Економија
Вишокот и отпадот на храна се сериозен проблем за сите држави во Европа
Министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство, Љупчо Николовски, присуствуваше на собир со министрите за земјоделство од земјите од Западен Балкан во Загреб, во организација на Томислав Толушиќ, министер за земјоделство на Република Хрватска. На состанокот се дискутираше за теми кои се важни за целиот регион, како што се иницијативата за воспоставување директива на фер трговска пракса, регистрирање на традиционални земјоделски производи и справување со вишокот храна.
Република Македонија има конструктивен пристап во примената на одредбите од ЦЕФТА договорот. Ова има за цел да обезбеди слободно движење на стоки и особено на земјоделски производи во рамките на трговската зона ЦЕФТА, со примена на сите обврски кои произлегуваат од договорот и практиките кои се познати во ЕУ.
„Mакедонското Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе ги применува и воведува про-европските политики и практики во справувањето со сите отворени прашања што се јавуваат меѓу нашите земји, вклучувајќи усогласување со Заедничката земјоделска политика (ЗЗП) на Европската Унија, заедно со процесот на преговори со нашите партнери. Затоа ја цениме онудената помош од нашите европски партнери во процесот на интеграција кон ЕУ“, истакна Николовски.
Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство исто така цели кон целосно почитување на фитосанитарните и ветеринарните стандарди и поддржува законски решенија за регулирање и редуцирање на отпадот на храна. Вишокот и отпадот на храна е сериозен проблем за сите држави во Европа, а соодветните законски решенија и регионални соработки во овој правец директно ќе влијаат врз регулирање и редуцирање на отпадот на храна што ќе има позитивен ефект врз нашата економија, благосостојба и животна средина. Во врска со заштитата на традиционалните земјоделски производи, МЗШВ подготвува примена на директиви со кои ќе овозможат заштита на македонските земјоделски производи и традиционалните специјалитети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

