Економија
Влатко Стефановски е новиот бренд-амбасадор на „Шпаркасе Банка“
Шпаркасе Банка започна соработка со Влатко Стефановски, еден од омилените музичари на македонската и на балканската публика. Во рамките на своите заложби за општествена одговорност и иновативно претприемништво, банката планира соработката со Стефановски да биде насочена кон поддршка на младите луѓе и целокупната уметничка сцена во државава. Оваа соработка е составен дел од пошироката регионална кампања „Верувај во себе“ што ја спроведуваат членките на групацијата Ерсте и Штаермаркише Шпаркасе.
„Предводени од нашиот корпоративен слоган ‘Верувај во себе’, ние цврсто веруваме дека за постигнување успех, клучно е да верувате во себе, во своите квалитети и моќта да ги менувате работите. Веруваме во храбри и посветени луѓе, кои целат кон повисоки вредности и ги поместуваат границите, па токму затоа го одбравме Влатко Стефановски за наш бренд-амбасадор. Тој за нас е синоним за личност со воодушевувачки талент и квалитет, посветен професионалец и музичар што отсекогаш верувал во себе и во својот сон. Сметаме дека токму Влатко идеално ќе ја пренесе нашата силна порака кон младите луѓе да веруваат во себе, во своите креативни способности и потенцијали, постојано да се надоградуваат и да учествуваат во значајни проекти за македонската уметност и култура“, изјави Санел Кустурица, претседател на Управниот Oдбор на Шпаркасе Банка АД Скопје.
Како што додаде, банката и натаму останува силно посветена на визијата да биде водечка банка по квалитетот на услуга, задоволството на клиентите и ангажираноста на вработените, но истовремено продолжува да инвестира во заедницата, во културата и во иновативните идеи што го движат бизнисот напред.
„Веруваме во нашите клиенти и во потенцијалот на нивните идеи“, рече Кустурица.
Со соработката со Влатко Стефановски, Шпаркасе Банка го означува почетокот на пошироката кампања „Верувај во себе“ и настаните што подоцна ќе следуваат во рамките на платформата „Шпаркасе Life“, чија цел е поддршка на иновативни проекти, поединци и групи што ја движат заедницата напред и активности поврзани со екологијата, образованието, спортот, здравството, како и ранливите и маргинализираните групи.
„За презентирање на сопствените идеи, потребни се умешност и храброст. Нема лесни победи, упорноста и вербата во себе се клучни. Во оваа пригода би сакал да изразам благодарност до тимот на Шпаркасе Банка за укажаната доверба, драго ми е што во мене препознале талент, истрајност и успех. Пред нас стојат многу концерти и проекти, и верувам дека заеднички ќе уживаме во нивната реализација. Се надевам на успешна соработка на обострано задоволство“, изјави Влатко Стефановски, новиот бренд-амбасадор на Шпаркасе Банка АД Скопје.
Шпаркасе Банка е членка на групацијата Ерсте и Штаермаркише Шпаркасе, која е една од водечките групации во областа на финансиски услуги во Средна и Источна Европа. Групацијата опслужува повеќе од 17 милиони клиенти преку 3.200 експозитури. Во Македонија, групацијата е застапена со Шпаркасе Банка и Шпаркасе Lизинг и опслужува повеќе од 120.000 клиенти во 36 експозитури.
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Kонцесионерите мора да носат развој за граѓаните, кажа Божиновска и најави засилен инспекциски надзор
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во рамки на работната посета на Општина Прилеп оствари средба со градоначалникот Дејан Проданоски, на која се разговараше за состојбите и развојните можности во рударскиот сектор, како и за придобивките што локалната самоуправа ги има од концесиските активности.
На средбата беше истакнато дека Прилеп претставува една од општините со најголем број активни концесионери во државата, што директно влијае врз локалниот економски развој, отворањето работни места и зголемувањето на приходите во општинскиот буџет. Соговорниците разговараа за ефектите од зголемените концесии, како и за потребата од одржување стабилен баланс помеѓу економскиот развој и заштитата на животната средина.
Посебен акцент беше ставен на соработката меѓу општината и концесионерите, при што беше констатирано дека е важно доследното почитување на законските обврски и стандардите за работа, како и континуираниот дијалог со локалната заедница со цел одржлив развој на секторот.
„Развојот на рударството мора директно да се чувствува и на локално ниво. Нашата цел е општините да имаат реален бенефит, а компаниите да работат согласно највисоките стандарди и прописи“, истакна министерката Божиновска.
На средбата се разговараше и за унапредување на инспекцискиот надзор, при што беше најавено отворање на нова канцеларија на Државниот инспекторат во Прилеп. Новото присуство на инспекциските служби на локално ниво ќе овозможи поголем увид на терен, поефикасни контроли и навремено постапување, што ќе придонесе за дополнително зајакнување на довербата и транспарентноста во работењето.
Министерката Божиновска нагласи дека Министерството останува посветено на партнерски однос со локалните самоуправи, со јасна цел — развој на рударството како економски двигател, но со целосно почитување на прописите и интересите на граѓаните.
Економија
Народната банка одбележува 80 години централнобанкарско работење во земјава
Оваа година, Народната банка одбележува 80 години институционализирано централнобанкарско работење во земјава – значаен јубилеј што сведочи за долгорочен, динамичен и одговорен институционален развој, обележан со постојани трансформации и приспособувања кон економските и општествените промени.
Институционалните темели на централнобанкарското работење во земјава беа поставени со Уредбата за спојување на кредитните претпријатија од државниот сектор од 25 септември 1946 година, со која Македонската стопанска банка беше определена како Централа на Народната банка на ФНРЈ за Народна Република Македонија. Тие беа дополнително зацврстени со фактичкото спојување со Народната банка на ФНРЈ на 19 октомври истата година. Со конституирањето на независната држава и со прогласувањето на монетарната самостојност во април 1992 година, Народната банка прерасна во самостојна централна банка, носителка на сите значајни функции на современото централно банкарство.
Во текот на изминатите осум децении, Народната банка работеше во различни општествени и економски околности, од периоди на стабилност и напредок до фази на длабоки трансформации. Притоа, постепено ги воспостави своите надлежности, функции и институционален интегритет на независна и современа централна банка на нашата држава.
Денес, Народната банка е модерна, професионална и кредибилна институција, со високо ниво на доверба кај јавноста и признат углед во меѓународните финансиски и централнобанкарски кругови. Преку доследно спроведување на своите законски цели – одржувањето на ценовната и финансиската стабилност, таа создава стабилни макроекономски услови и придонесува кон одржлив економски раст и развој на општеството.
Континуитетот, стабилноста и кредибилитетот на Народната банка се темелат врз професионалното знаење и искуство, интензивната меѓународна соработка, но пред сè врз трудот, посветеноста и одговорноста на генерации вработени и раководни лица кои го вградиле својот професионален век во институцијата. Токму оваа институционална зрелост ѝ овозможи на Народната банка успешно да се справува со сложени економски предизвици и периоди на зголемена неизвесност, оправдувајќи ја довербата на граѓаните како највреден капитал на секоја држава.
По повод јубилејот „80 години централнобанкарско работење“, Народната банка ќе оствари низа активности со кои ќе се одбележи богатото институционално наследство и ќе се афирмира улогата на централното банкарство во современото општество.
Економија
Исплатени се 338.468.141 денари кон 9.567 овоштари
Извршена е исплата во износ од 338.468.141 денари кон 9.567 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Истата е реализирана согласно Мерка 1.6 – директни плаќања по обработлива површина за одржување на постоечки овошни насади, со што се обезбедува континуирана поддршка за одржување и унапредување на овоштарското производство.

