Економија
Во Манго те чекаат неодоливи попусти до 70 % за целото семејство!
Од денеска, имате уште една многу добра причина вашиот прв избор за шопинг да биде Манго – токму таму, ве чекаат попусти до -70% на колекција пролет-лето ‘23.
Има ли нешто подобро од супер намалени цени сред лето? Одберете ги омилените парчиња и направете комбинации по фантастични цени!




Без оглед дали се подготвувате за на одмор или некое важно случување или едноставно сакате да блеснете секој ден од летото, никогаш не било попримамливо да бидеш Манго девојка.
Намалените цени важат во продавниците на Манго во Сити Мол и Ист Гејт, но и онлајн на www.fashiongroup.com.mk, па можете да си направите шопинг во било кое време.




Манго мисли на целото семејство, па секако, супер намалените цени не ја заобиколуваат ниту машката и детската понуда.
Сега имате одлична можност да направите листа со омилените парчиња во кои се замисливте себеси оваа сезона и да ги купите сите класици што ќе бидат одлична база на комбинациите во кои ќе оставите впечаток во деновите што доаѓаат.
Ако веќе подолго време имате wish list на која ги ставивте сите парчиња со кои сакавте да го освежите плакарот, денеска е супер ден да почнете да ја остварувате, бидејќи истите ги снемува со исклучителна брзина.


Дефинитивно најдобриот шопинг те чека во Манго! Сите одлични парчиња се на неодолив попуст, почнувајќи од облека, па се’ до обувки и модни додатоци!
Супер е што не’ читаш до крај, но почни да се упатуваш кон Манго, може да те претркаат!
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

