Економија
Владина делегација на Светскиот економски форум во Давос
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, од денеска до 25 јануари ќе учествува на годинашниот Светски економски форум во Давос, Швајцарија, заедно со заменик-претседателот на Владата, Кочо Анѓушев, и со министерот за економија, Крешник Бектеши.
Премиерот Заев на форумот во Давос, на кој и оваа година учествуваат шефови на држави и влади, други државни претставници, како и лидерите на најголемите компании во светот, ќе оствари повеќе работни состаноци и билатерални средби со потенцијални инвеститори, бизнис-лидери и соработници.
Како дел од активностите, премиерот Зоран Заев ќе оствари средба со еврокомесарот за европска соседска политика и проширување, Јоханес Хан. Средбата е планирана да се оствари утре.
Меѓу средбите со политичките и економските лидери, во агендата на премиерот Заев се и состаноци со премиерот на Република Словенија – Марјан Шарец, со министерот за здравство на Владата на Сојузна Република Германија – Јенс Спан, со извршниот директор на „Гугл“ – Џигсоу, како и со други лидери и високи претставници на компании на панел-дебатите и неформалните собири што ќе се одржат за време на најголемиот светски економски форум.
Заев е поканет да земе збор и да учествува на дебата „Креирање на силно партнерство за економски раст и мир на Западен Балкан“, на форумот „Иднината на Транс-атлантската алијанса“, како и на други форуми и дебати за поврзување во светот на глобалната архитектура на економиите.
Анѓушев, пак, ќе има повеќе средби со претставници на бизниси и компании, а министерот за економија, Крешник Бектеши, меѓу другото, ќе учествува на средбата на министрите коспонзори на Заедничката декларација за е-трговија.
Главната тема на годинашниот Светски економски форум во Давос, Швајцарија, кој секоја година ги собира најголемите и највлијателните светски лидери, е Глобализација 4.0, во чии рамки ќе се дебатираат и иднината на економиите, ризиците на економските закрепнувања, иднината на работните места, и други теми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

