Економија
Владата ја најави евтината тарифа, а не знае кога ќе биде воведена

Вицепремиерот Фатмир Битиќи вели дека за два дена ќе биде објавена цената за струјата, за која што се дискутира зад затворена владина седница.
„Ако цената на струјата се дискутира зад затворена седница, тогаш има причина за тоа зошто не можеме да ја објавиме во јавност. За два дена завршува тендерската постапка во ЕВН и сите ќе знаеме која ќе биде цената понудена од ЕСМ“ рече Битиќи.
Тој нагласи дека Владата стои на ставот дека треба да се воведе евтина дневна тарифа на струјата, но дека Регулаторната комисија за енергетика треба да каже кога е тоа можно да се аплицира.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Кредибилните и конзистентни политики ја поддржуваат стабилноста на денарот и на кредитниот рејтинг на земјата, според „Фич“

Стабилноста на девизниот курс на денарот, која се одржува благодарение на кредибилните и конзистентни политики, е еден од клучните фактори за одржување на кредитниот рејтинг на нашата земја. Ова се посочува во најновиот извештај на агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“, во кој рејтингот на земјата повторно е потврден на нивото ББ+ со стабилен изглед.
Во извештајот се посочува дека курсот на домашната валута и натаму е стабилен. Според проекциите на агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“, девизните резерви покриваат 4,3 месеци од увозот проектиран за 2025-2026 година, што ја поддржува стабилноста на фиксниот курс на денарот во однос на еврото. Дефицитот на тековната сметка е во согласност со десетгодишниот просек, а приливите на странските директни инвестиции се на највисоко ниво во изминатите седумнаесет години. „Фич“ оценува дека овој извор на финансирање и во следниот период ќе биде соодветен за понатамошно покривање на дефицитот на тековната сметка.
Во однос на банкарскиот сектор, „Фич“ оценува дека тој и натаму е стабилен и профитабилен. Банкарскиот систем е добро капитализиран, високо ликвиден и со квалитетно кредитно портфолио, при што нефункционалните кредити изнесуваат само 2,9 %.
Економија
Стабилно снабдувањето со јајца на домашниот пазар пред велигденските празници

Во врска со актуелната побарувачка на конзумни јајца во периодот пред Велигден, Групацијата за живинарството при Стопанската комора на Северна Македонија ги информира граѓаните дека македонскиот пазар е стабилен и снабден во доволни количини квалитетни и безбедни конзумни јајца.
Како традиционален производ, кој е дел од велигденските обичаи, јајцата се достапни во доволни количини во трговските мрежи, на пазарите и во фармерските продавници.
На 24 март во просториите на Комората се одржа работна средба помеѓу компаниите од овој сектор, членки на Комората и претставници на ресорното министерство предводени од Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
„Најголемите производители и извозници на јајца најавија активна соработка со дистрибутерите и трговците, со цел да се задоволи зголемената побарувачка во овој период од годината, а притоа цените да останат на конкурентно ниво, во согласност со пазарните трендови.
Ресорното министерство и надлежните институции ги следат состојбите и се подготвени да преземат мерки доколку се јави потреба од дополнителна стабилизација. Ги потсетуваме потрошувачите да внимаваат при купувањето – да ги проверуваат трајноста и потеклото на јајцата, како и да ги поддржат локалните производители“, соопшти Стопанската комора.
Економија
Нова ера на безбедност: MINT Fintech Group со OneID партнерство

Во дигиталната ера кога брзината е сѐ– довербата станува клучна валута. MINT Fintech Group и OneID објавуваат нова стратешка соработка насочена кон нова заштита на корисниците од финансиски измами и дигитален идентитет кој нуди максимална безбедност.
Преку интеграцијата на OneID – платформа за сигурна дигитална идентификација – корисниците на MINT ќе добијат можност за проверка на идентитет без споделување на чувствителни податоци, преку едноставна и безбедна процедура.
Ова партнерство е повеќе од технолошко решение
„Во време кога измамите стануваат сè попаметни, ние стануваме потемелни. OneID е логичен чекор напред во нашата визија: финансиски услуги кои се не само паметни и брзи, туку и длабоко одговорни,“ изјавуваат од MINT Fintech Group.
Договорот веќе е склучен, а новата заштитна функционалност ќе биде активно достапна наскоро.
Оваа соработка е само дел од пошироката трансформација која ја води MINT: постојано унапредување на корисничкото искуство, фокус на софистицираност во секој детал и развој на платформи што ги надминуваат стандардите – и по функционалност, и по етика.
Од технолошка иновација до емпатична дигитална комуникација, MINT останува посветен на создавање финансиски екосистем кој не е само модерен – туку и хуман.
ПР текст