Економија
Г7 со остри критики против американските тарифи, опасност од трговска војна

Американскиот министер за финансии, Стив Мнучин, се соочи со остри критики од лутите министри за финансии на другите земји од Г7 поради наметнувањето на новите тарифи за увоз на челик и алуминиум во Америка. Францускиот миистер, Бруно Ле Маир предупреди дека трговската војна би можела да започне за неколку дена.
Кина предупреди дека сите трговски разговори со САД ќе бидат неважечки ако Вашингтон воведе санкции. Во меѓувреме, американскиот министер за трговија, Вилбур Рос се сретна со кинескиот вицепремиер Лиу Тој во Пекинг за да се обиде да ги олесни трговските тензии.
Државната новинска агенција Ксинхуа соопшти дека Кина е подготвена да го зголеми увозот од многу земји, вклучувајќи ги и САД.
Рос побара договор за земјоделството и енергијата за да го ограничи американскиот трговски дефицит со Кина, неколку дена откако Вашингтон се закани дека ќе наметне дополнителни тарифи за кинеската стока од 50 милијарди долари.
When you’re almost 800 Billion Dollars a year down on Trade, you can’t lose a Trade War! The U.S. has been ripped off by other countries for years on Trade, time to get smart!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) June 2, 2018
Американскиот претседател порача на Твитер дека САД биле со години биле отфрлени од други земји на трговија.
Тој вели дека челичните тарифи ќе ги штитат американските производители на челик, за кои тој вели дека се од витално значење за националната безбедност. Трамп, исто така, се пожали на бариерите со кои се соочуваат американските фирми во Европа и на други места.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Исплатени 99.743.746,00 денари кон 1.865 лица за предадени јаболка

Денеска се исплатија 99.743.746,00 денари кон 1.865 лица од подмерка 1.9 за јаболка предадени кај регистрирани откупувачи или регистрирани преработувачки капацитети, од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, извести Министерството за земјоделство.
Од таму најавуваат дека продолжува поддршката кон производителите на јаболка.
Економија
УЈП со повик: Платете го веднаш достасаниот данок по ДЛД-ГДП и избегнете присилна наплата

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници, кои во законскиот рок не ја платиле даночната обврска по ДЛД-ГДП 2024, да го исполнат својот даночен долг.
Во согласност со евиденцијата на УЈП, 3.155 даночни обврзници ја немаат намирено разликата за доплата на данокот на личен доход утврдена во годишната даночна пријава за данокот на личен доход (ДЛД-ГДП) за 2024 година, што требаше да се исполни во законскиот рок до 30 јуни.
„Во следниот период УЈП ќе премине кон опоменување и присилна наплата на достасаните неплатени долгови по овој основ, што ќе доведе до дополнителни трошоци по основ на камата за задоцнето плаќање од 0,03 % дневно и еднократна посебна такса во постапка на присилна наплата“, информира УЈП.
Дополнителни информации се објавени на страницата на УЈП, во делот плаќање даноци на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje.
Економија
Меџити: Поддршка со 227 милиони денари за 43 проекти во 33 општини

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска ги потпиша договорите за реализација на 43 капитални проекти во 33 општини во државата.
За овие проекти се обезбедени над 227 милиони денари директна финансиска поддршка од Министерството, со што се овозможува имплементација на конкретни решенија во областа на канализацијата, водоснабдувањето и управувањето со водните ресурси.
„Убеден сум дека ова е најправилниот и најефикасен модел на соработка – директно партнерство меѓу Владата и општините, со цел да им донесеме на граѓаните конкретни придобивки“, изјави министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.
Тој исто така ја потенцира важноста од навремената и квалитетна реализација повикувајќи на одговорност и посветеност од страна на сите општини.
„Немаме време за губење. Секој ден што ќе го добиеме во овој процес е еден ден повеќе во служба на граѓаните“, изјави Меџити нагласувајќи дека преку ова партнерство се поставуваат нови стандарди во справувањето со инфраструктурните и еколошките предизвици.