Економија
Воведувањето на новиот закон за игри на среќа доведува до 10.000 директни и 54.000 индиректни отпуштања на вработени
Над 10.000 луѓе стравуваат за своите работни места, а околу 54.000 директно и индиректно вработени во индустријата за игри на среќа го чекаат исходот од срамниот предлог закон со кој практично се затвора една цела економска гранка на штета на граѓаните на Северна Македонија. Новиот закон за игри на среќа неминовно би довел до процветување на црниот пазар, каде што нема можност за заштита на играчи или малолетници. Под изговор за заштита на интересите на лицата под 18-годишна возраст, со воведување на растојание од 500 метри меѓу овие објекти и образовните институции, децата всушност индиректно се туркаат на нелегално обложување кое не би било регулирано и со самото тоа ќе им биде достапно.
Измените на Законот за игрите на среќа што беа усвоени на седница на Владата со кои се предвидува минимално растојание од 500 метри меѓу објектите каде се приредуваат игрите на среќа и образовните институции се погрешни и ќе доведат до повеќекратни штетни последици не само за вработените во оваа индустрија, туку и за државниот буџет кој со оваа одлука би се намалил за 280 милиони евра годишно, сумата што организаторите ја плаќаат во Буџетот на државата и локалната самоуправа.

Со донесувањето на новиот закон, компаниите од оваа стопанска гранка би исчезнале од картата на Северна Македонија, дури 92 проценти од објектите ќе останат затворени, што би оставило несогледливи последици за целата држава и општество. Ограничувањето на правото на работа преку налудничави законски одредби би довело до прекршување на регулативата за заштита на странскиот капитал и правата на инвеститорите и директна штета на Република Северна Македонија, која би требало да плати отштета од неколку стотици милиони евра.
Спречувањето на легално спортско обложување би ги пренасочило играчите да бараат алтернатива, така што индустријата би се префрлила на нелегални локации, па државата нема да има контрола врз приливот на пари, како и врз безбедноста на играчите. Пример за тоа е Албанија, која пред четири години го забрани спортското обложување, што доведе само до чести апсења за нелегално обложување. Поучени од негативното искуство, албанските власти најавија релегализација на приредувањето на игрите на среќа во првиот квартал од 2023 година. Ниту една европска земја нема таков закон затоа што на дело е докажано дека не функционира и дека таквите ограничувања имаат спротивен ефект и отвораат простор за нелегален профит и ризик за играчите.
Исто така, во новиот предлог Закон за игрите на среќа повторно е изоставен делот со кој на приредувачите на игри на среќа им се овозможува да приредуваат онлајн обложување, кое е достапно во сите европски земји.
ПР-текст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Божиновска–Мелинвуд: Започнува најобемната енергетска обнова на јавните згради досега
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со Мелани Мелинвуд, претставник на Француската агенција за развој (AFD), а во врска со реализацијата на Планот за реконструкција на јавните згради – еден од клучните столбови на Реформската агенда на државата.
Фокусот на средбата беше ставен на имплементацијата на Планот за реконструкција на зградите што ги користат институциите на јавниот сектор на државно ниво за периодот 2025–2028 – стратешки документ што поставува јасна, тригодишна рамка за најмасовната и најсистемска енергетска обнова на јавни објекти во земјата досега.
Станува збор за План што веќе е усвоен од Владата по сеопфатен процес на усогласување со вкупно 33 институции, што ја потврдува неговата институционална тежина и стратешко значење за модернизација на јавниот сектор.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, како носител на оваа стратешка реформа, интензивно работи на обезбедување финансиски средства за реализација на обврските што произлегуваат од Реформската агенда, како и од постојните законски обврски. Согласно законската рамка, секоја година е предвидено да се реконструираат најмалку 3% од вкупната корисна подна површина на јавните згради, при што мерките за енергетска ефикасност се задолжителен и нераздвоен дел од секоја реконструкција, истакнуваат од таму.
На средбата беше истакнато дека во моментов е во подготовка таканаречената scoping студија (студија за определување на опфат), со која детално ќе се утврдат параметрите за рехабилитација и обнова на зградите, како и јасни критериуми за приоритизација на објектите што први ќе влезат во процесот на реконструкција.
Со ова, е нагласено во соопштението, државата прави крупен исчекор кон намалување на потрошувачката на енергија, пониски трошоци за јавниот сектор, подобри услови за работа во институциите и значително намалување на емисиите на штетни гасови, во согласност со европските климатски политики.
„Оваа реформа претставува конкретен чекор кон позелена, поекономична и поодржлива јавна администрација – со директни придобивки за граѓаните и за државниот буџет“.
Економија
Трипуновски: Досега се откупени 25,3 милиони килограми тутун во вредност од 170 милиони евра
Денес, заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство и претседателот на Сојузот, посетивме неколку откупни пунктови со цел да се направи увид во завршната фаза од откупот на тутунот, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
„Според последните податоци, досега се откупени 25,3 милиони килограми тутун од последната реколта, просечната цена е 419,15 денари за килограм“, посочи тој.
Министерот Трипуновски додаде дека вкупната вредност на откупениот тутун изнесува околу 170 милиони евра, од кои 95,6% веќе се исплатени на тутунопроизводителите кои го имаат предадено својот род.
„Останува уште мала количина тутун која согласно предвидената динамика, ќе биде откупена во наредниот период. Секоја откупна компанија ќе има отворен пункт до крајниот рок за откуп, кој трае до крајот на месец февруари“, појасни министерот.
Економија
COMBO.mk – Новата онлајн дестинација за алат, апарати за домаќинство и многу повеќе
COMBO официјално ја пушта во употреба својата нова онлајн продавница, со цел купувањето да стане побрзо, поедноставно и подостапно за сите корисници низ државата. Со новата платформа, COMBO ја пренесува својата богата понуда во дигитално искуство што овозможува лесна нарачка, преглед на производи и безгрижна набавка од дома.
COMBO е современо продажно одредиште со продажен простор од 6.000 м² и асортиман од над 15.000 производи, внимателно селектирани за секојдневни потреби и професионална употреба. Понудата опфаќа девет главни категории: машини и алат, градинарски алат, апарати за домаќинство, автокозметика, лепила и силикони, електрика, оков за мебел, чешми и туш системи, како и производи за домашни миленици. Компанијата посветува внимание на брза достава и професионална услуга, со фокус на практичност и доверба при секоја нарачка.
Што добиваат купувачите
- Онлајн купување со широк избор на производи во девет различни категории.
- Практична набавка од едно место – од професионални алати и градинарска опрема, преку апарати за домаќинство и електрика, до чешми, туш системи и производи за домашни миленици.
- Брза достава и флексибилни опции за испорака низ цела Македонија.
- Стручна поддршка и советување при избор на производи.
- Сервисна поддршка и гаранција за производите.
- Услуга насочена кон лесно, сигурно и безгрижно корисничко искуство.
За повеќе информации и новитети, посетете ја веб-страницата на Combo.
(ПР)

