Економија
(Видео) Мицкоски: Главниот удар врз народот се инфлацијата, ниските плати и високите цени
Иднината во која веруваме мора да дојде преку промени. Длабоки и брзи, затоа што реалноста станува се потешка и потешка од ден на ден. Главниот удар врз народот се инфлацијата, ниските плати, а високите цени на производи. И сите оние од власта кои велеа дека покачувањето на цената на струјата било симболично и дека го спасиле народот од огромно покачување, и затоа треба да бидат среќни и задоволни од постојното, нека ги прашаат домаќинствата, нека ги прашаат граѓаните кои ја добија сметката за струја за последниот месец. Ако плаќале 8 илјади денари минатиот месец, овој месец таа изнесува повеќе од 14 илјади денари. Ако плаќале 6 илјади денари, таа сега е повеќе 9 илјади денари. И не е само струјата за домаќинствата, поради негрижата на владата можно е покачување и на цената на водата, затоа што повисоката цена на струја предизвика зголемени трошоци за снабдување на водата која неминовно може да доведе до покачување на нејзината цена која на крајот повторно поради неспособната Влада ќе ја плати народот“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при своето денешно обраќање на регионалниот отчет на градоначалниците во Битола насловен „Промени што носат иднина – 100 дена локална власт, отчет на ВМРО-ДПМНЕ“.
Мицкоски запраша а, што прави владата? Владата глуми преговори со некои здруженија, новоформирани организации и симулира социјален и економски дијалог, во исто време кога во Собранието директно ги одбива предлозите за покачување на пензиите на пензионерите, платите на наставниците и останатите вработени во јавниот сектор. И симулирајќи некакви наводни преговори со наклонетите здруженија по некоја недела ќе се прочита постигнат е договор за некакви банални барања во кои ќе се има гол популизам, но не и вистинско решение.
„Во Собранието се расправа за измени на законот за наставници, закон кој не предвидува зголемување на платите туку давање на можноста за нова партизација, во исто време кога пред некој ден го одбија предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за усогласување на платите и нивниот раст, правеа обид за повторна партизација на образованието. Затоа еве од овде, од Битола, од градот на конзулите, ја повикувам Владата да го прифати покачувањето на пензиите и платите кое го предлагаме, а ВМРО-ДПМНЕ јавно ќе го пофали таквиот чекор и ќе се откажеме од сите наши заслуги, ние не сме важни, ниту јас, ниту пратеничката група, ниту од крајот на денот ВМРО-ДПМНЕ бидејќи народот е важен. Ова наше барање не е поради популизам туку поради вистинската грижа за народот, само да им се помогне на граѓаните. Затоа предлагаме еве нека ги прифатат сите измени кои што ги предлагаме и за пензионерите, и за вработените во јавниот сектор, и за вработените во градинките, и во основните и во средните училишта, и на универзитетите, и нека ги земат слободно сите заслуги, нека биде тоа Бујар Османи, нека биде Али Ахмети, нека биде Артан Груби, нека биде Крешник Бектеши, нека биде администраторот Ковачевски заслужен, само нека работат во корист на народот и за интересите на народот“, нагласи Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)

