Економија
(Видео) Колева: Раст на извозот од 15,5 отсто во јануари

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во јануари 2021 година бележи пораст од 15,5 отсто во однос на истиот период од 2020 година, соопшти Даниела Колева, пратеничка на СДСМ.
Истовремено, додаде таа, во овој месец забележана е досега највисоката покриеност на увозот со извоз со стапка од 84,7 отсто.
„Според вкупниот обем на надворешно трговската размена, Република Северна Македонија во јануари оваа година најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Кина и Грција. Овие податоци се дополнителен поттик за македонската економија и враќање на претходните стапки на економски раст. Ова, е дополнителен мотив поддршката за домашното стопанство да продолжи и дополнително да се интензивира“, рече Колева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,32 % во однос на одлуката од 21.7.2025 година.
Од 29.7.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 70,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 39,412 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,746 ден/кг и сега ќе изнесува 39,412 ден/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,449%, кај дизелот за 1,961%, кај екстра лесното масло за 1,301% и кај мазутот намалувањето е за 2,017%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,489%.
Економија
Владата ветува дека за околу 2,5 милиони евра ќе се зголеми буџетот за поддршка на мали бизниси

Министерството за економија и труд бара, а Владата ќе го зголеми буџетот за поддршка на бизнисите при самовработување. За околу 2,5 милиона евра ќе се зголеми буџетот за поддршка на мали бизниси, изјави во Прилеп Марјан Ристески, заменик-министер за екномија и труд.
За проектите за самовработување од пет, буџетот ќе се зголеми на 7,5 милиона евра. Ова зашто е огромен интересот на трите огласи на Агенцијата за вработување за најатрактивната мерка во обемниот оперативен план за вработување со кој се опфатени 40 проценти млади луѓе. На огласите има околу 6 000 пријави. Наместо 1.750, државата ќе поддржи 2.600 лица кои ќе почнат свој бизнис, најави Ристески. Министерството за економија и труд на наредната владина седница ќе побара уште пари.
-Според тоа, како Министерство, како предлог, заедно со АВРМ побаравме и очекуваме од Владата прелокација на финансиски средства на наредната владина седница. Очекуваме да се издвојат нови 300 милиони денари кои ќе бидат употребени за оваа најатрактивна мерка, мерката за самовработување. Со тоа бројката би се зголемила на 2 600 лица кои би отвориле сопствен бизнис, претежно млади луѓе до 29 години, но ќе ги опфати и сите активни баратели на работа и над 29 години. Да напоменам дека оваа мерка ќе биде поддржана и со плус 160 милиони денари кои се обезбедени со ребалансот на буџетот. Или, вкупно, овие мерки ќе бидат поддржани со зголемен буџет од над 7,5 милиона евра, изјави Ристески.
Што се однесува до потрошувачката кошничка и нејзиното пресметување, како точка ќе се најде на дневен ред на Економско-социјалниот совет (ЕСС). Од тоа ќе зависи какви мерки ќе преземе Владата. Ристески се надева дека ЕСС ќе биде свикан до крајот на наредната недела.
-Досега интензивно работеше комисијата за одредување на репрезентативност, формирана пред неколку месеци. Меѓуртоа, поради летните одмори, малку беше пролонгирано, но е завршено броењето од синдикатите кои треба да добијат реперзентативност во текот на овој период и се надевам дека до крајот на наредната недела, ќе биде официјално свикан Економско-социјалниот совет со дневен ред. Една од дискусиите ќе биде стапката на инфлација, заштита на животниот стандард и можноста дали и понатаму ќе се одредуваат нови мерки или не. Ние ја следиме ситуацијата и сето тоа ќе биде и сето што ќе биде донесено ќе биде во договор на сите страни кои учествуваат во Економско-социјалниот совет, односно со еден заеднички трипартитен договор, изјави Ристески.
Економија
Исплатени 99.743.746,00 денари кон 1.865 лица за предадени јаболка

Денеска се исплатија 99.743.746,00 денари кон 1.865 лица од подмерка 1.9 за јаболка предадени кај регистрирани откупувачи или регистрирани преработувачки капацитети, од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, извести Министерството за земјоделство.
Од таму најавуваат дека продолжува поддршката кон производителите на јаболка.