Економија
Голема хуманитарна акција на „Нептун“ за поддршка на децата од СОС „Детско село“
Стратешко партнерство кое прераснува во соработка која се работи со многу љубов и посветеност резултира со многу детски насмевки, реалирани млади и дадена втора жанса во животот.
Горди сме на НЕПТУН Македонија кои ја препоразнаа работата на СОС Детско село и несебично во секое делување ја покажуваат нивната подршката со посветеност која е резултат за одржливост.
Ги поттикнуваме сите потрошувачи да купуваат од производите означени со насмевка во продажните салони на „Нептун“ и со тоа се донира за децата од СОС Детско село.
Нептун Македонија ДОО од 10 до 31 мај спроведува кампања “Неверојатен попуст на грижа, љубов и внимание”. Со секој купен производ кој е дел од компаниската промоција, купувачите во „Нептун“ имаат можност да се вклучат во донаторска акција и да дадат свој придонес помагајќи им на децата и младинците без родителска грижа.

Грижата за заедницата е дел од корпоративната култура на „Нептун“, а со оваа кампања компанијата оди чекор понатаму. Намерата е да се вклучат и потрошувачите, односно да се прати порака дека со купување на овие „хуманитарни” производи од „Нептун“ и тие индиректно донираат и учествуваат во поддршката на најранливите категории – децата без родителска грижа.
– Во оваа кампања „делиме гратис насмевки“, наплаќаме „0% камата на детската радост“ и даваме неверојатен “попуст на љубов, грижа и внимание“. Како стратешки партнер на СОС Детско село сметаме дека грижата за децата и младите во социјален ризик треба да биде дел од културата на живеење на целата заедница и дека треба да ги поттикнеме сите што се во можност да се вклучат во активностите за нивна поддршка. Помагајќи им на децата без родители и родителска грижа, за возврат добиваме огромно емотивно задоволство дека на овие деца сме им овозможиле еднакви можности како и на другите деца кои ја имаат таа среќа да растат во стабилни семејства – истакнуваат од „Нептун“.
Вистинска привилегија е што и нашата мала држава преку СОС Детско Село е дел од интернационално семејство, кое во 136 земји во светот работи и е посветено на помош и поддршка на најранливите – ДЕЦАТА.
Заедно за повеќе насмевки!!
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos

