Економија
(Видео) Зголемени средствата за реализација на 104 проекти за рамномерен регионален развој
Во буџетот за 2018 година за Програмата за рамномерен регионален развој детериниран е досега рекорден износ на средства, односно 57% поголем износ во однос на буџетот за 2017 година, рече заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, на денешната седница на Советот за рамномерен регионален развој. На седницата е одлучено да се распределат 280 милиони денари од Програмата за рамномерен регионален развој, наменети за реализација на 104 проекти со кои ќе се влијае на развојот на осумте региони на територијата на Република Македонија.
„За реализација на проекти за развој на осумте плански региони издвоени се 70% од вкупните средства од Програмата или 195,5 милиони денари, со кои ќе се поддржат 27 проекти. Дополнително, за проекти за специфични подрачја наменивме 20% од средствата или 56 милиони денари со кои ќе се поддржат 45 проекти, а за проекти за развој на селата, 10% или 28 милиони денари со кои ќе се реализират 32 проекти. Особено се важни средствата кои ги наменивме за развој на специфичните подрачја и развој на селата, за изработка на техничка документација за проекти со кои би аплицирале и на други места за да изнајдат средства за реализација“, посочи вицепремиерот.
Анѓушев потенцираше дека реализацијата на Програмата за рамномерен регионален развој не е единствен сегмент преку кој Владата работи на изедначување на условите за живот на македонските граѓани во пооделните региони.
„Целта на оваа влада е граѓаните на Македонија, каде и да живеат да имаат исти или приближни услови за живот, а не да се создаваат само неколку големи центри. Затоа, во соработка со Министерството за локална самоуправа и амбасадата на Швајцарија, подготвуваме софтвер преку кој ќе се мапираат вкупните инвестиции во пооделните региони. Интенцијата е капиталните инвестиции, предвидени во буџетот на Република Македонија, над 400 милиони евра, исто така да бидат распределени рамномерно, со тенденција да се насочуваат повисоки средства во понеразвиените региони, а исто така да се искористат средствата од ИПА-програмата за регионален економски развој, за која во тек е програмирање на средствата“, нагласи Анѓушев.
Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, посочи дека годинава од Центрите за развој на планските региони и од општините беа доставени апликации за финансирање на вкупно 137 проекти. Согласно со Законот, оценувањето и рангирањето на проектите е направено од Комисијата за оценување на проектите во чиј состав се претставници од Министерството за локална самоуправа, од Бирото за регионален развој и од Министерството за финансии.
„Најголемиот број проекти се инфраструктурни, она што во моментов им е најпотребно на граѓаните, како и подготовка на техничка документација за да можат планските региони да аплицираат за поголеми средства преку донаторски програми или преку ИПА-инструментот на Европската Унија. Со зголемувањето на средствата за рамномерен регионален развој за 100 милиони денари во буџетот за 2018 година, или конкретно за над 50 насто во однос на минатата година, Владата покажа силна политичка волја за посилна поддршка и стимулирање на локалниот и на рамномерниот регионален развој. Тенденција е секоја година обемот на средства да се зголемува, а преку воспоставување систем на коорданица и следење на алокацијата на средствата од различните секторски политики, да се влијае на нивната правилна распределба, според степенот на развиеност и реалните потреби на граѓаните“, нагласи министерот Фазлиу.
На седницата на Советот за рамномерен регионален развој учествуваа и Горан Сугарески, министер за транспорт и врски; Крешник Бектеши, министер за економија; Садула Дураку, министер за животна средина и просторно планирање; Љупчо Николовски, министер за змјоделство, шумарство и водостопанство; Роберт Алоѓозоски, министер за култура; Петре Шилегов, претседател на ЗЕЛС, како и градоначалниците на општините, претседатели на осумте плански региони во Република Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

