Контакт

Економија

(Видео) Зголемени средствата за реализација на 104 проекти за рамномерен регионален развој

Објавено пред

Во буџетот за 2018 година за Програмата за рамномерен регионален развој детериниран е досега рекорден износ на средства, односно 57% поголем износ во однос на буџетот за 2017 година, рече заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, на денешната седница на Советот за рамномерен регионален развој. На седницата е одлучено да се распределат 280 милиони денари од Програмата за рамномерен регионален развој, наменети за реализација на 104 проекти со кои ќе се влијае на развојот на осумте региони на територијата на Република Македонија.

dobivaj vesti na viber

„За реализација на проекти за развој на осумте плански региони издвоени се 70% од вкупните средства од Програмата или 195,5 милиони денари, со кои ќе се поддржат 27 проекти. Дополнително, за проекти за специфични подрачја наменивме 20% од средствата или 56 милиони денари со кои ќе се поддржат 45 проекти, а за проекти за развој на селата, 10% или 28 милиони денари со кои ќе се реализират 32 проекти. Особено се важни средствата кои ги наменивме за развој на специфичните подрачја и развој на селата, за изработка на техничка документација за проекти со кои би аплицирале и на други места за да изнајдат средства за реализација“, посочи вицепремиерот.

Анѓушев потенцираше дека реализацијата на Програмата за рамномерен регионален развој не е единствен сегмент преку кој Владата работи на изедначување на условите за живот на македонските граѓани во пооделните региони.

„Целта на оваа влада е граѓаните на Македонија, каде и да живеат да имаат исти или приближни услови за живот, а не да се создаваат само неколку големи центри. Затоа, во соработка со Министерството за локална самоуправа и амбасадата на Швајцарија, подготвуваме софтвер преку кој ќе се мапираат вкупните инвестиции во пооделните региони. Интенцијата е капиталните инвестиции, предвидени во буџетот на Република Македонија, над 400 милиони евра, исто така да бидат распределени рамномерно, со тенденција да се насочуваат повисоки средства во понеразвиените региони, а исто така да се искористат средствата од ИПА-програмата за регионален економски развој, за која во тек е програмирање на средствата“, нагласи Анѓушев.

Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, посочи дека годинава од Центрите за развој на планските региони и од општините беа доставени апликации за финансирање на вкупно 137 проекти. Согласно со Законот, оценувањето и рангирањето на проектите е направено од Комисијата за оценување на проектите во чиј состав се претставници од Министерството за локална самоуправа, од Бирото за регионален развој и од Министерството за финансии.

„Најголемиот број  проекти се инфраструктурни, она што во моментов им е најпотребно на граѓаните, како и подготовка на техничка документација за да можат планските региони да аплицираат за поголеми средства преку донаторски програми или преку ИПА-инструментот на Европската Унија. Со зголемувањето на средствата за рамномерен регионален развој за 100 милиони денари во буџетот за 2018 година, или конкретно за над 50 насто во однос на минатата година, Владата покажа силна политичка волја за посилна поддршка и стимулирање на локалниот и на рамномерниот регионален развој. Тенденција е секоја година обемот на средства да се зголемува, а преку воспоставување систем на коорданица и следење на алокацијата на средствата од различните секторски политики, да се влијае на нивната правилна распределба, според степенот на развиеност и реалните потреби на граѓаните“, нагласи министерот Фазлиу.

На седницата на Советот за рамномерен регионален развој учествуваа и Горан Сугарески, министер за транспорт и врски;  Крешник Бектеши, министер за економија; Садула Дураку, министер за животна средина и просторно планирање;  Љупчо Николовски, министер за змјоделство, шумарство и водостопанство;  Роберт Алоѓозоски, министер за култура;  Петре Шилегов, претседател на ЗЕЛС, како и градоначалниците на општините, претседатели на осумте плански региони во Република Македонија.

Економија

Нова ТВ-кампања на Tigo.mk: Немаш пари? Нема проблем!

Објавено пред

Пионерот и иноватор на термините “0% трошоци и бесплатен кредит” во финансиската терминологија, Tigo.mk, започна со нова маркетинг и ТВ кампања, каде повторно во фокусот е клиентот и решението на неговите потреби.

dobivaj vesti na viber

Мотивирана од различните животни ситуации, каде недостатокот на финансиски средства може да претставува предизвик во остварување на идеите и задоволување на потребите, кампањата на духовит и интересен начин ја пренесува понудата со која граѓаните, кои за првпат аплицираат за кредит во Tigo.mk, можат да ги ползуваат придобивките на кредит без трошоци, односно, колку клиентот зема – толку и враќа. Без никакви дополнителни трошоци, 0% камата и 0% провизии.

Се што треба граѓаните да направат е да ја посетат страницата на Tigo.mk или некоја од 29-те филијали ширум земјата и да аплицираат за кредит само со важечки документ за лична идентификација, без дополнителни процедури или жиранти. Одговор на бесплатната апликација за кредит се добива за само 30 секунди, а исплатата во готово во филијала се врши за само 15 минути. И тоа е сѐ! „Немаш пари? Нема проблем!“ Погледнете ја рекламата.

Тigo.mk, дел од Финмак ДОО, е водечки бренд во индустријата на небанкарски кредити, кој на македонските граѓани во изминатите, речиси 7 години, на одговорен и транспарентен начин, нуди пристап до финансии и обезбедува финансиска инклузија на неопслуженото население на пазарот.

До услугите на Tigo.mk клиентите можат едноставно да пристапат онлајн на www.tigo.mk или во некоја од нашите филијали ширум земјата, а аплицирањето и на обете места е подеднакво брзо и едноставно – одговор на апликацијата се добива за 30 секунди, a исплатата во кеш се врши за само 15 минути.

Повеќе информации за понудата и Tigo.mk се достапни на веб страницата www.tigo.mk, во било која Tigo.mk филијала или на телефонскиот број 13 700.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Економија

Биткоинот поскапе на 61.710 евра, инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст

Објавено пред

Биткоинот поскапе за 0,53 отсто на 61.710,57 евра денеска во 15:30 часот на најголемата светска берза за криптовалути Binance.

dobivaj vesti na viber

Вкупниот обем на тргување со биткоин во последните 24 часа изнесува 21,42 милијарди евра, што е значително повеќе од вчера.

Инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст на Биткоин.

Прикажи повеќе...

Економија

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,27 % во однос на одлуката од 16.5.2024 година.

dobivaj vesti na viber

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 1,601 %, кај дизелот 0,751 %, кај екстра-лесното масло 1,310 % и кај „мазутот“ намалувањето е 2,450 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,368 %.

Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се намалува 1,50 денар/л.

Малопродажните цени на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98, како и на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат 1,00 денар/л.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува 0,306 денари/кг и сега ќе изнесува 42,629 денара/кг.

„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00.01 часот на 21.5.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од РКЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

(Видео) Поплавувања и штети од пороен дожд и град во Куманово, Старо Нагоричане и Липково, се очекува зголемување на водостојот на Лепенец

Центарот за управување со кризи информира дека заради локалните врнежи на дожд има пријави за поплавувања и штети од град...

Македонија6 часа

Осомничениот за двојното убиство Љупчо Палевски – Палчо, спроведен во Кривичниот суд: одреден му е притвор од 30 дена

Осомничениот за двојното убиство во Скопје и Велес од ноември минатата година, Љ.П. кој на 15.05.2024 година беше екстрадиран од...

Македонија6 часа

30-дневен притвор за судијата Наќе Георгиев

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал...

Македонија7 часа

Одземање на пасошот и мерки за претпазливост за Иџет Мемети, бара Обвинителството

Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до судијата на претходна постапка при Основниот...

Македонија10 часа

Иљази им забрани на докторите од Токсикологија да даваат изјави за медиумите

Економската директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Иљази, им забрани на вработените на Клиниката за токсикологија да даваат медиумиски изјави...

Македонија11 часа

Повеќе од 100 отсто зголемен бројот на претставки за дискриминација во 2023 година, Комисијата се жали на ограничен буџет и малкумина вработени

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација минатата година добила двојно повеќе претставки во однос на 2022 година. Денес, Комисијата...

Топ11 часа

Загина маж во Кичевско: со возилото излетал од патот

Вчера во 13.00 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат А2, кај с.Трапчин Дол, кичевско, патничко возило...

Топ12 часа

Тело на маж извлечено од Вардар кај Камениот мост – засега не е познат неговиот идентитет

Вчера, околу 20 часот, тело на машко лице било забележано од водите на реката Вардар во Скопје. Според изјавите на...

Македонија12 часа

Одземен имунитетот на судијата Наќе Георгиев, Обвинителството отвори истрага и против Мемети, но за него не се бара притвор

Обвинителството отвори истрага за врховниот судија Наќе Георгиев и за членот на Советот на јавните обвинители, Иџет Мемети, кои се...

Македонија13 часа

МВР утврди неправилности: забавниот парк со панорамско тркало во Карпош ќе биде отстранет

Постапувајќи по допрен глас дека во Скопје, на подрачјето на општина Карпош, поточно пред спортскиот центар „Борис Трајковски“, без соодветни...

Свет13 часа

Франција го поддржува Хаг во повикот за налог за апсење на Нетанјаху

Министерството за надворешни работи на Франција соопшти дека ја поддржува независноста на Меѓународниот кривичен суд и неговата борба против неказнивоста...

Македонија13 часа

Претрес и кај Иџет Мемети во случајот со барањето поткуп

Синоќа, по наредба на судија на претходна постапка, извршен е претрес во домот на членот на Советот на јавните обвинители,...

Свет14 часа

Најмоќната серија земјотреси во последните 40 години: јужна Италија за пет часа регистрира 150 потреси

Речиси 150 земјотреси, најсилни во последните 40 години, се регистрирани вчеравечер и утринава на полињата Флегра во близина на Неапол...

Свет15 часа

Едно лице загина во напад со украинско беспилотно летало во регионот на Белгород

Една жена загина, а три лица се повредени во напад со дрон на Вооружените сили на Украина врз автомобил во...

Свет15 часа

Најмалку 10 лица повредени од удар на гром во Дрезден

Најмалку десет лица се повредени, од кои четворица потешко, во удар на гром за време на краткото, но силно невреме...

Свет15 часа

Во Полска уапсени девет лица за акти на саботажа во име на Русија

Полскиот премиер Доналд Туск соопшти дека полицијата уапсила девет лица кои извршиле саботажа во Полска за услугите на Русија. „Во...

Македонија1 ден

Уапсен врховен судија поради сомненија за примање поткуп

Врховниот судија Наке Георгиев е уапсен поради сомнеж за примање поткуп. „Денеска 20 мај, лишен од слобода е судија од...

Свет1 ден

Нови детали за трагедијата во Иран: технички дефект е причина за падот на хеликоптерот, јавуваат иранските медиуми

Причината за падот на хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ебрахим Раиси е технички дефект на леталото, јавува иранската...

Топ1 ден

За пари, син со нож му се заканувал на таткото во Велешко

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против лице од селото Раштани за кое постои сомнение дека сторило кривично дело загрозување...

Македонија1 ден

Шверцувале мигранти од Босна и Херцеговина во Хрватска: на цариниците им плаќале по 1.500 евра

По спроведена истрага, УСКОК поднесе обвинение пред судот во Осиек против групата, во која беа вклучени двајца царински службеници, осомничени...