Економија
ВМРО-ДПМНЕ: Регулаторната комисија за енергетика нема осет за финансиската моќ на граѓаните
„Новата измислена давачка на Марко Бислимоски е давачката за пристап на мрежа. Нов товар за граѓаните на Македонија, кои едвај врзуваат крај со крај. Денес слушнавме уште една небулоза од РКЕ на СДС: „воведувањето на пристапот на мрежа ќе значи намалување на цената за мрежарината“- според Марко Бислимоски“, велат од Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.
„Дали РКЕ непромислено избрза со идејата за враќање на евтината тарифа, па сега измисли нов начин како да ги собере парите назад од граѓаните?
Најпрво се исфалија дека од 1 декември ќе се врати евтината тарифа, иако такво нешто се уште немаат повеќе од 2/3 од домаќинствата. Потоа Бислимоски излезе на прес да ги брани ЕВН дека бенефитот од евтината тарифа ќе биде од 1 јануари. Арно ама денес и тоа падна во вода. Бенефитит нема да има ни од 1 јануари, бидејќи се воведува нова давачка, т.н. „пристап на мрежа„.
Кога сето ова ќе се собере ќе излезе дека од сето ова нема никаков бенефит, туку само нов удар по џебот на граѓаните и компаниите
Со доаѓањето на оваа власт, освен покачување на цената на струјата, не добивме ништо друго. Станавме земја со уништени енергетски капацитети, која најлошо се снајде во енергетската криза, без доволно домашно производство. Енергетски компании опстануваат преку префрлање на пари од буџетот директно во нив, за да после тоа во сметките за електрична енергија добиеме информации колку Владата не „субвенционирала“! Ама за жал од нашите пари.
Иако се обидуваат покачувањето на цената да го замаскираат преку нови давачки како денешнава и воведување на блокови, секое домаќинство знае дека од 2108 година наваму цената на струјата е покачена за скоро 50 %. Од тогаш до сега видовме уништување на енергетските капацитети, погрешна стратегија во енергетиката и пораст на цените на сите производи како резултат на порастот на цената на струјата.
Затоа народот на изборите во мај 2024 година ќе може да ја казни оваа власт, која не знае ништо друго освен да приграби за себе“, соопштуваат од Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

