Економија
(Видео) Димковски: Со конкретни мерки создаваме услови за развој на лозарството
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, денеска во Кавадарци присуствуваше на традиционалната манифестација Тиквешки гроздобер, со којашто официјално се означува почетокот на бербата на грозје.
Министерот Димковски посочи дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, континуирано ја следи бербата и откупот на грозјето ќе преземе соодветни мерки со цел лозарите да имаат рентабилно производство.
„Ние сме со лозарите и во добро и во лошо, ова е убав настан кој што е традиционален, ние помагаме во развој на оваа гранка. Со конкретни мерки создаваме услови за развој на лозарството како наша стратешка извозноориентирана гранка. Знаете дека моментално е во завршна фаза Законот за вино, каде ќе се даде можност лозарите во домашни услови да произведуваат вино и ракија, олеснети се околностите за акцизи а секако помагаме и преку другите програми, рурален развој ИПАРД и останати“, изјави министерот Димковски.
Деновиве се исплатија над 1 милион евра на 6.240 лозари за дополнителната субвенција од 1 денар за предадено грозје регистрирани винарници, со што се комплетираше исплатата на субвенциите за лозарство за 2018-та година.
Пред почетокот на новата производствена сезона исплатени се 9 милиони евра на 15.208 лозари за основната субвенција за одржување на лозови насади. Државата го исплати и долгот што винарските визби Повардарие, Стефани и другите регистрирани винарници во регистарот на МЗШВ, го имаа како долг кон лозарите за предадено грозје во 2014 и 2016 година. Се исплатија над 1 милион и 250 илјади евра на 2.048 лозари.
Според податоците од Државниот инспекторат досега се откупени над 11 милиони килограми грозје. Откупната цена на вранецот е 12,58 денари за килограм, а на смедеревката 11 денари за килограм.
Во завршна фаза се и измените на Законот за вино, со којшто се олеснуваат условите за производство во малите семејни винарници ќе се воведат нови вински производи, што ќе придонесе и за поголеми приходи за винарските визби и за лозарите, поголем извоз на вино и девизен прилив.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

