Економија
„Горско пиво“ со збогатен вкус и во ново пакување
Под мотото „Твое пиво, твој начин“, „Пиварница Скопје“ официјално го пушти во продажба „горско пиво“ во ново пакување и со збогатен вкус. Од компанијата велат дека со пуштањето на пазарот на збогатеното „горско пиво“ всушност заокружуваат еден подолг технолошки процес, чија главна цел беше да се одговори на потребите на потрошувачите, особено на љубителите нa светли пива со полесен вкус во кој спаѓа и „Горско“.
„Иако брендот ‘горско’ е релативно помлад член на семејството пива оригинално произведени од страна на ‘Пиварница Скопје’ , уште од неговото појавување во 2003 година успешно се позиционираше на македонскиот пазар. Денеска, на неговиот 15-годишен јубилеј, континуитетот на оваа успешна приказна го заокружуваме со збогатување на неговиот вкус и освежување на неговиот изглед. Очекуваме дека со ваквиот чекор ‘горско’ дополнително ќе ја зацврсти својата пазарна позиција освојувајќи ги вистинските љубители на пивото“, изјавија од „Пиварница Скопје“
Со носечката порака на кампањата – „Твое пиво, твој начин“, преку која ќе се претстави новиот изглед на пивото и ќе се одбележи неговиот јубилеј, од „Пиварница Скопје“ велат дека сакаат да ја одважат инвентивноста прикриена во секое ќоше од нашата земја, која извира од луѓето како еден вид непроценливо богатство со кое располагаме.
„Токму тоа и претставуваше главната инспирација за кампањата, затоа што токму таков е и самиот карактер на брендот ‘горско’ – пиво кое ги слави и обединува сите оние коишто знаат да го живеат животот на свој начин. Со новиот изглед и збогатениот вкус само ја прославуваме успешната приказна којашто изминативе 15 години брендот ја изгради заедно со неговите верни потрошувачи“, истакнаа од „Пиварница Скопје“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

