Економија
„Да ги вратиме нашите работници дома“ – промовиран новиот план со мерки за вработувања и услуги
Под мотото #Шанса За Сите, денеска Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски во партнерство со Агенцијата за вработување и Програмата за развој на Обединетите нации, официјално го промовира Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2024 година. Планот оваа година опфаќа 15.244 крајни корисници од кои 11.622 лица во мерки за вработување и 3.622 со услуги.
„Оперативниот план за активни мерки и политики за вработување кој прв пат е донесен во 2007 година во контиунитет претставува добра алатка за зголемување на вработливоста на невработените и потешко вработливите категории на граѓани. Преку Оперативен план за вработување, директно се влијае на зголемување на вработеноста и вработливоста на невработените лица, кои потешко би можеле да се вклучат на пазарот на труд како што се млади, Роми, долгорочно невработени лица. Наша основна цел ќе биде да ги вратиме нашите работници дома“, изјави министерот Велковски во неговото обраќање.
Во креирањето на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2024 година, како стратешки документ и план за зголемување на вработеноста и вработливоста кај невработените лица, главна цел на сите вклучени страни е воспоставување на функционална и флексибилна платформа за имплементација на мерки и услуги, при што целта е да се понуди шанса за сите. Од МТСП велат дека во дефинирањето на содржините, како општо правило се настојуваше да се постигне еднаква застапеност на мажи и жени, како и учество на младите лица до 29 години од најмалку 30 проценти. Ранливите категории на невработените лица остануваа уште еден од приоритетните цели на Оперативниот план, со што се потенцира општата заложба за еднакви можности за сите. Притоа, Министерот Велковски изјави:
„Следејќи ги трендовите на Европската унија, стимулираме развој на дигитална и зелена економија во рамките на Оперативните планови за вработување. За таа намена, Македонија ќе продолжи со имплементација на мерките “Поддршка за креирање на нови работни места преку зелени инвестиции“ со што се поттикнува создавањето на нови вработувања и воедно ќе го катализира процесот на зелена трансформација на приватниот сектор. Исто така, со мерката “Обуки за напредни ИТ вештини“ ќе овозможиме бројот на невработените лица да се интегрираат на пазарот на трудот благодарение на новата ИТ вештина стекната преку Оперативниот план“, вели тој.
Од Министерството за труд и социјална политика велат дека уште од 2007 година , во континуитет ги креираат мерките за вработување содржани во годишните оперативни планови за вработување. Оваа година посебен фокус ќе биде ставен на поддршката на развојот на домашните претпријатија, пред сѐ на микро, малите и средните бизниси како и обезбедување на соодветна работна сила преку различните видови на обуки во реални работни услови. Дигитална трансформација и воведување на нови зелени инвестиции исто така се во фокусот на Оперативниот план за вработување.
Постојаниот претставник на УНДП во Македонија, Армен Григорјан најави нови иновативни механизми за поттикнување на економскиот раст и развој на приватниот сектор и обезбедување еднакви можности за граѓаните на Македонија.
„Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП), како долгогодишен партнер на владата и националните институции ќе ја продолжи соработката со сите релевантни чинители преку дизајнирање иновативни механизми за поттикнување на економскиот раст и развој на приватниот сектор и обезбедување еднакви можности за сите. И во овогодинешниот Оперативен план, УНДП во партнерство со Агенцијата за вработување ќе реализира неколку клучни мерки и програми за вработување и зголемување на вработиливоста со фокус на ранливите категории.“ – истакна Постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Сали на министерски состанок на ЕК за спроведување на CBAM: Земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем
Министерот за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на министерскиот состанок посветен на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), каде ја истакна посветеноста на Северна Македонија кон европските цели за декарбонизација и усогласување со климатското и енергетското законодавство на ЕУ.
Состанокот беше организиран од Европската комисија со цел да се информираат земјите од Западен Балкан за најновите случувања поврзани со спроведувањето на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), кој стапи во сила на 1 јануари 2026 година и има директни импликации врз процесот на проширување и енергетските сектори во регионот.
Тој нагласи дека Владата во јануари 2026 година го усвои нацрт-Законот за климатска акција, со кој се поставува правната основа за системот за мониторинг, известување, верификација и акредитација на емисиите, како клучен чекор кон воведување на јаглеродно ценообразување.
Сали посочи дека земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем, што е важен дел од постепеното вклучување во заедничкиот европски пазар на електрична енергија.
Во однос на CBAM, министерот истакна дека Северна Македонија ги поддржува целите на механизмот, но дека е неопходно да се земат предвид специфичните карактеристики на земјите кандидати и договорните страни на Енергетската заедница, особено поради нивната изложеност на ценовни разлики и техничките предизвици во прекуграничната трговија со електрична енергија.
Тој повика на внимателна и постепена имплементација, вклучително и продолжување на транзицискиот период, со цел да се избегнат несакани ефекти врз регионалните пазари и да се поддржи интеграцијата на обновливите извори на енергија.
Министерот Сали подвлече дека Северна Македонија останува силно посветена на европската зелена агенда и на постепено воведување на инструменти за јаглеродно ценообразување, со крајна цел целосно интегриран, безбеден и декарбонизиран европски енергетски пазар.
Економија
Предпремиера на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje
Во ексклузивна атмосфера и во присуство на клиенти, партнери и медиуми, Porsche Macedonia ја одржа предпремиерата на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje. Настанот означи почеток на ново поглавје за еден од најуспешните модели на брендот, кој повеќе од две децении поставува стандарди во SUV сегментот.


Генералниот директор на Porsche Macedonia, г-дин Златко Муцунски, во своето обраќање истакна:
„Cayenne отсекогаш бил модел со стратешко значење за Porsche. Тој ја трансформираше компанијата и го редефинираше сегментот. Денес, со новата генерација, го продолжуваме тој дух на храброст и визија – со технологија која го засилува она што отсекогаш било суштината на Porsche: перформанс без компромис.“

Тој додаде дека новиот Cayenne Electric претставува „логична еволуција на еден лидер – комбинација од инстантна моќност, врвна динамика и иновативна електрична архитектура, поставена во препознатливиот Cayenne дизајн.“

Маркетинг Менаџерот на брендот Porsche, г-дин Стефан Јовановски, нагласи дека интересот на македонскиот пазар е значителен:
„Публиката во Македонија е сè поотворена кон електрична мобилност во премиум сегментот. Cayenne Electric носи ново ниво на спортска динамика и дигитална софистицираност. Тоа не е само електричен SUV – тоа е Porsche во својата најнапредна форма.“

Јовановски потенцираше дека предпремиерата во Porsche Center Skopje им овозможи на присутните да бидат помеѓу првите во светот кои одблизу ќе се запознаат со новата технологија, дизајнерскиот правец и иновативните решенија кои го дефинираат моделот.


Настанот беше организиран како ексклузивно претставување со техничка презентација, детално запознавање со електричната платформа и интеракција со експертскиот тим на Porsche Center Skopje.

Со оваа предпремиера, Porsche Macedonia уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон иновации, одржлива мобилност и понуда на најсовремени решенија во премиум сегментот на македонскиот пазар.



За повеќе информации, посетете го Porsche Center Skopje или контактирајте го тимот на Porsche Mac-edonia.
ПР
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.

