Економија
„Викенд без ДДВ“ е наш проект, тврдат од ЛДП
Проектот „Викенд без ДДВ“ е предложен уште во 2012 година од ЛДП, тврдат од партијата преку соопштение.
„Во недостаток на креативност, јавноста беше сведок на изјавата на лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, кој во гостувањето во емисијата „Бизнис поенти“ долгогодишниот предлог на ЛДП се обиде да си го препише како нивен производ и да повика на протест во врска со едно од трите нивни клучни барања, меѓу кои е и иницијатива на предлог – закон за „Викенд без ДДВ“.
Јавноста не заборава дека предлогот за „Викенд без ДДВ“ беше доставен од страна на ЛДП пред 8 години кога владата беше предводена токму од ВМРО-ДПМНЕ. Истиот предлог ЛДП повторно го презентираше и во септември 2016 година преку потпретседателот на партијата Зоран Шапуриќ. Тогаш ВМРО-ДПМНЕ немаше слух за предлогот на ЛДП и истиот целосно го отфрли. Со години ВМРО-ДПМНЕ имаа вистинска и единствена можност да го прифатат предлогот на ЛДП и да ја покажат на дело вистинската грижа за стандардот на граѓаните и растот на приходите во одредени продажни сектори со дополнителни приливи кои директно ќе се слеат во македонското стопанство. Неколку години подоцна, кога ЛДП како дел од Владата го спроведува на дело предлогот, крајно е невкусен вчерашниот чин на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицковски, кој пред македонската јавност се обиде да го претстави предлогот на ЛДП како грижлив изум на неговата партија.
„Викенд без ДДВ“ функционира како пракса многу години наназад во Соединетите Американски Држави и во некои земји во Европа. Викенд понудата без ДДВ нуди поволности за потрошувачите, кои добиваат можност да не го оптовараат семејниот буџет, а воедно полза имаат и трговците, кои имаат можност да ја зголемат својата добивка. Во наредните недели, благодарние на учеството на ЛДП во Владата и на добрите економски политики кои ги водат коалиционите партнери на власт, македонските граѓани ќе ги почувствуваат придобивките од овој проект.
ЛДП како дел од успешната соработка во владината коалиција ќе продолжи да работи на проектите кои значат поддршка на претприемништвото, стимулирање на креативните сектори преку одржување на рамниот данок, децентрализација на власта и поголема и финансиска одговорност на општините и натамошен развој на приватниот сектор како основа за развојот на државата“, наведуваат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

