Економија
Големо осовременување на иконата: светска премиера на дигитализираниот Multivan 6.1

Со шестте генерации – од Т1 до Т6 – Volkswagen комерцијалните возила има произведено речиси дванаесет милиони единици во целиот свет. Сега производната линија добива големо освежување – T6.1. Последното издание на иконата.
Дигитализиран и поврзан – Со низата нови помошни системи, дигитални инструменти за прв пат и последната генерација на Volkswagen инфозабавни системи со континуиран онлајн пристап. Овој модел е надополнет и со дизајнот на предниот дел и контролната табла, најновите TDI мотори (90-199 PS) кои ја и преносуваат погонската сила.
Новост во Bulli е целосно електричниот возен систем.
Во Хановер, Volkswagen Комерцијалните возила го претставија Bulli 6.1 на публиката и претставници на меѓународни медиуми во Autostadt Wolfsburg – само на неколку метри од местото каде што биле изградени првите прототипи од моделот пред 70 години.
Од тогаш, Volkswagen Комерцијалните возила континуирано го изменуваа, развиваа и подобруваа нацртот на европските транспортери, големите комбиња и каравани.
Овој редизајн не е исклучок. Доктор Томас Седран, претседател на Управниот одбор на Volkswagen Комерцијални возила изјави: „Новиот T6.1 е автомобил за денес и сега. Имаме докажано возило на кое ги надградивме помошните и инфозабавните системи, како и поврзувањето со најсовремената технологија. Хидрауличното серво управување на Т6 се отстапува за електромеханичкиот систем во Т6.1. Ова менува сè, бидејќи овозможува пристап до нови помошни системи“.
Сердан додаде: „Во T6.1 сакавме да поставиме нови стандарди за безбедност, погодност и удобност на возилото. Особено важна за нас беше стабилноста. И тука направивме значаен напредок“.
Новите помошни системи го вклучуваат стандардниот Cross Wind Assist. Овој систем автоматски го стабилизира Bulli 6.1 секогаш кога има силен ветер. Новите опции во опремата ги вклучуваат и: Lane Assist – системот за одржување на коловозна лента; сега паркирањето е поедноставено со Park Assist системот; Rear View Assist (Помош за заден преглед) избегнува несреќи при возење во рикверц и Trailer Assist го прави управувањето со приколка полесно. Опсегот на нови системи е дополнет со динамичен дисплеј за сообраќајни знаци.
Контролната табла на T6.1 е редизајниранa. Алберт Кирцингер, Раководител на секторот за дизајн изјавува: „Ние систематски ги прилагодувавме барањата на работното место на возачот до дигиталниот свет во возилото“. Ова ги исполнува условите за интегрирање на дигиталниот кокпит (целосно дигитални инструменти) и третата генерација на модуларен инфозабавен матрикс (MIB3) кај T6.1.
Најважната нова опрема на сите инфозабавни системи е интегрираната SIM картичка (eSIM). Оваа eSIM отвора нов опсег на онлајн-базирани функции и услуги. MIB3 системите исто така нудат функции како што се интернет радио и музички „стриминг“ услуги. еSIM ги прави корисничките операции поинтуитивни. Ова е резултат на новите 8-инчни и 9,2-инчни инфозабавни системи во T6.1 кои сега можат да реагираат на гласовни команди со природен говор.
Програмата на моторот е исто така реконфигурирана. T6.1 ќе започне со високо ефикасни 2 литарски турбодизел мотори (2.0 TDI мотори со излези од 66 kW / 90 КС до 146 kW / 199 КС). Сите ги исполнуваат Euro-6d-TEMP-EVAP стандардите за емисии. Врз основа на партнерство со ABT, Т6.1 дури ќе биде понуден како возило со нула емисии (82 kW / 112 КС). Капацитетот на батериите до 77,6 kWh овозможува возење на повеќе од 400 км (NEDC) – правејќи го возило идеално за комерцијални должности во урбаниот свет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
УЈП: Инкасирани 2,3 милијарди денари или 37,4 милиони евра повеќе во буџетот споредбено со јули лани

Во јули 2025 година, Управата за јавни приходи оствари значителен раст на наплатата по основ на даноци и социјални придонеси за речиси 37,4 милиони евра во споредба со јули 2024 година.
Вкупната наплата од даноци (Данок на додадена вредност (ДДВ), данок на личен доход (ДЛД) и данок на добивка ДД) изнесува 14.344 милиони денари, односно приближно 233 милиони евра, што претставува рекордна месечна наплата досега.
По тој основ остварен е раст од 922 милиони денари или околу 15 милиони евра, што е раст од 6,9% во однос на јули 2024 година. Раст од 13,4% се бележи и кај социјалните придонеси, и по тој основ наплатени се 11.823 милиони денари (192,2 милиони евра), што е за 1.400 милиони денари (околу 23 милиони евра) повеќе наплатени средства од придонеси во споредба со истиот месец минатата година.
„Растот на приходите не е случаен – тој е резултат на зголемена економска активност, како и посветена работа, партнерство и доверба која Управата за јавни приходи постојано ја гради со даночните обврзници. Во изминатиот период, а во согласнст со законските надлежности, УЈП презеде низа мерки и е во постојан контакт со даночните обврзници и нивните овластени сметководители кои имаат пријавен, но ненаплатен долг за соодветниот даночен период. Целта е навремено подмирување на обврските и избегнување на блокада на сметки и дополнителни трошоци за присилна наплата“, велат од УЈП.
Во рамки на превентивните мерки, доставени се персонализирани пораки и известувања до обврзниците, со јасна порака за доброволно усогласување. Придобивката од овој пристап е јасна: се овозможува финансиска стабилност кај обврзниците, се избегнуваат санкции и се гради одржлива даночна историја, што директно придонесува за стабилни јавни финансии и позитивна деловна клима.
Економија
Од бесплатни услуги до премиум-привилегии, сè во една банка

Без разлика дали сте примател на плата, пензија или млад корисник на HalkЕz пакетот, да се биде клиент на Халкбанк значи можност, секојдневно да добивате повеќе.
Повеќе слобода, повеќе удобност, повеќе безбедност и пристап до услуги кои ви го олеснуваат животот, а притоа штедите време и пари.
Халкбанк за своите клиенти, приматели на плата/пензија овозможува бројни услуги кои се целосно бесплатни, како на пример подигнување готовина без провизија од сите банкомати, на сите банки, во земјата, со Mastercard дебитната картичка.
За младите до 24 години, HalkEz пакетот значи почеток на финансиска независност со поддршка, со бесплатно одржување на платежна сметка, бесплатно електронско и мобилно банкарство, Visa PayWave дебитна платежна картичка – без надоместок за годишна членарина со која можете да повлекувате готовина без надоместок од сите банкомати во земјата и странство.
За пензионерите, Халкбанк обезбедува сигурност и лесни пензионерски денови, преку редовна и навремена исплата на пензијата пред секој 1ви во месецот, како и преку овозможување на бесплатни услуги кои се дел од специјалниот Пакет за пензионери. Пензионерите добиваат бесплатна MasterCard дебитна картичка со која можат да подигнуваат готовина од сите банкомати, на сите банки во земјата без провизија, а дополнително и бесплатно електронско банкарство и бесплатна мобилна апликација. Интерните налози на шалтерите на банката се без провизија. За секоја направена трансакција, пензиониерите добиваат и бесплатни СМС известувања.
За оние што што бараат нешто повеќе, тука се Премиум картичките на банката. Во премиум програмата, Mastercard World Debit, Mastercard World Credit, Visa Platinum и Visa Gold на Халкбанк носат едно поразлично ниво на искуство.
Со дебитната премиум картичка Visa Platinum следува бесплатно подигање на готовина во странство, бесплатно електронското банкарство и СМС инфо, како и 2 бесплатни посети на LoungeKey и Fast Track услугата, додека со Mastercard World Debit добивате бесплатно годишен пристап од 6 влеза до аеродромските LoungeKey салони, како и Асистенција на пат – пакет Европа. Со Мastercard World Credit овозможен е бесплатен пристап до Lounge Key салоните за над 1400 аеродроми во светот, кадешто ќе најдете сè што ви е потребно за мирен старт на патувањето, удобни места за седење, бесплатни освежувања и пијалоци, Wi-Fi, електрични приклучоци, весници и она најважното, мир.
Со Visa Gold премиум картичката, корисниците покрај можноста за пристап до висок кредитен лимит и полиса за осигурување од незгода може да уживаат во привилегијата на бесплатна Fast Track услуга на аеродромот во Скопје, која овозможува побрзо завршување на административните формалности во делот за полетување, а кои вклучуваат пасошка контрола и безбедносна проверка.
Преку кредитната картичка Visa Travel се добива пристап и до иновативните ORYX услуги, кои нудат поддршка на пат (ORYX на пат) во случај на незгода или потреба од влечна служба и Drive Angel мобилна апликација која ги предупредува возачите на небезбедно возење, овозможува итни повици и повици во случај на несреќа и многу повеќе.
Како приматели на плата и корисници на Халк Смарт пакетот, за само 150 денари месечен трошок, добивате дебитна картичка со можност за повлекување готовина од сите банкомати, на сите банки во земјата без провизија, без годишна членарина и без трошок за редовно реиздавање. Во рамки на пакетот е вклучено и електронско т.е. мобилно банкарство, без никакви дополнителни трошоци за месечно одржување, како и со неограничен број на бесплатни електронски, интерни или меѓубанкарски, налози ПП30 и ПП50. Со пакетот добивате и бесплатни СМС известувања за сите извршени трансакции. Како дополнителна вредност за корисниците на пакетот, вклучен е и подарок ORYХ Home Аssistance – поддршка за поправки во домот, без надомест.
Со Халкбанк, добивате многу повеќе од обична банкарска услуга, добивате партнер кој е тука за вас во секој чекор. Со транспарентни услуги, практични решенија и постојана грижа за клиентите, Халкбанк е ваш доверлив финансиски партнер.
(ПР)
Економија
ВМРО-ДПМНЕ: Заврши времето на матни тендери во енергетиката, СДС да се помири дека државата оди напред

ВМРО-ДПМНЕ испрати реакција на прес-конференцијата на Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ.
„Заврши времето на матни тендери во енергетиката, СДС да се помири дека државата оди напред.
Ветерниот парк во Штип, Карбинци и Радовиш е најголема енергетска инвестиција од осамостојувањето до денес. 500 милиони долари ќе влезат во државата, а СДД наместо да се радува лее солзи.
Многу скоро од денес, Македонија од увозник на струја, ќе стане извозник.
Владата ја обезбедува енергетската сигурност на државата.
Иднината во Македонија ќе биде сигурна, сите ќе живееме во држава која ги има сите придобивки на 21-от век. А, СДС слободно може да останат со реториката во минатиот век, народот тоа го гледа и ќе ги избрише на следните избори“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.