Економија
Во вторник ново задолжување од 6,5 милиони евра за да се вратат стари долгови
Во вторник, 21 август, Министерството за финансии од домашните банки ќе побара заем од 6,5 милиони евра. Станува збор за едногодишни аукции на државни хартии од вредност, без девизна клаузула. Со парите од заемот ќе се враќаат стари долгови кои претходно ги направила државата. До крајот на месецот државата вкупно треба да врати 2.359.170.000 денари. Парите од oбезбедениот заем ќе треба да се вратат до 7 август 2019 година.
Во септември, според календарот за емисија на државни хартии од вредност на Министерството за финансии, закажани се нови 2 аукции, со кои државата повторно треба да се позјами за да врати приближно 4,2 милиони евра. До крајот на годината, закажани се 3 аукции во октомври, една во ноември и две во декември.
Државниот долг, според Министерството за финансии заклучно со првото полугодие изнесувал 5,14 милијарди евра, или 47,7% од БДП, а јавниот долг е 4,3 милијарди евра или 39,9% од БДП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Од полноќ повисоки цени на бензинот и дизелот
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,16 отсто во однос на одлуката од 17 јануари.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,747%, кај дизелот за 1,791%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 0,516% и кај мазутот зголемувањето е за 0,921%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,0771%.
Од 21.1.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 46,673 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,337 ден/кг и сега ќе изнесува 46,673 ден/кг.
Регулаторна напоменува дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 21.1.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Економија
УЈП со потсетување до даночните обврзници: рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите е до 27 јануари
Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници, кои имаат обврска да поднесат ДДВ-04 пријави, дека рокот за поднесување е до 27 јануари 2025 година.
До денес, од вкупно 41.531 очекувани ДДВ-04 пријави, поднесени се 6.253 пријави, што претставува само 15,1 % од вкупниот број. Остануваат уште 35.278 ДДВ-04 пријави, кои треба да се поднесат во преостанатите денови, соопштија од УЈП.
Апелираат граѓани да бидат одговорни даночни обврзници и да ги достават сите потребни документи до сметководителите со цел навремено и точно да се обработат нивните ДДВ-04 пријави за овој даночен период.
Економија
Нови 200 милиони евра задолжувања – власта товари нови долгови врз грбот на граѓаните, велат од СДСМ
„Покрај кредитот од Унгарија од 500 милиони евра, за кој веќе тече камата а парите не се реализирани, владата на Мицкоски и ДПМНЕ се задолжува интензивно на сите страни“, соопшти СДСМ.
„Нови над 200 милиони евра долгови власта натовари на грбот на граѓаните за само неколку месеци. Пред само десетина дена власта се задолжи со 128 милиони евра преку државни записи и обврзници.
Претходно кон крајот на октомври 2024 година кај домашните кредитори власта се задолжи со уште едно големо задолжување од 73,7 милиони евра.
Тоа се 700 милиони евра нови долгови создадени од ВМРО-ДППМНЕ за само 6 месеци. Власта енеромно го зголемува јавниот долг и ја турка државата во должничко ропство.
Во исто време додека се трупаат огромни долгови платите стагнираат , трошоците за живот ратст а граѓаните имаат се помалку пари во своите џебови. Економската политика на ДПМНЕ е катастрофлано лоша и долгорочна опасна за финансиската стабилност и одржливост“, се наведува во соопштението на СДСМ.