Економија
(Видео) Николовски: Ниту една обработлива површина не смее и нема да остане незасадена
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, одржа состанок со потсекторската група за уредување на пазарот на жита, во која членуваат претставници од секторите од МЗШВ, од земјоделските здруженија, стопанските комори, Факултетот за земјоделски науки и храна, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.
На состанокот се дискутира за ефектите од актуелните мерки за поддршка на производството на полјоделските култури, но и идните мерки што ќе се преземаат за зголемување на површините и производството на стратешките земјоделски култури.
„Наша обврска како министерство е во овие критични околности да бидеме секојдневно во координација и на терен со земјоделците. Да бидеме подготвени и да понудиме решенија за сите проблеми со кои се соочуваат. Токму овие редовни состаноци со посекторската група за жито ја имаат таа цел. Заедно креиравме мерки во интервентниот фонд во вредност од 400 милиони денари. Земјоделците со овие интервентни мерки добиваат 40 % дополнителна помош за набавка на вештачко ѓубриво за пченка и пченица, како и 2.500 денари од хектар за сочоглед и јачмен. Се грижиме секој земјоделец да има помали трошоци и одржливо производство. Храна и житни култури мора да има. Ниту една обработлива површина не смее и нема да остане незасадена. Ѓубриво за сеидба и потхрана ќе има, субвенциите и интервентниот план се во функција на земјоделците. Секој земјоделец добива досега рекордна поддршка и субвенција. Тоа е поддршка за секој земјоделец“, рече министерот Николовски.
Министерот Николовски посочи дека интервентниот фонд до крајот на годината ќе се проширува со нови мерки и планирано е да достигне 600 милиони денари до крајот на годината, пари со кои ќе им се помогне на земјоделците да имаат помали трошоци и ќе се мотивираат да ги зголемат површините со пченица, пченка, јачмен и сончоглед.
„Ги мотивираме земјоделците да го зголемат приносот со дополнителни речиси 100 евра од хектар. Наша цел е да го зголемиме домашното производство и да овозможиме намалување на увозната зависност на дел од овие култури. Дополнително, сакаме домашното производство, кое сега го помагаме, пред сѐ, да биде искористено од домашните преработувачки капацитети. Подготвуваме и јавен повик со кои дополнително 6.000 хектари државно земјоделско земјиште им го ставаме на располагање на земјоделците токму за производство на житни култури“, изјави министерот Николовски.
Претседателот на Асоцијацијата на земјоделците, Петре Стојкоски, изјави дека донесените интервентни мерки значително ќе им помогнат на земјоделците за одржливост и зголемување на производството.
„Останува ние како земјоделци да го зголемиме нашето производство, да станеме независни од увоз на сите зрнести производи – пченица, пченка, соноглед и друго. Според нашите сознанија за оваа година, бидејќи имаме уште доволно време за садење сончоглед, мислам дека најмалку 20 % ќе биде зголемено производството на сончоглед, затоа што субвенцијата што ќе ја добиваме по 100 евра од хектар ќе значи поголема надеж за поголеми килограми од хектар“, рече Стојковски.
Стеванче Јордановски од Националната федерација на фармерите, изјави дека посочените предлози се прифатени од МЗШВ и сега земјоделците треба да ги искористат сите донесени мерки.
„Сега треба да се искористат дополнителните мерки од интервентниот фонд, да се направат сите агротехнички мерки, да се направи прихраната, да се искористи можноста и да се искористат овие дополнителни мерки. Секако дека се надеваме оти овие мерки ќе влијаат позитивно, ќе се зголеми производството на пченица и другите житни култури“, изјави Јордановски.
Министерот Николовски посочи дека и понатаму ќе се следи состојбата, ќе се преземаат соодветни мерки за зголемување на домашното производство и ги повика земјоделците да ги искористат сите дополни мерки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
ФЕРОИНВЕСТ ги отвора своите електрани: Инвеститорите поканети да се уверат како изгледа функционален батериски систем
Со зголемениот интерес за батериски системи кај фотонапонските електрани, сè почесто се појавуваат сериозни проблеми поврзани со нивната имплементација. Дел од инвеститорите купуваат батериски системи кои воопшто не можат да се инсталираат бидејќи не се соодветни за македонскиот пазар и мрежа, додека во други случаи батериите се инсталираат, но поради недостаток на искуство и несоодветна опрема за програмирање на истите, тие никогаш не се пуштаат во комерцијална работа.
Тоа значи дека наместо батерискиот систем да носи поголеми приходи и заштеди, тој прави загуби.
Батерискиот систем не е обична батерија ниту опрема што може лесно да се приклучи. За разлика од фотонапонските електрани кои се релативно едноставни во својата имплементација и работа, батериските системи се сложен енергетски објект кој мора правилно да се проектира, софтверски да се интегрира, и да се усогласи со мрежните правила, регулативите и пазарните механизми.
ЗОШТО Е ВАЖНО ДА СЕ РАБОТИ СО ИСКУСЕН ПАРТНЕР?
ФЕРОИНВЕСТ нуди два типа проверени батериски системи:
· Кабинетски батерии
· Контејнерски батериски системи
Овие системи: ✔ со години совршено функционираат во Европа, со вкупен инсталиран капацитет од над 3.000 MWh.
✔ совршено функционираат и во Македонија, со вкупен инсталиран капацитет над 20MWh.
РЕАЛНИ, ФУНКЦИОНАЛНИ ПРИМЕРИ ВО МАКЕДОНИЈА
За разлика од многу теоретски решенија, батериските системи на ФЕРОИНВЕСТ се реално поставени, поврзани на мрежа, стекнати со сите дозволи, и веќе подолг период работат и се дел од комерцијална експлоатација без никаква техничка или административна пречка.

Дел од електраните на кои ФЕРОИНВЕСТ има поставено батериски систем кој веќе функционира се:
📍 Фотонапонска електрана Гиновци – 6,1 MWh/2,6MW, о. Ранковце, Крива Паланка
📍 Фотонапонска електрана Тркање – 10,5MWh/4,5MW, Кочани
Ги покануваме сите заинтересирани инвеститори лично да ги посетат локациите и од прва рака да се уверат во функционалноста, стабилноста и ефектите од правилно имплементиран батериски систем.
КОМПЛЕТНА УСЛУГА – ОД ИДЕЈА ДО ПРИХОДИ
ФЕРОИНВЕСТ нуди целосно заокружено решение, кое опфаќа:
· изработка на бизнис план (физибилити студија) за финансирање
· проектирање на батерискиот систем
· испорака на батерискиот систем и негово поставување на терен
· пуштање на батеријата во работа
· програмирање на батеријата и оптимизација на приходите и заштедите
· 24/7 мониторинг на батерискиот систем
· одржување на батерискиот систем
· приклучување во нашата балансна група
· откуп и пласман на произведената и складираната електрична енергија
ПОРАКА ДО ИНВЕСТИТОРИТЕ
Ако сакате батериски систем што навистина ќе работи, што носи техничка и финансиска сигурност, и оптимален поврат на инвестицијата –ФЕРОИНВЕСТ има реални проекти, реално искуство и докажани резултати.

За повеќе информации и закажување посета на активните локации со батерии на електраните на ФЕРОИНВЕСТ:
02/5122 809
075 277 354
ПР
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.

