Економија
(Видео) Милошоски: На десетици илјади граѓани им се заканува отпуштање, власта да ги прифати мерките на ВМРО-ДПМНЕ
Сметаме дека ситуацијата е алармантна и дека Владата не треба да чека да има отпуштања и крахирања фирми, а потоа да реагира, туку треба навреме да реагира за да не се случуваат вакви дополнителни отпуштања и затворања претпријатија, изјави Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Автомобилската индустрија во Европа гледаме дека е во сериозна криза поради состојбата со коронавирусот, а тоа почнува да се одразува и кај странските инвестиции што работат во Македонија, но се одрзаува и кај домашните стопанственици – мали, средни и големи претпријатија, кои се нераскинлив дел од економијата или се поврзани со странските инвестиции. Ова значи дека во моментот на десетици илјади граѓани во Македонија им се заканува отпуштање од работа доколку нема навремен и ефикасен план за справување со оваа економска криза, која исто така е опасна колку што е опасна кризата до вирусот корона. Владата мора да ја сфати сериозноста на оваа ситуација и да реагира веднаш, без одлагање, и сметаме дека тандемот Нина Ангеловска, министер за финансии, и Мила Царовска, вицепремиер за економски прашања, досега нема соодветен план за да реагира навремено да не се случуваат вакви отпуштања“, рече тој.
Доколку вВладата нема капацитет, додаде Милошоски, би било многу поодговорно да ги побара најдобрите двајца економисти од стопанските комори, да ги побара најдобрите двајца економисти од факултетите, да ги побара од опозицијата, од други политички партии, секој да помогне да се направи итен план за оваа пандемија, која го зафаќа здравјето на граѓаните, да не биде и пандемија што ќе значи и колапс на економијата.
Според него, мерките што ги промовирала вВладата од пет милиони евра директна поддршка се слично како да лекувате коронавирус со чај и лук.
„Апелираме до СДСМ и до Зоран Заев и до неговите претставници во Владата – Нина Ангеловска и Мила Царовска, сериозно да ги разгледаат и по можност да ги прифатат мерките што ги нуди економскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Милошоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

