Економија
Германска студија: работењето од дома е помалку стресно и попродуктивно
Работењето од дома за време на корона-кризата работниците го сфаќаат како позитивна промена, покажа една германска студија, објави Германската новинска агенција (ДПА).
„Вработените што се префрлија на работа од дома за време на корона-кризата имаат помал стрес и се попродуктивни“, се вели во студијата спроведена од Институтот „Форс“ и ИГЕС за компанијата за здравствено осигурување ДАК.
Пред појавата на пандемијата, 21 % од анкетираните изјавиле дека биле под стрес, а 15 % го кажале истото за време на кризата.
Меѓу оние, пак, што редовно работат од дома, 56 проценти рекле дека се чувствуваат попродуктивно дома отколку на работното место.
Понатамошните позитивни ефекти од работењето од дома се подобро усогласување на работата и семејството (две третини од испитаниците), а исто толку испитаници како особено позитивен ефект од работењето од дома го навеле тоа што не треба да патуваат до работа.
76,9 проценти од испитаниците изјавиле дека би сакале да ја задржат оваа форма на работа во иднина.
„Работата од дома не само што го намалува ризикот од зараза, туку е добра и за менталната рамнотежа“, рекол директорот на ДАК, Андреас Сторм, за ДПА.
Тој кажал дека треба да се направат напори да се избегнат негативните аспекти на работењето од дома.
Ова првенствено се однесува на проблемот со јасно разделување на приватниот и деловниот живот, што е наведено како проблем за помладите вработени на возраст меѓу 18 и 29 години.
Три четвртини од анкетираните како негативен го навеле фактот дека повеќе не ги гледаат своите колеги.
Владејачката Социјалдемократска партија на Германија (СПД) објави иницијатива за закон што ќе овозможи право на работа од дома. На ова силно се спротивставија здруженијата на работодавачи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

