Економија
(Видео) Заев: „Алкалоид“ АД Скопје е нашиот македонски бренд по кој нашата земја е позната во светот
Премиерот Зоран Заев, заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за здравство, Венко Филипче, и министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на бизнис климата за домашните претпријатија Зоран Шапуриќ, денеска беа во посета на најголемата компанија од фармацевтската индустрија „Алкалоид“ АД Скопје каде што остварија средба со директорот Живко Мукаетов и дел од менаџментот на компанијата, ги посетија производствените капацитети „ПЦ Фармација“ и „Институтот за истражување и развој“ и по завршување на предвидените активности дадоа изјави за медиумите.
„Денеска ја имавме честа да ја посетиме најголемата компанија од фармацевтската индустрија во нашата земја ‘Алкалоид’ АД Скопје нашиот најпознат македонски бренд во светот.Целта на посетата е да ги споделиме информациите со менаџментот на ‘Алкалоид’ за значењето на финансиската поддршка од Планот за економски раст, за постигнатите резултати што компанијата ‘Алкалоид’ ги бележи и одблиску да се запознаеме со производствените процеси и технологии што оваа наша реномирана домашна компанија ги спроведува.
„Алкалоид“ АД Скопје претставува врвен македонски бренд во фармацевтската индустрија по кој нашата земја е позната во светски рамки преку производство и продажба на фармацевтски, хемиски, козметички производи и производи од билно потекло.Како што нè информираше директорот Мукаетов, компанијата има повеќе од 2.000 вработени и просечната нето-плата по вработен во Алкалоид изнесува над 44.600 денари или над 700 евра, што е за секоја пофалба и е во насока на владиниот апел до компаниите за исплата на повисоки плати за вработените. Изминатата 2018 година компанијата реализирала 212 нови вработувања и инвестиции од над 17 милиони евра.
Особено задоволство ми претставува што денеска заедно со директорот Мукаетов, вицепремиерот Анѓушев, министерот за здравство, Филипче, и министерот задолжен за регулатива за подобрување на бизнис-климата, Шапуриќ, ќе ги споделиме со јавноста овие одлични перформанси на компанијата и информациите и за финансиската поддршка што ја доби компанијата од Планот за економски раст со кој со за првпат ги изедначивме условите и критериумите за поддршка на инвестициите и конкурентноста на домашните и странските компании.
„Алкалоид“ како една од нашите најуспешни домашни компании за прв пат добива финансиска поддршка од државата. Со оваа наша домашна компанија потпишавме договор за финансиска поддршка за нов инвестициски проект на компанијата во времетрање од 5 години, и кон крајот на изминатата 2018 годинa на компанијата по овој основ ѝ беа исплатени финансиски средства во висина 35.292.916 денари. Она што е важно е дека нашите македонски компании сега се третираат со почит и поддршка од својата држава во којашто ги плаќаат даноците и давачките и придонесуваат за економскиот развој.Овој модел на поддршка преку Планот за економски раст се покажува како доста успешен и за домашните компании, но и за привлекување на странски директни инвестиции.Изминатата 2018 година имаме рекордни странски директни инвестиции во висина од над 624.5 милиони евра што е највисоко ниво до сега. Само во последниот четврт квартал во 2018 имаме странски директни инвестиции од над 311 милиони евра.
Во 2018 година над 250 домашни компании добија финансиска поддршка преку Планот за економски раст, во 2019 очекувам тој број на компании да се зголеми. Ова е силна потврда на нашата јасна визија и стратегија со која градиме силна економија која ќе нуди шанси за сите”, рече Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.
Економија
Биткоинот забележа силен пад
Цената на биткоинот денеска падна под 67.000 долари, првпат од ноември 2023 година, во услови на засилена распродажба и намалена доверба кај инвеститорите, објави Си-Ен-Би-Си.
Биткоинот се тргуваше по цена од околу 67.500 долари, откако претходно во текот на денот падна под психолошката граница од 70.000 долари, што дополнително ја засили распродажбата. Само оваа недела вредноста на криптовалутата е намалена за околу 20%, а во однос на рекордното ниво од октомври минатата година е пониска за речиси 47%.
Аналитичарите предупредуваат дека нивото од 70.000 долари претставува клучна техничка и психолошка граница и дека нејзиното пробивање отвора простор за понатамошен пад, потенцијално кон опсегот од 60.000 до 65.000 долари.
Падот на биткоинот се случува паралелно со слабеењето на технолошките акции во САД и зголемените присилни ликвидации на криптопазарот. Според податоци на Coinglass, оваа недела се ликвидирани повеќе од 2 милијарди долари во долги и кратки позиции.
Во исто време, институционалните инвеститори се повлекуваат. Аналитичката куќа CryptoQuant наведува дека побарувачката од институционални инвеститори значително се намалила. Другите криптовалути исто така бележат значителни загуби.
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

