Економија
(Видео) Сугарески: Започнавме инвестициски циклус од 850 милиони евра во патната инфраструктура
,,Како одговорна политичка партија, ги исполнуваме ветувањата што ги дадовме пред граѓаните. Хаосот од 11 години дивеење на ВМРО-ДПМНЕ во инфраструктурата конечно го запревме.Ветивме и интензивно работиме на унапредување на целокупната инфраструктура.Ветивме и силно вложуваме во изградба на нови патишта како и рехабилитација на старите кои со децении беа заборавени.Ветивме изградба на железницата и тоа го реализираме. Ја гасифицираме цела држава, градиме нови водоводи и канализации, изјави на прес- конференција министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, претседател на Надзорен одбор на СДСМ.
Според него, во овој момент Владата предводена од СДСМ ги реализира историски најголемите инвестици во инфраструктурата.
,,Се гради насекаде како никогаш до сега.Во таа насока, досега изградивме и рехабилитиравме преку 500 километри патишта, инвестиции со вкупна вредност од околу 540 милиони евра. Го завршивме автопатот Миладиновци – Штип кој како голем товар го наследивме од ВМРО-ДПМНЕ заради бројните грешки и недостатоци во изградбата. Но бевме решени, автопатат мораше да се заврши со сите безбедносни аспекти за сообраќај. Впрочем, граѓаните имаат право да знаат како им се трошат нивните пари“, рече Сугарески.
Тој додаде дека решени се сите недоследности и пропусти кои биле наследени од ВМРО ДПМНЕ, а во сообраќај е пуштен и автопат од Демир Капија до Смоквица.
„Рехабилитиравме и реконструиравме преку 80 магистрални и регионални патишта со вкупна инвестиција од преку 400 милиони евра.Саниравме и реконструиравме мостови на државните патишта, поставивме нова сообраќајна сигнализација на најголем дел од патната мрежа во земјава. Ги модернизиравме наплатните станици на Коридор 10, воведовме електронска наплата на патарините, а го изградивме и најмодерниот центар за контрола и мониторинг на патиштата”, вели тој.
Министерот Сугарески најави дека инвестициите во патиштата не запираат и во моментов се инвестираат над 850 милиони евра во проекти во патната инфраструктура.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Microbalkans 2025: Никола Јошевски за усогласувањето на правните рамки со директивите на ЕУ
Никола Јошевски, генерален менаџер и сопственик на Mint Fintech Group и претседател на Групацијата на финансиски друштва при Стопанската комора на Македонија, учествуваше на престижната регионална конференција Microbalkans 2025, што се одржа во Дубровник, Хрватска, од 5 до 7 ноември 2025 година.
Како панелист на високопрофилната дискусија „Усогласување на правните рамки со директивите на ЕУ“, Јошевски се приклучи на водечки европски партнери и институции кои активно придонесуваат за развојот на социјалните финансии во регионот на Западен Балкан.

Панелот се фокусираше на регулаторната хармонизација, финансиската инклузија, платните системи и усогласувањето со процесот на пристапување кон ЕУ, со посебен акцент на улогата на микрофинансиските институции и финтек решенијата во одржливиот развој и регионалната соработка.
Во своето обраќање, Јошевски ја нагласи потребата од создавање на стабилен и интегриран финансиски систем што ги надминува класичните регулаторни рамки, посочувајќи:
„Главниот предизвик не е само во пренесувањето на директивите на ЕУ во националното законодавство, туку во создавањето на целосен екосистем – таков што нè прави конкурентни, инклузивни и силни дома.“
Панелот поттикна значајна дискусија за иднината на финансиската регулатива во регионот и улогата на микрофинансиските институции во зајакнување на финансиската стабилност, транспарентност и дигитална трансформација.

Конференцијата Microbalkans 2025, поддржана во рамките на соработката со Европската унија, го обедини врвот на експертизата од Европа и Западен Балкан, создавајќи дијалог за унапредување на социјалните финансии, микрокредитирањето и финтек иновациите.
Присуството на Mint Fintech Group на овој настан уште еднаш ја потврди посветеноста на компанијата кон модернизација на финансискиот сектор во Македонија, создавање инклузивна економија и промовирање европски вредности во финансиските услуги.
Со своето учество, Јошевски ја зацврсти позицијата на Македонија како активен партнер во градењето на современ, конкурентен и одржлив финансиски екосистем, кој ја поврзува регионалната соработка со европските стандарди и отвора нови можности за раст и развој.
(ПР)
Економија
СДСМ: Инфлацијата зголемена на 4.5%, граѓаните скапо ги чинат промашените економски политики на власта
Инфлацијата повторно расте и во октомври достигна 4,5 проценти, спротивно на владините уверувања дека ќе се намали и под 3%, велат од СДСМ.
„Овој пораст е јасен показател дека економските политики на владата на ВМРО-ДПМНЕ се целосно промашени и без никаков резултат. Инфлацијата го јаде стандардот на граѓаните, ги јаде платите кои не се покачуваат туку стагнираат, цените на храната и основните производи растат, сметките се повисоки, граѓаните имаат се помалку пари во џебовите. Платите и пензиите заостануваат далеку зад растот на цените, граѓаните секојдневно плаќаат повисоки цени за леб, млеко, масло, лекови, за сметки а платите не мрдааат. За само година и половина ДПМНЕ донесе економска стагнација, раст на инфлацијата и пад на животниот стандард“, се наведува во соопштението.
Економија
Електродистрибуција го имплементира најновиот систем SIEMENS SCADA за дигитално управување со мрежа – Скопје
Во финална фаза на имплементација е најновиот SIEMENS SCADA систем за дигитално управување со среднонапонска и високонапонска мрежа, со што значително ќе се унапреди дигиталната трансформација и системите за далечинско управување и мониторинг, соопштија од компанијата.
Со помош на најновиот SCADA систем, како што е појаснето, ќе се оствари меѓусебно поврзување на диспечерските центри на ЕВН и МЕПСО со цел поквалитетно водење на целата електроенергетска мрежа во државата.
„Со инвестиција од еден милион евра, најсовремениот SCADA систем овозможува повисоко ниво на автоматизација, сигурност и оперативна контрола, што претставува клучен предуслов за ефикасна енергетска транзиција и поголема диверзификација на изворите на електрична енергија во земјата. Системот има особено значење во периоди кога сѐ поголем број фотонапонски централи се приклучуваат на дистрибутивната мрежа. Досега се регистрирани 2.963 нови приклучоци од обновливи извори, со вкупна инсталирана моќност од 860 MW, што во одредени ситуации може да претставува предизвик за стабилноста на енергетскиот систем. Со ваквите инвестиции во дигитализација на клучните процеси, Електродистрибуција обезбедува поквалитетни, доверливи и поефикасни услуги за своите корисници и ја зацврстува сигурноста и ефикасноста на мрежата, потврдувајќи ја својата заложба за модерна, транспарентна и дигитална енергетска инфраструктура“.

