Економија
Грковска – Дод: За ефикасно справување со сивата економија и корупцијата, неопходен е координиран и системски пристап
Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска имаше состанок со делегација од Трезорот на САД, составена од Џорџ Дод, постар советник за јавни приходи, и Лесли Леркиндер, помошник-директор за јавни приходи, со кои разговараше за потребата за унапредување на капацитетите на институциите во земјата во борбата против сивата економија и корупцијата.
Вицепремиерката Грковска се заблагодари на претставниците од Трезорот на САД, кои се во оценска мисија на Република Северна Македонија за дефинирање на меѓусебната соработка во наредните пет години, за поддршката што САД ѝ ја дава на нашата држава во јакнење на капацитетите на институциите.
Таа истакна дека е многу важно преку системски политики и мерки координирано да се спротивставиме на сите облици на корупција.
Во таа насока, додаде Грковска, е подготовката на законот за потекло на имот, чија изработка ја координира Кабинетот за политики за добро владеење, кој е во завршна фаза.
Дополнително, оцени вицепремиерката, таков координиран пристап мора да имаме и за подготовка на законска регулатива за офшор-трансакциите за што побара поддршка и експертиза од САД.
Господинот Дод нагласи дека, според досегашната анализа, има простор за соработка во повеќе области, како што се Управата за јавни приходи, Царинската управа, како и низа други институции, кои имаат клучна улога во справувањето со сивата економија и организираниот криминал и корупцијата.
Тој оцени дека многу важно во овој процес е соодветна екипираност на институциите со стручни кадри, кои ќе одговорат на задачите, но и да се зајакне системот на внатрешна контрола во институциите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Поскапуваат бензините и дизелот
Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Од 4.11.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,913 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,856 ден/кг и сега ќе изнесува 36,913 ден/кг.
Економија
Славески: Во септември депозитите на домаќинствата достигнале 427 милијарди денари
Штедењето е системска неопходност и важен фактор за одржлив економски раст и за финансиска стабилност, порача гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, на настанот по повод Светскиот ден на штедењето, којшто се одржа во организација на Македонската банкарска асоцијација, во присуство на министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, директорот на Фондот за осигурување депозити, Бехар Емини, претседателката на МБА, Маја Стевкова-Штериева и претставници од банкарскиот сектор.
Во своето обраќање, гувернерот нагласи дека во време на светска неизвесност и последователни кризи, штедењето претставува темел на отпорноста на економијата и на стабилноста на финансискиот систем.
„Отпорноста не е реакција, туку прашање на претходна подготвеност – градење простор за справување со кризите пред да се случат“, истакна Славески.
Тој посочи дека и покрај бројните шокови во последните години, кај граѓаните е задржана склоноста кон штедење и довербата во банкарскиот систем. Според податоците, во септември 2025 година, депозитите на домаќинствата достигнале 427 милијарди денари, што претставува раст од над 50% од почетокот на пандемијата. Зголемен е и уделот на денарските и на долгорочните депозити, што придонесува за стабилност и ја зајакнува отпорноста на економијата.
Гувернерот нагласи дека поттикнувањето на штедењето е од суштинско значење за зголемување на потенцијалот за раст и за намалување на зависноста од надворешни извори на финансирање, особено во контекст на светски економски промени, геополитички тензии и структурни предизвици. Според него, економиите во регионот мора повеќе да се потпираат на сопствените заштеди како двигател на инвестициите и долгорочната стабилност.
„Во свет полн со неизвесност, претпазливоста е најкредибилната константа, а штедењето е системска неопходност“, истакна Славески, додавајќи дека негувањето на културата на штедење и финансиска одговорност во рамки на семејствата, институциите и општеството е вложување не само во личната сигурност, туку и во економската сила на државата.
Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците
Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,19 п.п., при што во септември таа изнесува 2,20%, извести Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,56 п.п. и изнесува 4,85%, информира Народната банка.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска

