Економија
(Видео) Почна со работа управувачкиот комитет помеѓу македонската и германската влада
Во Владата денеска се одржа првиот состанок на мешовитиот управувачки комитет помеѓу владите на Македонија и Германија, тело формирано на германска иницијатива, а во насока на интензивирање на соработката на двете земји во економското поле.
Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, кој е претседавач на телото од македонска страна, истакна дека двете земји имаат одлична економска соработка. Тој рече дека Германија е прв трговски партнер на нашата земја и една од ретките со кои оставруваме суфицит во трговската размена.
„Целта на заедничкиот управувачки комитет е да ја забрза и подобри соработката на економско поле помеѓу Македонија и Германија, комуникацијата да биде подиректна, полесна и поедноставно да се надминуваат административните и бирократските бариери. Се разгледуваат три главни теми, од кои првата е зголемување на соработката во индустриското производство, односно да обезбедиме поголем извоз на македонски производи на германскиот пазар, како и поинтензивен трансфер на знаења и технологии од Германија во нашата земја“, рече Анѓушев.
Како што истакна, на состанокот се разговарало и за можностите за инвестиции од Германија во Македонија, односно начинот да се зголеми бројот на инвеститори.
„Втората област на соработката е во изградба на инфраструктура за проекти со особена важност за квалитетот на животот на граѓаните, каде што очекуваме поддршка од финансиските институции од СР Германија. Третата област на соработка е образованието, каде што ќе се обидеме да ги пренесеме позитивните практики од германската страна за практично образование, образование насочено кон индустријата и создавање квалификуван кадар за потребите на странските и домашните компании“, нагласи вицепремиерот Анѓушев.
Претседавачот на комитетот од германска страна, Хелге Толксдорф, од Сојузното министерство за екеномија и енергетика на Германија, потенцира дека фокусот на соработката ќе биде ставен на компаниите што работат во Македонија, но и на други институции, како банката КФВ, една од водечките банки во регионот, која спроведува проекти во земјата. Поддршка на овој процес ќе дадат германскиот Комитет за економска соработка во Источна Европа и делегацијата на германското стопанство во Македонија.
„Овој управувачки комитет се вклопува во стратегијата на германската сојузна влада во однос на соработката со земјите од Западен Балкан. Веќе се организирани четири конференции со земјите од регионот, следува конференцијата во Полска наредната година, на кои се разговара за агендата за поврзување, но и формирање регионална економска соработка. Македонија е еден од главните столбови на нашата стратегија, со оглед на фактот дека тука веќе функционираат повеќе успешни германски компании и постои сè поголем интерес на германски компании за инвестирање во земјата. Германските инвеститори сакаат да дојдат во земјата, да се задржат младите луѓе во земјата, да се спречи одливот на мозоци од Република Македонија“, додаде Толксдорф.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

