Економија
Германија и Австрија загрижени: 21 јули е критичен датум за снабдување со гас во цела Европа
Вообичаениот ремонт на гасоводот „Северен тек 1“ претходно не привлече големо внимание на јавноста во Европа, но оваа година поради војната во Украина и тензиите со Русија, создаде нервоза на целиот континент, вклучително и во Австрија, бидејќи се стравуваше дека преку тој цевковод, и по завршувањето на работите, гас нема да тече, анализираат светските медиуми.
Поради ремонт на гасоводот „Северен тек 1“, чиј почеток е предвиден за денеска, и Австрија ќе добие помали испораки на руски гас, изјави министерката за енергетика Леоноре Гевеслер, која смета дека 21 јули, за кога е предвидено да биде завршен, ќе биде критичен датум за испораки на гас во цела Европа.
„Денес, никој не може да предвиди дали испораките ќе бидат целосно обновени по ремонтот“, рече Гевеслер.
И германскиот министер за економија ја изрази својата загриженост за „Северен тек 1“ поради ремонтот од денеска, пренесуваат агенциите.
„Сè е можно, сè може да се случи. Можеби ќе се испорача повеќе гас, повеќе од претходно, но може да има и целосен прекин на испораките“, изјавил министерот за економија, Роберт Хабек.
Најважниот гасовод што ја снабдува Германија со руски гас, „Северен тек 1“ од денеска нема да работи поради ремонт, како што претходно најави операторот, што ја зголемува вознемиреноста во Германија дека тоа може да значи целосно вртење на вентилите, стои во новинарските извештаи.
Работите ќе траат 10 дена, до 21 јули, така што при ремонтот повеќе нема да има испораки на гас од Русија за Германија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

