Економија
Групацијата за обновливи извори на енергија: Малите хидроелектрани се иднината како најефикасен и најзначаен обновлив извор на енергија
Групацијата на обновливи извори на енергија (ГОИЕ) при Стопанската комора на Северна Македонија денеска одржа онлајн прес-конференција претставувајќи ги своите заложби за одржливо искористување на ресурсите и презентирајќи ги придобивките од работата на малите хидроелектрани како еден од најефикасните и најзначајни обновливи извори на енергија.
Според д-р Александар Дединец од истражувачкиот центар за енергетика и одржлив развој на МАНУ, во стратегијата за енергетска транзиција во Македонија до 2040, наместо сегашните 17 %, обновливите извори треба да учествуваат со 43 проценти од вкупното производство, што ќе значи 55 % намалување на емисијата на стакленички гасови во споредба со состојбата од 1990 година.

„Македонија не е многу богата со ресурси, затоа секој обновлив ресурс што ни е на располагање треба да се искористи, вклучувајќи ги водните потенцијали преку работата на малите хидроелектрани“, смета Дединец.
Во предностите на малите хидроцентрали тој го потенцира производството на чиста енергија, како и дека не предизвикуваат аерозагадување, не генерираат гасови, водата ниту се троши ниту се загадува, а емисијата на CO2 e нула.
Од Групацијата за обновливи извори објаснуваат дека малите хидроелектрани придонесуваат за децентрализација на енергетскиот систем и намалување на увозот на електрична енергија, истовремено создаваат работни места на локално ниво, но придонесуваат и за локалната економија воопшто преку даноците и придонесите кон државата. Неоспорно е и нивното индиректно економско влијание преку ангажирање надворешни експерти и компании, меѓутоа една од главните економски придобивки е дека обезбедуваат одржлив развој на енергетскиот систем, полесни се и поевтини за проектирање и имаат исклучително долг век на траење.
Според Самоил Целески од ЕМК „Мали хидроелектрани“, свесни се за предизвиците со кои се соочува локалното население во однос на изградбата.

„Факт е дека секоја човечка активност има влијание на природната околина. Меѓутоа, со почитување на добрите градежни практики за справување со таквите ефекти, воспоставување патеки за риби, заштитни градежни објекти, рекултивација, пошумување и секако неприкосновено почитување на регулативата, тоа влијание може да се сведе на минимум“, рече Целески појаснувајќи дека за 5 години природата самостојно се враќа во првобитната состојба, а градежниот опфат за една мала хидроелектрана не надминува 3 хектари.
Во контекст на сушењето на реките, тој посочи дека МХЕ, всушност, не ја зема водата, туку само ја користи нивната енергија.
Од Групацијата на обновливи извори на енергија потенцираа дека се залагаат за доследно почитување на законите и регулативите, како и за нивно унапредување, останувајќи партнер на државата со отвореност за дијалог со институциите и невладиниот сектор. Потенцираа и дека Групацијата и компаниите членки вложуваат и ќе вложуваат во општествено одговорни проекти и најавија понатамошни инвестиции во локални еколошки проекти, а ги претставија и новите канали за комуникација, веб-страницата www.goie.mk и фејсбук-страницата на ГОИЕ.
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Исплатени се 338.468.141 денари кон 9.567 овоштари
Извршена е исплата во износ од 338.468.141 денари кон 9.567 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Истата е реализирана согласно Мерка 1.6 – директни плаќања по обработлива површина за одржување на постоечки овошни насади, со што се обезбедува континуирана поддршка за одржување и унапредување на овоштарското производство.
Економија
Отворен Економскиот бизнис форум помеѓу Северна Македонија и Словачка
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје, заедно со министерот за финансии на Словачката Република, Ладислав Каменицки, го отвори Економскиот бизнис форум помеѓу Република Северна Македонија и Словачката Република, на кој присуствуваа голем број домашни и словачки компании.
„Настанот, организиран од двете министерства со вклученост на повеќе економски институции, беше одлично посетен од претставници на стопанските комори и бизнис-заедницата. Присутните имаа можност за директни средби и вмрежување со словачките компании од секторите енергетика, градежништво, здравство и медицина, туризам, ИКТ, трговија и други услужни дејности“, соопштија од Министерството.
Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека форумот претставува потврда не само на политичката блискост меѓу двете држави, туку и на заедничката верба во силата на економското партнерство.
„Економската дипломатија не е дополнување на надворешната политика – таа е нејзино јадро. Силните политички односи мора да бидат придружени со силни економски темели“, нагласи Муцунски, изразувајќи благодарност до словачките партнери и компании за нивното присуство, кое, како што посочи, претставува знак на доверба.
Тој истакна дека Северна Македонија нуди стабилност, отвореност и предвидливост како основа за инвестирање, при што континуираното усогласување со европското законодавство претставува заложба за транспарентност и правна сигурност. Посебно ги нагласи потенцијалите во автомобилската индустрија, производството на компоненти, ИКТ-секторот, обновливите извори на енергија и агробизнисот.
Министерот посочи дека достигнувањата на Словачка во автомобилското производство, иновациите и енергетската транзиција создаваат природна основа за продлабочување на партнерството преку заеднички инвестиции, интеграција на синџирите на снабдување и трансфер на технологии.
Во рамки на форумот беше потпишан и Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Северна Македонија и словачката агенција SARIO, со што се отвора дополнителен простор за директна институционална соработка и заедничка промоција на економските потенцијали.
Муцунски истакна дека Владата останува цврсто посветена на поддршка на бизнис-заедницата преку дипломатската мрежа, институциите за промоција на инвестиции и механизмите за олеснување на трговијата, со цел идентификување нови можности и отстранување на административните пречки.
Форумот, како што беше оценето, претставува конкретен чекор кон продлабочување на економската соработка и создавање нови можности за инвестиции, иновации и одржлив раст во интерес на двете држави.
Економија
Компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска со донација за погодените семејства од поплавите во Кичево
По поплавите во Кичево што доведоа до евакуација на околу 250 луѓе од 63 домаќинства, компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска уште еднаш ја потврдија својата општествена одговорност преку донација на средства за лична хигиена за лицата кои се привремено згрижени во градската спортска сала „Христо Узунов“.

Пакетите, кои содржат основни производи за секојдневна хигиена, како и вода и храна се наменети за најзагрозените домаќинства со цел да им помогнат полесно да се справат со последиците од природната непогода.


Со оваа хуманитарна иницијатива, компанијата испраќа силна порака за солидарност и поддршка во моменти кога заедништвото е најпотребно, останувајќи доследна на својата општествено одговорна мисија.
(ПР)

