Економија
(Видео) Костадинов: Буџетот за 2021 е скроен за да одговори на економските и здравствените предизвици
Предлог-буџетот за 2021 година подготвен од Владата предводена од СДСМ е во насока на уште посилна поддршка на здравствениот систем и засилена помош за домашната македонска економија, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
„Тоа се гледа и во расходната страна и распределбата на средства на буџетот по функционални области каде што за економски работи се обезбедени 70,2 милијарди денари; За здравство 40,8 милијарди денари; Заштита на животна средина 1,4 милијарди денари; Образование 28,6 милијарди денари; Социјална заштита 90,28 милијарда; Одбрана 9,92 милијарди денари, Јавен ред и мир 17,2 милијарди денари. Со предвидените 90,28 милијарди денари за социјална заштита и 70,2 милијарди денари за економски ставки, Владата предводена од СДСМ праќа јасна порака дека помошта за економијата, помошта за спас на работните места и поддршка на најранливите категории продолжува уште повеќе и уште подобро“, рече Костадинов.
Вака скроениот буџет за 2021 година, додаде тој, е во насока да одговори и на здравствените и на економските предизвици од корона-кризата, но истовремено нуди можности за брз рестарт на македонската економија.
„Стопанството, работниците, синдикатите, здравствените работници, но и сите граѓани, треба да бидат сигурни дека државата е тука за да им се најде, да им помогне во справување со последиците од кризата“, рече Костадинов.
Тој кажа дека спас на работните места, вложување во здравството, помош на погодените од корона-кризата се приоритетните заложби во предлог-буџетот за 2021 година.
„Очекуваме низ отворена, конструктивна дебата во Собранието, тој да биде донесен за последиците од коронакризаната брзо да се надминат“, рече портпаролот на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

