Економија
(Видео) Петрушевски: ОТА е во центарот на шпионски скандал, набавила софтвер кој е проблематичен и за НАТО

Владата преку ОТА набавила опрема за следење на комуникациите за која нема законска рамка. За нашите индиции и сомнежи дека власта може нелегално да следи 2 милиоаи граѓани го известивме Јавното обвинителство, а реакција уште нема, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
„Деновиве повторно гледаме дека ОТА е вмешана во сомнителна шема и можна злоупотреба на ингеренциите при следење на граѓаните.
Од новинарско истражување на грчкото ‘Инсајд стори’ и македонската ИРЛ дознаваме дека ОТА уште во 2020 година купила шпионски софтвер за следење на интернет-комуникацијата на граѓаните, наречен ‘Предатор’. Според истражувањето, новинарите тврдат дека шпионскиот софтвер е набавен како од македонската ОТА така и од грчката служба.
Во истражувањето се наведува дополнително дека македонската и грчката служба имале неколку средби по што во 2022 година направиле и нацрт-договор за соработка и размена на класифицирани и некласифицирани информации, кои произлегуваат од следењето на податоците, а врховно одговорен за ова е Димитар Ковачевски, кој како премиер е одговорен за координирање на овие служби“, вели Петрушевски.
До потпишување на договорот, според Петрушевски, не дошло само поради шпионската афера, која ја потресла Грција, во која беа обелодените информации дека нелегално се следени политичари и други јавни личности.
„Овој софтвер, кој го поседува ОТА, е проблематичен и за самиот НАТО. Неговото користење е потенцијална закана за нелегално следење илјадници граѓани и нивната интернет-комуникација. Уште еднаш го повикуваме ЈО да постапи по нашите барања, а дополнително на тоа да постапи и по најновите индиции за можна шпионска афера со софтверот за следење ‘Предатор’“, порача тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Скенирањето сметки на апликацијата „МојДДВ“ е со прекини, УЈП извести за технички проблеми

Управата за јавни приходи извести дека мобилната апликација „МојДДВ“ во моментов работи со прекини. Тимот на УЈП интензивно работи на отстранување на проблемот, со цел апликацијата да биде целосно функционална.
„Ги информираме корисниците дека, согласно член 6 од Законот за враќање на дел од износот на ДДВ на физичките лица, фискалните сметки можат да се скенираат во рок од 10 дена од датумот на нивното издавање. Тоа значи дека сите сметки, кои се во рамки на овој рок, ќе можат да бидат скенирани веднаш штом апликацијата повторно биде ставена во функција. Ги молиме сите корисници за трпеливост и разбирање. Тимот на Управата за јавни приходи е целосно ангажиран и работи на надминување на техничките пречки“, соопшти Управата за јавни приходи.
Од таму не откриваат за какви технички проблеми се работи, ниту пак кога очекуваат да бидат надминати.
Економија
Мицкоски најави нова инвестиција во Штип

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на најавата на директорот на Технолошко-индустриските развојни зони за 4 нови странски инвестиции, изјави:
„Во текот на вчерашниот ден, во разговор со директорот, имаме добра вест, нова инвестиција, потврдена во индустриската зона во Штип. Фабрика којашто ќе вработи до 150 луѓе. Фабрика којашто ќе инвестира некаде околу 35 милиони евра. Којашто во својот пик за три години од денес ќе извезува 300 милиони евра коишто ќе влезат во Бруто домашниот производ и ќе произведува батерии и тоа е добро. И тоа е добро, а за сите овие други, да имаме и потврди и полека ќе ги објавуваме. Ова е веќе договорено со инвеститорот и заради тоа го кажав, инаку фабриката е од земја од Европска Унија, да немаме дилема.“
Економија
Дизелот поевтинува за 2,5 денари

Од ноќеска на полноќ дизелот ќе поевтини за 2,5 денари, додека цените на бензините остануваат исти, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Од 28.6.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 77,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 79,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 70,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 72,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 40,188 (денари/килограм)
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,499 ден/кг.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат.