Економија
(Видео) Се разгледува кои сектори ќе работат и во недела

Кога министерствата ќе го разгледаат, нацрт-законот за неработна недела ќе биде објавен на ЕНЕР за да се чуе реакцијата од јавноста, соопшти министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.
„Законот за прогласување недела како неработен ден е измена на Законот за работните односи во членот 134, каде што дефинираме дека недела е неработен ден ако со друг закон или колективен договор не е поинаку решено. Тоа е главната измена во Законот за работните односи“, рече Шахпаска.
Здравството, полицијата, противпожарните и комуналните служби се единствените што министерката ги наведе како витално важни дејности, кои и понатаму ќе работат во недела.
„Имавме меѓусекторски и меѓуресорски консултации меѓу сите министерства за да се утврди кои сектори ќе бидат изземени од овој закон. Ние го ставивме законот во нацрт, го испративме до сите министерства и очекуваме нивен одговор за дополнувања и сугестии“, рече Шахпаска.
Таа вели дека Министерството за труд и социјална политика има најголем буџет во однос на другите министерства, а најави и дека буџетот за наредната година е проектиран во насока за надминување на последиците од корона-кризата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Доживејте ја Будимпешта во полна брзина со картичките Visa на Халкбанк

Халкбанк АД Скопје, во соработка со Visa, ја започнува наградната игра „Доживејте ја Будимпешта во полна брзина со картичките Visa на Халкбанк“ – ексклузивна можност за еден добитник да отпатува во Будимпешта и да биде дел од уникатно искуство со Visa Cash App Formula 1 Racing Bulls тимот.
Наградната игра ќе се реализира во периодот од 20 мај до 20 јуни 2025 година, а право на учество имаат сите физички лица кои во тој период ќе направат минимум пет трансакции со Visa дебитна или кредитна картичка издадена од Халкбанк, во вкупен износ од најмалку 10.000 денари. За учеството да биде валидно, потребно е и да се пополни електронската пријава за согласност, достапна на официјалната веб-страница на Банката.
Во извлекувањето што ќе се одржи на 25 јуни 2025 година ќе влезат сите пријавени учесници кои ги исполнуваат горенаведените услови и имаат активна Visa картичка на денот на извлекувањето. Само трансакциите направени во рамки на наградниот период и само пријавените корисници ќе бидат земени предвид при изборот на добитникот.
Со оваа иницијатива, Халкбанк и Visa нудат повеќе од награда – нудат вистинско доживување. Без дополнителен напор, без сложени процедури – само со секојдневно користење на Visa картичката, добивате шанса за незаборавно патување исполнето со адреналин, енергија и нови спомени, во еден од највозбудливите европски градови. Деталите се на официјалната веб страница на банката, а ако ги исполнувате условите, вие сте веќе на половина пат до Будимпешта.
(ПР)
Економија
Мицкоски: Во првиот квартал од годината за 5 проценти е зголемен извозот на земјоделски производи

Премиерот, Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање како и дали се следи извозот на земјоделски производи поврзано со Полог, кој важи и е претежно земјоделски крај, информираше дека Владата, токму во земјоделство вложи исклучително многу, при што се вратија и старите долгови. Изрази ветување дека Владата ќе продолжи со поддршка на земјоделците и во следниот период.
„Да, апсолутно. Исклучително многу вложивме и во делот на земјоделието. Кај земјоделците, навистина, доста трансфери се направија изминатиот период и се вратија долгови од минатото. Веќе од оваа година ќе почнеме тековно да ги сервисираме обврските“, рече тој.
Премиерот напомена дека е направен голем чекор напред, со тоа што во првиот квартал од годината речиси за 5% е зголемен извозот на земјоделските производи.
„Во првиот квартал од оваа година, скоро за 5% е зголемен извозот на земјоделски производи. Кај тутунот се постигна историски рекордна цена, и кај останатите земјоделски производи. Но, исто така и во овоштарството. Така што можам да кажам дека тука е направен голем чекор напред. Но, тука не застануваме – продолжуваме понатаму. Убеден сум дека во периодот којшто следи ќе постигнеме уште подобри резултати, бидејќи тоа влегува во бруто-домашниот производ, и тоа е многу важно за да се развиваме во правилна насока. А ние, како Влада, ќе продолжиме да ги поддржуваме земјоделците“, објасни премиерот.
Економија
Предлогот Трајко Славески да биде гувернер значи погребување на последната независна институција, велат од СДСМ

Предлогот Трајко Славески да биде гувернер значи погребување на последната независна институција, велат од СДСМ. Од таму најавија дека остро ќе се спротивстават на изборот на Трајко Славески за гувернер на Народната банка.
„Невиден преседан е да се дозволи класичен партиски пион да ја води оваа важна финансиска институција, каде што досега секогаш имало независни експерти на функцијата гувернер. Трајко Славески е човекот за кој 9.000 денари минимална плата се многу пари. Тој е перјаницата на Мицкоски против интересите на работниците. Гувернер ќе стане економистот кој е познат како најголем непријател на идејата за покачување на минималната плата, како и непријател на правилното пресметување на потрошувачката кошничка за четиричлено семејство – човекот што, додека ги водеше финансиите на земјата, жестоко ја раскрчмуваше и задолжуваше државата. Славевски е висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, кој беше близок соработник и на Никола Груевски, министер во неговата влада, која ги понижуваше работниците и ги третираше како евтина работна сила“, велат од СДСМ.
Како претседател на Советот на Град Скопје, велат од СДСМ, Славески ќе остане запаметен како лицето што го уништи градот.
„Славески ги водеше битките на Мицкоски со Арсовска откога им пропаднаа бизнис-зделките. СДСМ е длабоко разочаран и од полтронскиот однос на претседателката Сиљановска. Нејзиното потклекнување пред барањата на Мицкоски е доказ дека ниту некогаш била независна ниту, пак, во иднина ќе донесе независна одлука. Таа, како и сите претходни претседатели избрани од ВМРО-ДПМНЕ, е тука само за да исполнува партиски наредби. Имаше можност да застане зад сопствен избор, да промовира независна и стручна личност, но реши да ја наведне главата пред Мицкоски“, велат од партијата.