Економија
(Видео) Калеска-Ванчева: СДСМ го поддржува Синдикатот и се бори за работничките права
Денеска во Собранието на Република Северна Македонија, пратеничката група на СДСМ и коалицијата оствари средба со претставници на Сојузот на синдикати на Македонија. Средбата беше остварена на нивно барање на која што поразговаравме за три клучни барања коишто тие ги имаат и за коишто се залагаат. Всушност, можам да кажам дека ние како СДСМ заедно со коалицијата секогаш сме ги поддржувале и ќе ги поддржуваме работничките права, истакна Снежана Калеска – Ванчева, пратеничка на СДСМ.
„Покрај сите опструкции коишто ги имавме од опозицијата и тука најмногу можам да кажам ВМРО-ДПМНЕ, успеавме со новото парламентарно мнозинство во петокот во второ читање да ги поминеме измените за Законот за работни односи и конечно да овозможиме од први јануари недела да биде неработен ден. Всушност, ова беше едно од клучните барања и веќе им соопштивме на средбата на претставниците на Синдикатот дека тие барања можат да сметаат дека се веќе исполнети. Она што се однесува до второто барање околу минималната плата и зголемувањето на минималната плата повторно ќе кажам дека и тука парламентарното мнозинство апсолутно ги разбира барањата и ги поддржува“, напомена таа.
„Нивното барање секако дека ќе биде разгледано, нивните предлози да тоа биде регуларано како процентуален износ од 60 проценти од просечната плата значи да го следи растот на просечната плата, ќе биде сериозно разгледано имајки ја во предвид определбата, платформата, но и програата на Владата за минималната плата до крајот на овој мандат да биде 20.000 денари“, додаде пратеничката на СДСМ.
Таа е уверена дека ќе се изнајде оптимално решение имајќи ги во предвид пред се потребите на работниците, социјалноекономскиот статус, но и она што значи енергетска криза, економска криза, пандемиска криза, сите овие аспекти ќе бидат земени во предвид и верувам, потенцира Калеска – Ванчева, дека ќе се најде вистинското решение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Исплатени се 338.468.141 денари кон 9.567 овоштари
Извршена е исплата во износ од 338.468.141 денари кон 9.567 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Истата е реализирана согласно Мерка 1.6 – директни плаќања по обработлива површина за одржување на постоечки овошни насади, со што се обезбедува континуирана поддршка за одржување и унапредување на овоштарското производство.
Економија
Отворен Економскиот бизнис форум помеѓу Северна Македонија и Словачка
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје, заедно со министерот за финансии на Словачката Република, Ладислав Каменицки, го отвори Економскиот бизнис форум помеѓу Република Северна Македонија и Словачката Република, на кој присуствуваа голем број домашни и словачки компании.
„Настанот, организиран од двете министерства со вклученост на повеќе економски институции, беше одлично посетен од претставници на стопанските комори и бизнис-заедницата. Присутните имаа можност за директни средби и вмрежување со словачките компании од секторите енергетика, градежништво, здравство и медицина, туризам, ИКТ, трговија и други услужни дејности“, соопштија од Министерството.
Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека форумот претставува потврда не само на политичката блискост меѓу двете држави, туку и на заедничката верба во силата на економското партнерство.
„Економската дипломатија не е дополнување на надворешната политика – таа е нејзино јадро. Силните политички односи мора да бидат придружени со силни економски темели“, нагласи Муцунски, изразувајќи благодарност до словачките партнери и компании за нивното присуство, кое, како што посочи, претставува знак на доверба.
Тој истакна дека Северна Македонија нуди стабилност, отвореност и предвидливост како основа за инвестирање, при што континуираното усогласување со европското законодавство претставува заложба за транспарентност и правна сигурност. Посебно ги нагласи потенцијалите во автомобилската индустрија, производството на компоненти, ИКТ-секторот, обновливите извори на енергија и агробизнисот.
Министерот посочи дека достигнувањата на Словачка во автомобилското производство, иновациите и енергетската транзиција создаваат природна основа за продлабочување на партнерството преку заеднички инвестиции, интеграција на синџирите на снабдување и трансфер на технологии.
Во рамки на форумот беше потпишан и Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Северна Македонија и словачката агенција SARIO, со што се отвора дополнителен простор за директна институционална соработка и заедничка промоција на економските потенцијали.
Муцунски истакна дека Владата останува цврсто посветена на поддршка на бизнис-заедницата преку дипломатската мрежа, институциите за промоција на инвестиции и механизмите за олеснување на трговијата, со цел идентификување нови можности и отстранување на административните пречки.
Форумот, како што беше оценето, претставува конкретен чекор кон продлабочување на економската соработка и создавање нови можности за инвестиции, иновации и одржлив раст во интерес на двете држави.
Економија
Компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска со донација за погодените семејства од поплавите во Кичево
По поплавите во Кичево што доведоа до евакуација на околу 250 луѓе од 63 домаќинства, компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска уште еднаш ја потврдија својата општествена одговорност преку донација на средства за лична хигиена за лицата кои се привремено згрижени во градската спортска сала „Христо Узунов“.

Пакетите, кои содржат основни производи за секојдневна хигиена, како и вода и храна се наменети за најзагрозените домаќинства со цел да им помогнат полесно да се справат со последиците од природната непогода.


Со оваа хуманитарна иницијатива, компанијата испраќа силна порака за солидарност и поддршка во моменти кога заедништвото е најпотребно, останувајќи доследна на својата општествено одговорна мисија.
(ПР)

