Економија
(Видео) Заев на отворањето на „Интернационал фреш фуд“: Првпат во земјата ќе има сериозно производство на домашно пилешко месо
„Сопственото производство на храна е од голема важност за секоја држава. Кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот го покажа тоа. Во таа насока се и заложбите на Владата во создавање што поповолни услови за земјоделско-сточарското производство“, порача премиерот Зоран Заев на отворањето на новата инвестиција на конзорциумот на домашни и странски инвеститори „Интернационал фреш фуд“ во селото Гиновци, општина Ранковце.
Станува збор за инвестиција по највисоки европски стандарди со фокус на модерно производство на свежо пилешко месо и амбициозен план за изградба на фарми, кланици и хали во целата држава.
„Прват во земјата ќе има сериозно производство на домашно пилешко месо со запазување на најсовремените пракси за безбедност на храна. На овој начин не само што ќе имаме намалување на увозот на свежо пилешко месо во земјата, што во моментот изнесува 95 % од домашната потрошувачка, туку и се отвора можност за да извезуваме надвор на странските пазари. Планот на инвеститорите, кој имавме можност да го слушнеме, е создавање затворен круг на производство со сите потребни компоненти почнувајќи од матичните јата, инкубаторски станици, еднодневни пилиња, храна, сопствени фарми, модерна кланица, па сè до финален производ. Сето ова ќе се инвестира во нашата татковина, во повеќе региони. Освен тука во Гиновце и во Врапчиште – Гостиварско, Кочани, Штип, Охрид, Струга, Ветуница, Карбинци, Свети Николе. Тоа значи и отворање повеќе од 3.000 нови работни места во оваа бранша и дополнително раздвижување на соработката со кооперанти и домашни производители на репроматеријали“, изјави премиерот Заев.
Заев ги охрабри инвеститорите да ги следат трендовите, да ги искористат ресурсите што ги имаме во земјата бидејќи имаме потенцијал за развој во повеќе сектори на производи и услуги со повисока додадена вредност, подготвени за извоз.

На отворањето на новата инвестиција беа присутни и Љупчо Николоски, заменик на претседателот за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Артан Груби, прв заменик на претседателот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Фатмир Бесими, министер за финансии, Крешник Бектеши, министер за економија, и Арјанит Хоџа, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Абдулезел Догани од „Интернационал фреш фуд“ истакна дека, покрај придонесот за намалување на увозот на свежо пилешко месо во земјата, ќе се зголеми и извозот на странските пазари земајќи предвид дека еден од партнерите на инвестицијата е носител на франшизата за КФЦ за балканските земји, што претставува основа за пласман на производите за КФЦ не само на Балканот туку и во Европа.
„Сакам да ѝ се заблагодарам на Владата со сите инволвирани институции како на централно така и на локално ниво, која во нашиот конзорциум препозна свој доверлив партнер и одговорна компанија. Благодарност за поддршката во насока на подобрување на конкурентноста на домашниот, но и на меѓународните пазари, што резултира нашите македонски производи да бидат препознатливи и синоним за квалитет“, изјави Догани.
Севкупно планираната инвестиција за следните 5 години ќе надмине сума од 50 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Microbalkans 2025: Никола Јошевски за усогласувањето на правните рамки со директивите на ЕУ
Никола Јошевски, генерален менаџер и сопственик на Mint Fintech Group и претседател на Групацијата на финансиски друштва при Стопанската комора на Македонија, учествуваше на престижната регионална конференција Microbalkans 2025, што се одржа во Дубровник, Хрватска, од 5 до 7 ноември 2025 година.
Како панелист на високопрофилната дискусија „Усогласување на правните рамки со директивите на ЕУ“, Јошевски се приклучи на водечки европски партнери и институции кои активно придонесуваат за развојот на социјалните финансии во регионот на Западен Балкан.

Панелот се фокусираше на регулаторната хармонизација, финансиската инклузија, платните системи и усогласувањето со процесот на пристапување кон ЕУ, со посебен акцент на улогата на микрофинансиските институции и финтек решенијата во одржливиот развој и регионалната соработка.
Во своето обраќање, Јошевски ја нагласи потребата од создавање на стабилен и интегриран финансиски систем што ги надминува класичните регулаторни рамки, посочувајќи:
„Главниот предизвик не е само во пренесувањето на директивите на ЕУ во националното законодавство, туку во создавањето на целосен екосистем – таков што нè прави конкурентни, инклузивни и силни дома.“
Панелот поттикна значајна дискусија за иднината на финансиската регулатива во регионот и улогата на микрофинансиските институции во зајакнување на финансиската стабилност, транспарентност и дигитална трансформација.

Конференцијата Microbalkans 2025, поддржана во рамките на соработката со Европската унија, го обедини врвот на експертизата од Европа и Западен Балкан, создавајќи дијалог за унапредување на социјалните финансии, микрокредитирањето и финтек иновациите.
Присуството на Mint Fintech Group на овој настан уште еднаш ја потврди посветеноста на компанијата кон модернизација на финансискиот сектор во Македонија, создавање инклузивна економија и промовирање европски вредности во финансиските услуги.
Со своето учество, Јошевски ја зацврсти позицијата на Македонија како активен партнер во градењето на современ, конкурентен и одржлив финансиски екосистем, кој ја поврзува регионалната соработка со европските стандарди и отвора нови можности за раст и развој.
(ПР)
Економија
СДСМ: Инфлацијата зголемена на 4.5%, граѓаните скапо ги чинат промашените економски политики на власта
Инфлацијата повторно расте и во октомври достигна 4,5 проценти, спротивно на владините уверувања дека ќе се намали и под 3%, велат од СДСМ.
„Овој пораст е јасен показател дека економските политики на владата на ВМРО-ДПМНЕ се целосно промашени и без никаков резултат. Инфлацијата го јаде стандардот на граѓаните, ги јаде платите кои не се покачуваат туку стагнираат, цените на храната и основните производи растат, сметките се повисоки, граѓаните имаат се помалку пари во џебовите. Платите и пензиите заостануваат далеку зад растот на цените, граѓаните секојдневно плаќаат повисоки цени за леб, млеко, масло, лекови, за сметки а платите не мрдааат. За само година и половина ДПМНЕ донесе економска стагнација, раст на инфлацијата и пад на животниот стандард“, се наведува во соопштението.
Економија
Електродистрибуција го имплементира најновиот систем SIEMENS SCADA за дигитално управување со мрежа – Скопје
Во финална фаза на имплементација е најновиот SIEMENS SCADA систем за дигитално управување со среднонапонска и високонапонска мрежа, со што значително ќе се унапреди дигиталната трансформација и системите за далечинско управување и мониторинг, соопштија од компанијата.
Со помош на најновиот SCADA систем, како што е појаснето, ќе се оствари меѓусебно поврзување на диспечерските центри на ЕВН и МЕПСО со цел поквалитетно водење на целата електроенергетска мрежа во државата.
„Со инвестиција од еден милион евра, најсовремениот SCADA систем овозможува повисоко ниво на автоматизација, сигурност и оперативна контрола, што претставува клучен предуслов за ефикасна енергетска транзиција и поголема диверзификација на изворите на електрична енергија во земјата. Системот има особено значење во периоди кога сѐ поголем број фотонапонски централи се приклучуваат на дистрибутивната мрежа. Досега се регистрирани 2.963 нови приклучоци од обновливи извори, со вкупна инсталирана моќност од 860 MW, што во одредени ситуации може да претставува предизвик за стабилноста на енергетскиот систем. Со ваквите инвестиции во дигитализација на клучните процеси, Електродистрибуција обезбедува поквалитетни, доверливи и поефикасни услуги за своите корисници и ја зацврстува сигурноста и ефикасноста на мрежата, потврдувајќи ја својата заложба за модерна, транспарентна и дигитална енергетска инфраструктура“.

