Економија
Во Халкбанк секоја трансакција е важна, откријте како најдобро да ги искористите бонус поените
Пазарувањето некогаш е обврска, а некогаш претставува задоволство. Но, и во едниот и во другиот случај значи трошење средства. Сепак, постои можост за одредени купувања што ги правите да добиете поврат на средства во вид на бонус поени кои можете да ги искористите за некои идни плаќања. Токму тоа го овозможува програмата за бонус поени на Халкбанк АД Скопје која што е наменета за сите корисници на Мастеркард и Виза кредитни картички издадени од банката и може да биде одличен начин да заработите од купувањата што секојдневно ги реализирате.
Бонус поени можете, на пример да заработите доколку купувате лекови, козметички средства и сé друго што се продава во аптеките. Бонус поени се добиваат и доколку точите гориво во вашиот автомобил во текот на викендот или ако плаќате осигурување за вашето возило, за домот или купувате патничко осигурување. Поени на вaшата картича ќе „легнат“ и ако пазарувате во некој од брендовите кои се вклучени во бунус прогамата на Халкбанк. Или, пак, ако онлајн плаќате сметки за вода, нарачувате храна или купувате различни производи од домашни онлајн продавници и притоа ја користите кредитната каричка од Халкбанк. За секоја од овие трансакции можете да добиете бонус поени.
А бидејќи бонус поените се вредносно еднакви на пари, односно 1 поен=1денар истите можете веднаш да ги искористите во најблиското продажно место каде постои ПОС терминл на Халкбанк. Со едноставно вметнување на картичката во терминалот, се користи опцијата – искористи бонус поени, се наведува сумата на поени која сакате да ја искористите и плаќањето ќе биде реализирано откако ќе ја потврдите трансакцијата со вашиот ПИН код.
Халкбанк континуирано спроведува различни бонус кампањи во различни периоди од годината. Во моментов се активни повеќе бонус програми. На пример, со секоја трансакција направена со Халкбанк кредитна картичка на ПОС терминал на Халкбанк на бензинските станици во време на викенд (од петок 16:00 часот до недела 00:00 часот) добивате 3% бонус поени од секоја трансакција. При вршење на набавки со кредитни картички на Халкбанк во аптеките во земјата на ПОС терминали на Халкбанк добивате исто така 3% бонус поени. Иста висина на бонус поени се добива и при онлајн пазарување кај над 300 е-трговци, додека доколку плаќате за било која осигурителна полиса издадена од Халк Осигурување, бонусот изнесува 5% од осигурената сума. Бонус програми има и за низа продавници за козметика, облека, спортска опрема, играчки, производи за домаќинство, здрава храна и други, во кои што при пазарување со кредитните картички на Халкбанк се пресметува одреден процент на бонус поени.
Во моментов сé уште активна е и кампањата која банката ја подготви за Денот на вљубните со која што, со секоја трансакција направена со Халкбанк кредитна картичка во парфимерии каде Халкбанк има поставено ПОС терминали, добивате 5% бонус поени и истата е активна до 10.03.2024 год.
Затоа проверете ја листата на активни бонус програми на Халкбанк, користете ја својата кредитна картичка при плаќањата и освојте дополнителни средства. Пазарувањето ќе ви се исплати!
Листата на активни кампањи и продажните места што се вклучени во кампањите можете да ги проверите тука.
ПР Текст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Партнерство за енергетската иднина“: Потпишан Меморандум меѓу Министерството за енергетика и УНДП“
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) денеска потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува јасна и долгорочна рамка за заедничко делување во областа на енергетиката, енергетската ефикасност, обновливите извори на енергија и одржливиот развој.
Меморандумот го потпишаа министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, и постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Северна Македонија, Армен Григорјан. Со Меморандумот се зајакнува институционалната соработка меѓу двете страни и се отвора простор за координирани активности насочени кон праведна и инклузивна енергетска транзиција, зајакнување на енергетската независност и отпорност на државата, како и исполнување на националните и меѓународните климатски цели.
„Овој Меморандум претставува силна потврда на нашата заложба за модерна, одржлива и праведна енергетска транзиција. Преку партнерството со УНДП добиваме дополнителна експертиза и поддршка за креирање и спроведување политики кои носат конкретни придобивки за граѓаните, економијата и животната средина“, изјави министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.
Соработката ќе се реализира во согласност со националните приоритети и Програмскиот документ на УНДП за Република Северна Македонија за периодот 2026–2030, со посебен фокус на добро управување, транспарентност и активно вклучување на јавноста во процесите на донесување одлуки поврзани со енергетиката.
„УНДП останува посветен партнер на институциите во Северна Македонија во унапредувањето на одржливиот развој. Овој Меморандум создава силна основа за заедничка работа во енергетскиот сектор, со фокус на чиста енергија, намалување на емисиите и инклузивен јавен дијалог“, истакна постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан.
Меморандумот предвидува заеднички активности во развојот на енергетскиот сектор, рударството и управувањето со минералните ресурси, намалување на емисиите на стакленички гасови преку зголемена примена на обновливи извори и мерки за енергетска ефикасност, како и поддршка во изработката и спроведувањето на национални стратегии, законодавство и акциски планови во областа на енергетиката.
Особено значаен сегмент од соработката е насочен кон јакнење на институционалните, техничките и човечките капацитети, преку градење експертиза и подобрување на процесите за креирање и спроведување јавни политики, како и кон унапредување на транспарентноста и инклузивниот јавен дијалог, со посебно внимание на младите, жените и ранливите групи граѓани. Во рамки на партнерството е предвидена и заедничка организација на национални и меѓународни настани, форуми и иницијативи посветени на одржливиот развој и енергетската транзиција.
Меморандумот е склучен на период од четири години, со можност за продолжување, и претставува значаен чекор кон продлабочување на соработката меѓу Министерството за енергетика и УНДП во насока на одржлива и сигурна енергетска иднина за Северна Македонија.
Економија
Новата Ford Puma Gen-E финалист на европскиот натпревар AUTOBEST 2026!
Ford Puma Gen-E е избрана за финалист на престижниот избор AUTOBEST 2026 – признание што ја потврдува визијата на Ford за иновативна, ефикасна и достапна мобилност.
Како нова електрифицирана генерација на омилениот кросовер, Puma Gen-E комбинира динамичен дизајн, напредни технологии и практичност создадена за секојдневието. Со фокус на одржливост и паметни решенија, моделот нуди возбудливо искуство во градот и надвор од него, без компромис во удобноста и перформансите.
Ова признание од AUTOBEST е уште една потврда дека Ford Puma Gen-E поставува нови стандарди во својата класа.
👉 Вашиот глас е важен!
Поддржете ја Ford Puma Gen-E и гласајте во изборот AUTOBEST 2026 на https://autobest.org/.
AUTOBEST е еден од најрелевантните и највлијателни европски автомобилски избори, основан со цел да ги претставува интересите на реалните возачи низ целиот континент. Жирито на AUTOBEST го сочинуваат реномирани автомобилски новинари од повеќе од 30 европски земји, кои заедно претставуваат над 90% од европскиот автомобилски пазар.
Финалистите и победниците на AUTOBEST се сметаат за репер во европската автомобилска индустрија, а самото учество во финалната селекција претставува значајно признание за квалитетот и визијата на еден модел.
(ПР)
Економија
Мицкоски: 300 компании се предвидени да бидат поддржани со грантовите во вкупен износ од 25 милиони евра
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе се обезбедат грантови за адаптирање на компаниите кон зелена трансформација и заштита на животната средина, изјави:
„Да работиме, практично Инова агенцијата, околу овозможување и обезбедување грантови за компаниите, посебно во делот на енергетската трансформација. Имав и таму едно многу интересно обраќање. Да, за енергетската трансформација, но треба да сме многу внимателни. Затоа што не сум сигурен, а тоа се сложија и голем број од учесниците на тие панели, дека со таа енергетска трансформација, ние можеме на долг рок да генерираме базна енергија којашто е потребна на индустријата за потребите на самата индустрија. Тоа треба да се одвива чекор по чекор, затоа што секоја избрзана постапка може да направи штета по индустријата и по државата. Но, колку за информација за компаниите, некаде околу 300 компании се предвидени да бидат поддржани со овие грантови во вкупен износ од 25 милиони евра и наскоро ќе има и за тоа објава во јавноста и јавен повик.“

