Економија
(Видео) Трипуновски: „ АД Водостопанство“ исплаќа плата од 1.500 евра, а нема пари за одржување на каналите
Додека АД Водостопанство нема пари за оспособување на каналите, истото претпријатие исплаќа астрономски плати, изјави Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ова е потврда за исплатена плата од страна на АД Водостопанство кон свој вработен, од неа се гледа, дека месечната исплатена бруто плата изнесува повеќе од 100.000 денари, додека нето исплатената плата која ја добива на сметка е речиси 70.000 денари. Почитувани, АД Водостопанство исплаќа плата од 1.150 евра плата на свој вработен, а нема пари за поправка и тековно одржување на каналската мрежа низа Република Македонија“, рече Трипуновски.
Тој оцени дека расипнички се трошат парите на земјоделците.
„Вие исплаќате огромна сума на пари кон АД Водостопанство, а истото наместо да ви пружи услуга каква што заслужувате дели плати од 1.150 евра на своите вработени. И ако погледнете реално, плата од 500 евра има само за блиските луѓе нс власта, за земјоделците нема пари, тие немаат ни леб да јадат. Егзистенцијата на земјоделците е алармантна, а директни виновници за тоа се Зоран Заев и СДСМ.
Власта има пари за се, само за земјоделците нема. Ова набргу ќе се смени. Зоран Заев и СДСМ мора да си заминат. Ова е вистинскиот режим, кој мора да си оди. Потребна е влада која ќе се грижи за земјоделците, а ВМРО-ДПМНЕ ќе го направи тоа многу брзо“, рече Трипуновски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

