Економија
Време е за одговорно однесување со енергенсите, поддршка за ранливите граѓани, порача владиниот економски совет
Денес во Владата се одржа Економскиот совет на кој присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, првиот заменик-претседател на Владата, Артан Груби, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за финасии Фатмир Бесими, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, претставници на економскиот тим на Владата, пратеникот и професор Елми Азири, академик Таки Фити, претставници од енергетскиот сектор, ЕСМ, ЕВН, НЕР, РКЕ, гувернерката на Народната банка Анета Бежовска, директорката на УЈП Сања Лукаревска, претседателот на ССМ Дарко Димовски, Трпе Деановски претседател на Синдикатот на работниците од УПОЗ, претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Неби Хоџа, претседателот на Сојузот на Стопански комори Трајан Ангеловски, извршната директорка на Македонија 2025, Никица Мојсовска, претставници од стопанството, економски и енергетски експерти како и повеќе професори и претставници на академската јавност.
Низ конструктивен дијалог беа отворени сите теми од интерес за граѓаните и стопанството, а врзани со справување со економско-енергетската криза во која се наоѓа Македонија, но и Европа во целост. Воедно транспарентно беа споделени и сите податоци со кои располагаат институциите и стопанството сè со цел што посеопфатно справување со последиците од економската и енергетската криза, информираа од Владата.
На состанокот беа разгледани сите опции за снабдување со електрична енергија од домашно производство, како и модалитетите за поддршка на стопанството и граѓаните на кои тоа им е потребно. Во таа насока беше истакнато зголемувањето на производството на електрична енергија од АД ЕСМ за 25%, како и напорите да се обезбеди електрична енергија со пониска берзанска цена за што веќе се водат преговори со неколку земји. Овие напори продолжуваат и во наредните денови, сè со цел помош на компаниите кои се на отворениот пазар да добијат струја која е поповолна од берзанската цена.
Во рамки на заложбите за обезбедување електрична енергија од сопствени извори беа разгледани модалитетите за вклучување на електраната ТЕТО во „Б режим“, пришто нејзиното производство би било понудено на приватниот сектор по фиксна цена, согласно движењето на берзанските цени на гас.
„Сите сме свесни за тоа како енергетската криза ќе се одрази врз целокупната економија на државата, врз стопанството и граѓаните. Наредната недела Владата ќе излезе со конкретни таргетирани мерки насочени кон најранливи категории граѓани и компаниите. Воедно ќе продолжи економскиот и социјален дијалог со синдикатите со цел сите заедно полесно да ја пребродиме кризата“, истакна премиерот Ковачевски и ги повика сите чинители во државата на одговорно однесување. Воедно премиерот Ковачевски истакна дека се обезбедуваат и мерки за помош на компаниите преку Развојната банка, кои ќе овозможат ликвидност за компаниите и полесно пребродување на кризата во месеците кои следат.
На Економскиот совет беше реафирмиран апелот до пратениците во Парламентот за што поскоро изгласување на Законот за задолжување во европската банка за обнова и развој од 100 милиони евра, што обезбедува ликвидни средства по исклучително поволна каматна стапка, како и за работењето на ЕСМ во услови на криза. Премиерот Ковачевски во овој контекст посочи дека не е време за политички агенди, туку за работење исклучиво во интерес на граѓаните и државата. Апелот воедно се однесува и на Законот за енергетика и неговите соодветни измени, на Законот за нафта и нафтени резерви, како и за спроведување на одлуката за распределба на финансиски средства, односно прераспределба на ставки кои што се однесуваат на справување со енергетската криза.
На состанок на Економскиот совет се обратија и министерот за финансии Фатмир Бесими, кој истакна дека буџетот нема да има проблеми со ликвидноста и покрај економската криза и дека бизнис-заедницата може да биде спокојна, но и подготвена на одговорно работење.
На Економскиот совет гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, истакна дека навремено се согледани макроекономските импликации на енергетската криза и дека се преземени сите потребни мерки за контрола на инфлацијата и одржување стабилен курс на денарот. Воедно беше посочено дека финансиската стабилност и ликвидност на банките е обезбедена и во време на криза.
Заклучено беше дека енергетската состојба е стабилна и дека дополнителните таргетирани антикризни мерки за граѓаните и стопанството на кои Владата работи активно се потребни што поскоро. Воедно, утврдена беше потребата од одговорно однесување кон енергенсите, солидарност и поддршка за ранливите категории граѓани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Сали на министерски состанок на ЕК за спроведување на CBAM: Земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем
Министерот за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на министерскиот состанок посветен на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), каде ја истакна посветеноста на Северна Македонија кон европските цели за декарбонизација и усогласување со климатското и енергетското законодавство на ЕУ.
Состанокот беше организиран од Европската комисија со цел да се информираат земјите од Западен Балкан за најновите случувања поврзани со спроведувањето на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), кој стапи во сила на 1 јануари 2026 година и има директни импликации врз процесот на проширување и енергетските сектори во регионот.
Тој нагласи дека Владата во јануари 2026 година го усвои нацрт-Законот за климатска акција, со кој се поставува правната основа за системот за мониторинг, известување, верификација и акредитација на емисиите, како клучен чекор кон воведување на јаглеродно ценообразување.
Сали посочи дека земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем, што е важен дел од постепеното вклучување во заедничкиот европски пазар на електрична енергија.
Во однос на CBAM, министерот истакна дека Северна Македонија ги поддржува целите на механизмот, но дека е неопходно да се земат предвид специфичните карактеристики на земјите кандидати и договорните страни на Енергетската заедница, особено поради нивната изложеност на ценовни разлики и техничките предизвици во прекуграничната трговија со електрична енергија.
Тој повика на внимателна и постепена имплементација, вклучително и продолжување на транзицискиот период, со цел да се избегнат несакани ефекти врз регионалните пазари и да се поддржи интеграцијата на обновливите извори на енергија.
Министерот Сали подвлече дека Северна Македонија останува силно посветена на европската зелена агенда и на постепено воведување на инструменти за јаглеродно ценообразување, со крајна цел целосно интегриран, безбеден и декарбонизиран европски енергетски пазар.
Економија
Предпремиера на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje
Во ексклузивна атмосфера и во присуство на клиенти, партнери и медиуми, Porsche Macedonia ја одржа предпремиерата на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje. Настанот означи почеток на ново поглавје за еден од најуспешните модели на брендот, кој повеќе од две децении поставува стандарди во SUV сегментот.


Генералниот директор на Porsche Macedonia, г-дин Златко Муцунски, во своето обраќање истакна:
„Cayenne отсекогаш бил модел со стратешко значење за Porsche. Тој ја трансформираше компанијата и го редефинираше сегментот. Денес, со новата генерација, го продолжуваме тој дух на храброст и визија – со технологија која го засилува она што отсекогаш било суштината на Porsche: перформанс без компромис.“

Тој додаде дека новиот Cayenne Electric претставува „логична еволуција на еден лидер – комбинација од инстантна моќност, врвна динамика и иновативна електрична архитектура, поставена во препознатливиот Cayenne дизајн.“

Маркетинг Менаџерот на брендот Porsche, г-дин Стефан Јовановски, нагласи дека интересот на македонскиот пазар е значителен:
„Публиката во Македонија е сè поотворена кон електрична мобилност во премиум сегментот. Cayenne Electric носи ново ниво на спортска динамика и дигитална софистицираност. Тоа не е само електричен SUV – тоа е Porsche во својата најнапредна форма.“

Јовановски потенцираше дека предпремиерата во Porsche Center Skopje им овозможи на присутните да бидат помеѓу првите во светот кои одблизу ќе се запознаат со новата технологија, дизајнерскиот правец и иновативните решенија кои го дефинираат моделот.


Настанот беше организиран како ексклузивно претставување со техничка презентација, детално запознавање со електричната платформа и интеракција со експертскиот тим на Porsche Center Skopje.

Со оваа предпремиера, Porsche Macedonia уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон иновации, одржлива мобилност и понуда на најсовремени решенија во премиум сегментот на македонскиот пазар.



За повеќе информации, посетете го Porsche Center Skopje или контактирајте го тимот на Porsche Mac-edonia.
ПР
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.

