Економија
(Видео) Николовски: 7,7 милиони евра инвестиции преку ИПАРД 2 за развој на руралните средини
Во рамки на мерката Диверзификација на фарми и развој на бизниси од ИПАРД 2-програмата, денеска се склучија првите 24 договори, чија инвестиција изнесува 7,7 милиони евра, информираат од Министерството за земјоделство.
Од таму додаваат дека во овие 24 договори вклучени се проекти за изградба на фотонапонска централа, набавување опрема за ветеринарна станица, опрема за производство на сокови, за пчеларство, изградба на објект за преработка на метал, за производство на мебел, изградба на рибник и изградба на објект за производство на саден материјал за повеќегодишни растенија.
Исто така, во рамки на овие договори се овозможува поддршка за изградба и опремување објекти и сместувачки капацитети за рурален туризам, изградба на објект за производство на медицински помагала, како и изградба на дом за стари лица.
„Сите овие типови на инвестиции се наменети за руралните средини, односно селата и тука спаѓаат инвестиции во мали преработувачки капацитети, во рурален туризам, производство на сточна храна и ѓубриво, отворање градинки, старечки домови, кина во селата, капацитети за сместување и друго. Поточно со еден збор, оваа мерка е важна за поттикнување на агробизнисти во руралните средини кои ја поттикнуваат економската активност, а истовремено ќе ги подобрат условите за живот во руралните средини“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Никиловски.
Мерката Диверзификација на фарми и развој на бизниси има широка примена и нуди поддршка за кофинансирање на најразлични инвестиции во земјоделството.
„Овие инвестиции кои ќе бидат реализирани во главните подрачја се добар показател дека Владата, Агенцијата, министерството максимално се грижиме за граѓаните да останат покрај своите огништа, тука да ги почнат своите бизниси. И исто така ова покажува дека ИПАРД-програмата е една успешна приказна. Докажавме дека средствата кога наменски се користат и доаѓаат до вистинските земјоделци секогаш даваат резултати“, истакна директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски.
Од првиот јавен повик МЗШВ одобри 930 проекти со финансиска поддршка од околу 18 милиони. Добар дел од овие средства кај реализираните проекти се веќе исплатени. Поточно, до денеска до Платежната агенција има доставено 589 барања за исплата на завршени инвестиции со кои се побарува за кофинансирање близу 5 милиони евра. Од овие 589 барања, за 129 инвестиции се веќе исплатени 1,5 милиони евра, објаснуваат од надлежното министерство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

