Економија
(Видео) Димитриеска – Кочоска: Третиот пакет-мерки се реализира само 13 %
Помпезно најавуваниот предизборен трет пакет-мерки во износ од 355 милиони евра заврши со реализација на 47 милиони евра, односно не цели 13 % реализација, и тоа за предизборен поткуп на населението што Владата многу сакаше да го помогне за еден месец по изборите, да го опустоши со растот на цената на електричната енергија, кој е вишок трошок за секое македонско семејство, обвини Гордана Димитриеска-Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Според неа, изостанала поддршката на фирмите за вработените и токму четвртиот пакет-мерки е доказ дека таа не била реализирана со третиот пакет-мерки.
„Правилното буџетско планирање се заснова на правилна оцена на состојбите во економијата, на правилна антиципација на идните движења и мерки што нема да бидат ад хок, туку мерки што ќе имаат долготрајно и системско значење. Ако беше така, немаше да ни требаат 4 пакет-мерки, туку еден-два, ама вредни во обем и со навремена интервенција. Потребна е реализација на мерки за спас на економијата, а не гол популизам зашто изборите завршија. Треба да се направи реална анализа колку од 4 пакет-мерки се наменети за стопанството и за губењето на работните места“, рече Димитриеска-Кочоска.
Таа праша дали Владата размислува за оние 40.000 што ги изгубиле работните места во јули и август?
„По давањето на картичките како предизборен поткуп, ја покачија струјата зашто во економијата е јасно – сметката некој треба да ја плати. По ваков сет мерки, кој нема да влијае на подобрување на економијата, ни останува да чекаме повторно повисоки сметки. Се поставува прашањето каде ќе имаме поскапувања“, изјави Димитриеска-Кочоска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

