Контакт

Економија

Владата одобри дополнителни финансии за справување со кризната состојба со струјата

Објавено пред

На денешната 11-та седница Владата донесе одлука за одобрување финансиски средства во износ од 2,9 милијарди денари на АД „Електрани на Северна Македонија“, во државна сопственост, за обезбедување финансиски средства за справување со кризната состојба во снабдување со електрична енергија.

dobivaj vesti na viber

Со оваа одлука, велат од Владата, се задолжува ЕСМ АД овие средства да ги искористи за реализација на мерките за обезбедување дополнителни количини електрична енергија.

На седницата Владата одобри АД „Електрани на Северна Македонија“ да ја спроведе постапката за продолжување на рокот на достасување на фактурите за испорачана електрична енергија за декември 2021 година и за јануари 2022 година од ЕВН АД до 1.7.2022 година.

„Во врска со ова Владата го задолжи АД ЕСМ да склучи анекс на договорите со ЕВН, со кој на дистрибутерот на електрична енергија ќе му се овозможи одложено плаќање на достасаните фактури за декември 2021 и за јануари 2022 година, со соодветна гаранција во висина на износот на фактурите за кои се продолжува рокот на плаќање“, е нагласено во информацијата од Владата.

Владата, додаваат од таму, ги прифати и заклучоците на Министерството за финансии, со кои се задолжуваат буџетските корисници од централната власт во најкус временски рок да ги намират заостанатите обврски за потрошена електрична енергија и во утврдените рокови да ги плаќаат фактурите за испорачана електрична енергија.

За намирување на заостанатите обврски за потрошена електрична енергија и плаќањето на фактурите за испорачана електрична енергија, донесена е препорака до единиците на локалната самоуправа и институциите во нивна надлежност, како и за јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост, појаснија владините служби.

Економија

Развојот на првото Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Објавено пред

· Екстензивни тестирања во урбан сообраќај, на приградски патишта и на тркачки патеки

dobivaj vesti na viber

· Performance Hybrid за динамичен погон

· 8,7 секунди побрз од претходникот на Нирбургринг

· Светска премиера на 28 мај

 

Првиот Porsche 911 со хибриден погон е на стартната линија. По екстензивната програма за развој и тестирање, новиот 911 со хибриден погон фокусиран на перформансите е подготвен за сериско производство.

Повеќе од пет милиони километри тестирање

 

„За прв пат во 61-годишната историја на нашата икона, инсталираме хибриден погонски систем во 911. Овој иновативен Performance Hybrid го прави 911 уште подинамичен“, вели Френк Мозер, потпретседателот Моделската Линија 911 и 718. „Не оставивме ништо на случајноста за време на развојот и ги тестиравме новите 911 под секакви услови низ целиот свет. Од замрзнување до огромна жештина, како што беше случајот за време на последните фази на тестирање во Дубаи. Без разлика дали е со голема погонска тежина во услови на планинските премини или во сообраќајот на урбаната средина, новиот 911 ги совлада и најтешките предизвици. Сѐ на сѐ, нашите инженери и тест возачи реализираа повеќе од пет милиони тест километри.“

 

Побрз од претходникот на Нирбургринг за 8,7 секунди

Тестирањето и тјунингот на Нирбургринг Нордшлајфе отсекогаш имало посебно значење за време на развојот на 911. Во текот на тестирањето на перформансите, Бренд Амбасадорот на Porsche, Јорг Бергмајстер, го комплетираше кругот за 7:16.934 – 8,7 секунди побрзо од соодветната верзија на претходниот модел. Тест возилото беше опремено со стандардни гуми, плус аеро пакетот со фиксно задно крило кој е достапен како опција за неколку моделски генерации, и кој обезбедува зголемена надолжна сила при големи брзини.

 

„Новиот 911 стана значително побрз на патеката“, вели Бергмајстер. „Имаме повеќе downforce, значително повеќе моќ, а спонтаниот одговор Performance Hybrid претставува голема предност.“

 

Во живо на Porsche Newsroom

Светската премиера на новиот Porsche 911 ќе биде емитувана на 28 мај во 15:00 cEST во редакцијата на Porsche Newsroom – http://www.newsroom.porsche.com, и на Porsche каналите на YouTube и LinkedIn.

 

 

ПР

Прикажи повеќе...

Економија

Усвоен најновиот квартален извештај со пролетните макроекономски проекции на Народната банка

Објавено пред

Советот на Народната банка одржа редовна седница на која беше разгледан и усвоен најновиот Квартален извештај во чии рамки се вклучени и макроекономските проекции на Народната банка. По усвојувањето на Извештајот, гувернерката ги претстави макроекономските проекции пред јавноста, на конференцијата за печатот.

dobivaj vesti na viber

Макроекономските проекции за периодот 2024 − 2026 година упатуваат главно на слична макроекономска слика како и во октомвриските проекции.

Во однос на економскиот раст, и натаму се очекува постепено забрзување во следниот период, но малку побавно во однос на октомвриските проекции. Овие оцени ги одразуваат послабите остварувања во 2023 година, како и оцените за малку понеповолно надворешно окружување и одложено влијание на домашните фактори, односно побавно спроведување на градежните активности поврзани со новите инфраструктурни проекти. Се очекува дека стапките на раст на БДП ќе изнесуваат 2,6% во 2024 година и 3,6% во 2025 година, наспроти октомвриските очекувања за 3% и 4% во 2024 и 2025 година, соодветно. За 2026 година се очекува умерено забрзување на растот, во услови на поповолно надворешно окружување, постабилен амбиент и поголема склоност за потрошувачка и инвестиции.

Инфлацијата и во овој циклус би ја задржала патеката на надолно приспособување до крајот на периодот на проекциите. Проекциите за 2024 година покажуваат забавување на ценовниот раст и просечна стапка на инфлација од 3,5%, што е на долната граница на интервалот очекуван во октомври (3,5 − 4%). На среден рок очекувањата се непроменети, односно во периодот 2025 − 2026 година инфлацијата ќе се сведе на историскиот просек од 2%.

Надворешната позиција на домашната економија и во рамките на најновите проекции се оценува како поволна, при подобри остварувања во 2023 година од очекувањата (остварен суфицит во тековната сметка), главно заради значителното намалување на увозот. Постепената нормализација на увозот на суровини и материјали, по падот во претходната година, во услови на стабилно енергетско салдо, ќе биде главниот фактор за остварување умерен дефицит на тековната сметка од 2,4% од БДП во 2024 година. Во наредниот период, посилното влијание од извозната побарувачка, во услови на стабилизација на цените на енергијата и на примарните производи, ќе придонесе за одредено намалување на дефицитот кај тековните трансакции на нивото од 2,1% од БДП во 2025 − 2026 година. Во целиот период на проекцијата се очекуваат солидни нето-приливи на финансиската сметка, со што девизните резерви и натаму ќе растат и ќе се одржуваат на соодветното ниво, гарантирајќи ја стабилноста на девизниот курс.

По забавувањето во 2023 година, се очекува постепено забрзување на кредитната активност во следниот тригодишен период (2024 − 2026 година). Во услови на стабилен и сигурен банкарски систем и постепено ослабување на ризиците за економијата, се очекува дека кредитниот раст умерено ќе забрза во 2024 година, односно ќе изнесува 6,1%. Со постепеното забрзување на економскиот раст и стабилизирањето на очекувањата, се очекува забрзување на активноста на кредитниот пазар во наредниот период, при што растот за периодот 2025 ‒ 2026 година би изнесувал 6,8%, во просек. Кредитната активност ќе биде поддржана и од растот на вкупните депозити, којшто на крајот на 2024 година би изнесувал 7,4% и би забрзал на 7,6% во периодот 2025 ‒ 2026 година.

Ризиците за основното макроекономско сценарио, и од надворешното, и од домашното окружување, опстојуваат и главно се слични со октомвриските проекции. Притоа, неопходно е следење и на политиките коишто влијаат врз агрегатната побарувачка во домашната економија и поголема претпазливост, вклучително и од аспект на пазарот на труд.

Во првото тримесечје на 2024 година, Народната банка ја задржа прудентноста на монетарната политика, соодветно на условите во економијата. Народната банка и натаму внимателно ќе ги следи макроекономските податоци и ризиците и како и досега, ќе ги презема сите неопходни мерки, користејќи ги сите расположливи инструменти, заради задржување на стабилноста на девизниот курс и стабилизирање на инфлацијата на среден рок.

Прикажи повеќе...

Економија

БРАКО ќе промовира ново електрично возило на саем во Минхен

Објавено пред

БРАКО ќе претстави ново електрично возило од својот бренд Грин Машинс на светскиот саем IFAT, кој следната недела ќе се одржи во Минхен.

dobivaj vesti na viber

Возилото беше развивано две години од страна на инженерскиот тим за развој на БРАКО/Грин Машинс и е сосема ново техничко и функционално решение во програмата за производство на возила за одржување урбана хигиена.

Моделот 720 ZE работи на електричен погон и e со технологија од последната генерација, со вградени мотори во задните тркала и управување на сите четири тркала, поголем контејнерски простор, широка кабина за две лица, 360⁰ камера и оптимизиран начин на чистење.

Се очекува новиот модел да отвори уште повеќе пазари во светот, каде се бараат возила за одржување хигиена од овој габарит и перформанси.

Моделот 720 ZE беше најавен како концепт на саемот IFAT во 2022 гoдина и тимот за развој планираше да го развие во следните две години, во што и успеа и создаде возило кое е целосно замислено, проектирано и произведено во погоните на БРАКО.

Возилото во завршна фаза беше претставено пред гостите на прославата на 20-годишнината на Феро Инвест и БРАКО пред шест месеци, а сега во Германија ќе ја доживее својата светска промоција.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

Давкова официјално ќе го применува уставното име, а во јавните настапи има право да каже Македонија како чин на самоопределување, велат од нејзиниот кабинет

Во своите јавни настапи, македонската претседателка има право да го употребува името Македонија, како чин на лично право на самоопределување...

Македонија33 минути

Во важечкиот Изборен законик стои Македонија во делот на свечената изјава – Каракамишева вели дека Силјановска го кажала она што било напишано

Во важечкиот Изборен законик, со прочистен текст во март оваа година, во делот на свечената изјава стои Македонија, а не...

Свет2 часа

Украина: Непријателот постигнува тактички успеси

Украинската армијa призна дека руските сили напредуваат во нивната офанзива во североисточниот дел на регионот Харков. Руските сили се обидуваат...

Спорт4 часа

Ждрепката за СП е за две недели, Македонија е во третиот шешир

Foto/ facebook.com/rfmofficial Ракометната репрезентација на Македонија, вчера, направи голем пресврт, надомести минус од седум голови прптив фарските Острови и се...

Македонија4 часа

Бугарскиот претседател и премиерот: Не прифаќаме изјави од Северна Македонија што се во спротивност со меѓународните договори

Бугарија не прифаќа изјави и однесувања што се во спротивност со договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година,...

Македонија5 часа

МНР повика на внимателност од државните функционери: Со Грција развивме политички дијалог на високо ниво

Министерството за надворешни работи објави дека ја потврдува цврстата определба на земјата кон недвојбено почитување на уставните одредби, како и...

Македонија5 часа

Мицотакис до Силјановска: Категорично наведуваме дека нема да прифатиме слични лапсуси

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис го изрази грчкото неодобрување на ставот и постапките на македонската претседателка Гордана Силјановска-Давкова, која се заколна...

Свет5 часа

Путин го смени долгогодишниот министер за обрана Сергеј Шојгу со малку познат политичар, Андреј Белоусов, чија специјалност се економски прашања

Рускиот претседател Владимир Путин предложи нов министер за одбрана на функцијата која од 2012 година ја извршуваше Сергеј Шојгу. Кремљ...

Свет5 часа

Пукање за време на прослава во Алабама во толпа од речиси 1.000 луѓе, тројца убиени и 15 ранети

Три лица загинаа, а 15 се ранети откако маж отвори оган врз толпа од околу 1.000 луѓе за време на...

Свет6 часа

Северна Кореја: Сојузниците на САД да го прекинат надзорот врз нас

Северна Кореја го осуди надзорот на земјата, наводно извршен од земјите сојузници на САД под изговор дека го следат спроведувањето...

Свет6 часа

Руското Министерство за одбрана: Соборени 16 украински проектили и 31 беспилотно летало

Руската воздушна одбрана уништи четири украински крстосувачки ракети „Олуја сенка“ над Крим и 12 ракети „Оља“ над Белгородската област, соопшти...

Свет6 часа

Убедлива победа на актуелниот претседател на Литванија во првиот круг од изборите

Литванската Централна изборна комисија соопшти дека на вчерашните претседателски избори актуелниот претседател Гитанас Науседа освоил убедливо најмногу гласови, односно 44,54...

Свет6 часа

Најмалку 37 лица загинаа во поплавите Индонезија, 17 се водат исчезнати

Најмалку 37 лица загинаа, а 17 се водат како исчезнати во поплавите и свлечиштата што минатиот викенд погодија три области...

Македонија17 часа

ДУИ велат дека Силјановска го прекршила Уставот, за „Влен“ тоа што заклетвата е потпишана со уставното име значи дека ја прифатила реалноста

Шефот на пратеничката група на ДУИ Арбер Адеми рече дека претседателката, Гордана Силјановска Давкова, го прекршила Уставот при положувањето на...

Македонија21 час

Пендаровски и’ посака успех на Силјановска-Давкова

Досегашниот претседател Стево Пендаровски ѝ честита на претседателката Гордана Силјановска Давкова за победата на претседателските избори и ѝ посака успех...

Македонија22 часа

Грчкото МНР реагира на заклетвата на Силјановска: „Европскиот курс зависи од употребата на уставното име“

Грчкото Министерство за надворешни работи упати реакција по денешна заклетва во Собранието на новоизбраната претседателка на државата, Гордана Силјановска-Давкова. Од...

Топ22 часа

Две тинејџерки во Скопје тепале соученичка, а уште две снимале – таткото на нападнaтото девојче има видео

Насилство во близина на средно училиште во Центар. Две тинејџерки тепале соученичка, а уште две снимале со мобилен телефон. Ова...

Македонија23 часа

(Видео) Заклетвата на Силјановска-Давкова во која не употрeби „Северна“

Гордана Силјановска-Давкова денес положи заклетва во Собранието за претседател на државата без да употреби Северна Македонија, по што грчката амбасадорка...

Македонија24 часа

„Имало директива од грчкото МНР“, пишува грчкиот весник „Катимерини“ за протестот на амбасадорката по заклетвата на Силјановска

Амбасадорката на Грција во Северна Македонија, Софија Филипиду, која беше поканета на седницата на Собранието за положување заклетва на Гордана...

Македонија1 ден

Силјановска-Давкова пред пратениците: Време е за единство, ќе бидам претседателка и на левите и на десните

Силјановска Давкова претпаднево во Собранието даде свечена заклетва дека дека функцијата ќе ја извршува совесно и одговорно, дека ќе ги...