Економија
Германија ги става во функција термоелектраните на јаглен
Во Германија како дел од мерките за заштеда на гас се рестартира првата термоцентрала на јаглен, која веќе беше исклучена, јавува Федералната агенција за мрежна инфраструктура.
Електраната Мехрум во Долна Саксонија, во сопственост на чешкиот концерн ЕПХ, е првата електрана што е реактивирана откако федералната влада ги усвои законските измени во средината на јули, кои овозможуваат повторно активирање на веќе затворените електрани на јаглен и нафта од страна на крајот на следната година кога се очекува да постигне висок степен на независност од гасот од Русија.
Електраната Мехрум престана со работа во декември минатата година и е дел од т.н. енергетски резерви кои можат да се активираат во случај на итност.
Според раководството на оваа електрана со моќност од 690 мегавати, производството на струја може да почне „во секој момент“.
Целта на враќањето на електраните на јаглен е да се намали потрошувачката на гас. Министерот за финансии Кристијан Линднер (Либерално-демократска партија ФДП) смета дека гасот мора да се штеди за потребите на домаќинствата и индустријата во претстојната зима, наместо за производство на електрична енергија.
„Не смееме да дозволиме гасната криза да се претвори во криза за снабдување со електрична енергија“, рече Линднер за време на викендот. Тој, како и демохристијанската опозиција, бараат и одржување на преостанатите три нуклеарни централи во функција.
Министерот за економија и енергетика Роберт Хабек смета дека во производството на електрична енергија треба да се откаже од гасот „секаде каде што е можно“.
Во 2018 година, како дел од долгорочната борба против климатските промени, последната влада одлучи целосно да го напушти јагленот како извор на енергија најдоцна до 2038 година.
Пуштање во употреба на нивните централи најавија и компаниите кои стопанисуваат со други електрани на јаглен.
Според проценките на аналитичарите, вреди енергетските компании да ги рестартираат електраните поради високата цена на струјата и доволно количество јаглен на светскиот пазар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

