Економија
ВМРО-ДПМНЕ: Освен сендвичарница никакви странски инвестиции не видовме
Никој во државата, ниту експертите, ниту стопанствениците, ниту работниците, ниту младите, ниту пензионерите, ниту било која друга категорија на граѓани, освен функционерите на СДСМ, не гледаат економски успех во изминатата година. Напротив тие гледаат назадување, осиромашување и колапс. За жал истото не очекува и за идната 2019 година, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„На ранг листата за водење на бизнис на реномираниот „Форбс“ сме паднати на 68 место, освен сендвичарница никакви странски инвестиции не видовме, домашното стопанство криминалниот картел го натовари со поголеми даноци и давачки.
Граѓаните се соочија со пад на стандардот поради поскапувањето на горивата и зголемувањето на акцизата, поскапеа паркинзите, поскапе водата, се најавува поскапување на лебот.
Поради неспособноста на власта задолжувањето стана секојдневие, а јавниот долг галопирачки порасна на над 5 милијарди евра. Потрошија цел буџет а никакви капитални инвестиции не видовме, бидејќи реализацијата на оваа ставка не надмина ни 50% реализација. Нема градинки, нема училишта, нема болници, нема нови автопати.
Годината ќе ја завршиме со рекордно најнизок раст на БДП во Европа и регионот, а за идната година сме предвиделе досега рекорден буџет што значи рекордно зафаќање на средства од крахираната економија.
Едноставно кажано, с’е тоне, освен бизнисите на криминалниот картел на власт и корупцијата кои цветаат. Оттука на јавноста им е јасно зошто САМО СДСМ ја гледа 2018 година како успешна година“ се наведува во партиското соопштение
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

