денес се претставува на „Винскa визија на Отворен Балкан“ во Белград.
Оваа година 80 винарски визби се претставуваат на овој саем од кои што 68 се мали семејни винарии и 12 винарски визби кои што се дел од здружението „Wines of Macedonia“, а за првпат имаме и изложувачи на квалитетна македонска традиционална храна.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, рече дека ова е одлична можност македонските квалитетни вина да бидат промовирани на саемот.
Тој посочи дека е зголемена продажбата на македонското вино надвор од границите на државата.
„Република Македонија е на 22 место во светот по производство на вино, а се наоѓа на 29-то место по извоз на вино во светот“, заклучи министерот.
Трипуновски додаде дека Владата има за цел да се зголеми производството на вино во државата со што ќе се зголеми и извозот на истото во светот. Девизен прилив од извоз на вино за 2023-та година изнесуваше над 57 милиони евра.
„Нашите вина се продаваат во преку 40 држави во светот. А, најголем дел се пласира овде во регионот, односно на Балканот“, истакна тој.
„Како Влада продолжуваме посветено да работиме во делот на секторот винарство бидејќи е втора најзначајна гранка во Република Македонија по извоз и девизен прилив“, нагласи министерот Трипуновски.
Економија
Илон Маск го сруши сопствениот рекорд на богатство, има 347,8 милијарди долари
Богатството на американскиот тајкун Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари во петокот, поттикнато од континуираните добивки во акциите на „Тесла“ и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција беше проценет на 50 милијарди долари.
Многу компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го круниса со политичко внимание.
Акциите на Тесла пораснале за 3,8 отсто во петокот, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе и дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.
Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на „Блумберг“.