Економија
(Видео) Мицкоски најави голема странска инвестиција во Битола
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, им се заблагодари на битолчани за големиот успех во првиот круг, за мнозинството советници во Советот на Општина Битола коишто доаѓаат од коалицијата за „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ освоило најголем број гласови во Советот на Општина Битола.
„ ВМРО-ДПМНЕ победи во првиот круг овде, во Битола, и во трката за градоначалник, Тони Коњановски победи во првиот круг и ќе победи во вториот круг за тоа што на битолчани им е преку глава веќе од лаги, криминал, предавства, од корупција, од неуспеси во здравството, од нереформирано образование, од сето она што се случуваше изминативе 52 месеци во Македонија, но и сето она што се случуваше изминативе четири години овде, во Битола“ рече Мицкоски.
Тој најави дека работат на голема странска инвестиција во индустриската зона „Жабени“.
„ Ќе ве молам да оставите на времето да покаже која ќе биде таа голема странска инвестиција, којашто во наредниот период ќе дојде и ќе инвестира во Битола. Да не бидеме како тоа што го правеше Зоран Заев и Владата на СДСМ, лиферувајќи имиња од типот на голем германски инвеститор во автомобилската индустрија, па Фејсбук, па Гугл, па последно на едно наше заедничко соочување ИКЕА ја споменуваше, и уште ред други имиња. Не би сакал да наликувам на човек што споменува имиња бидејќи и самите тие нормално дека не би сакале да се открие тоа име“, истакна тој.
Мицкоски додаде дека во периодот што следи идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и идниот градоначалник Тони Коњановски ќе донеселе голема странска, мултинационална компанија што ќе инвестира и ќе обезбеди во почеток неколку стотици, а во подоцнежна фаза и повеќе од неколку илјади нови работни места овде за Битола и за битолчани, и за Пелагонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

