Економија
Денеска се затвора јавниот повик за ваучери за одмор на работници со ниски приходи

Министерството за економија ги известува граѓаните дека заклучно со денешниот ден, 16 јуни (среда), се затвора јавниот повик за издавање потврда-ваучер за користење средства за организиран одмор на работници со ниски приходи, чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето-износот од 30.000 денари.
Јавниот повик беше објавен на 8 јуни и со краен рок за аплицирање 30 јуни. За една недела од објавувањето на јавниот повик, во архивата на Министерството за економија се пристигнати над 2.600 апликации, информираат од оваа институција.
Појаснуваат дека оваа мерка е во рамките на Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи 2021 и предвидува издавање потврди-ваучери за туризам во вредност од 12.000 денари за лица со ниски примања за тие да ги користат во категоризираните угостителските објекти за сместување (хотели) лоцирани во туристичките центри во Република Северна Македонија, кои претходно се пријавени во Министерство за економија.
Според јавниот повик, оваа година за реализација на оваа мерка се предвидени 15 милиони денари за вкупно 1.250 ваучери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Според пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, лицемерен бил предлогот на СДСМ за намалување на ДДВ-то на храната и струјата

Лицемерни се предложените измени од пратениците од СДСМ за намалување на ДДВ-то на храната и струјата, изјави Игор Здравковски од пратеничкта група на ВМРО-ДПМНЕ откако владејачкото мнозинство не даде поддршка за овој предлог во законодавниот дом.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека по седум години власт, социјалдемократите предлагаат мерка за намалување на ДДВ на храната и струјата, а претходно ги зголемија стапките на ДДВ на стотици артикли.
„Во ситуација на енергетска криза, кога цената на берзите беше над 800Е за MWh, тие беа глуви на барањата на потрошувачите, на опозицијата и на граѓаните, па не дадоа ниту време, ниту модус да застанат на страна на граѓаните. Напротив, го искористија моментот да го искрадат и уништат енергетскиот сектор преку матни тендери. Економските и енергетските генијалци, успеаја цената на производот на електрична енергија да ја качат од 45Е на 133Е за MWh. Денес цената на струјата е стабилна, а покачувањето е 1,48 отсто во последните 8 месеци“, рече Здравковски.
Како што додаде, со активните мерки со ограничување на маржите ќе има запирање на инфлацијата на храната, а со тоа и заштита на стандардот на граѓаните.
До СДСМ порача, наместо да се однесуваат лицемерно,во иднина да ги прифатат мерките на Владата и конструктивно заедно да работат за доброто на граѓаните.
Предлогот на СДСМ предвидуваше намалување на ДДВ-то за струјата, што, како што велат предлагачите, ќе значеше 13 отсто пониски сметки за над 600 илјади домаќинства. За сметка од 3.000 денари, граѓаните ќе заштедеа 400 денари месечно, а за повисоките сметки, заштедата ќе беше уште поголема. Истото тоа важи и за основните прехранбени производи. Пратеникот Фатмир Битиќи изјави дека нмалувањето на ДДВ на нула проценти ќе значеше директно поевтинување на храната, односно над 3.000 производи ќе беа поевтини, меѓу кои лебот, брашното, млекото, јајцата, маслото, шеќерот и сите други основни продукти што секојдневно ги купуваат граѓаните.
Економија
Од полноќ поевтинуваат горивата

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,256% или за 9,300 $/тон, кај дизелот намалувањето е во просек за 0,356% или за 2,550 $/тон, кај екстра лесното масло намалувањето е во просек за 0,325% или за 2,300 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,247% или за 1,200 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.02.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 81,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.02.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 73,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 73,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,012 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 20.02.2025 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 46,178 ден/кг.
Економија
Не помина предлогот на СДСМ за намалување на ДДВ-то на струјата и храната

Наместо да донесат одлука што директно ќе го олесни товарот врз семејните буџети, пратениците од владејачката коалиција одбија да ги поддржат измените и дополнувањата на Законот за ДДВ, со кои предложивме намалување на ДДВ-то за електричната енергија од 18 на 5 отсто и укинување на ДДВ-то за основните прехранбени производи, објави пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи.
Како што рече, во време кога цените на храната растат без контрола, кога електричната енергија стана најскапа во регионот, кога граѓаните се принудени да живеат во постојана неизвесност за наредниот месец, мнозинството ги отфрли конкретните мерки, што веднаш ќе значеа помали сметки за струја и поевтина храна.
Предлогот предвидуваше намалување на ДДВ-то за струјата, што, како што велат предлагачите, ќе значеше 13 отсто пониски сметки за над 600 илјади домаќинства. За сметка од 3.000 денари, граѓаните ќе заштедеа 400 денари месечно, а за повисоките сметки, заштедата ќе беше уште поголема.
Истото тоа важи и за основните прехранбени производи. Намалувањето на ДДВ на нула проценти ќе значеше директно поевтинување на храната, односно над 3.000 производи ќе беа поевтини, меѓу кои лебот, брашното, млекото, јајцата, маслото, шеќерот и сите други основни продукти што секојдневно ги купуваат граѓаните, рече Битиќи.
Најави дека СДСМ ќе продолжи политички да се бори за системски решенија за замрзнување на цените на основните производи, за фиксни маржи што ќе спречат злоупотреби, за итна примена на Законот за нефер трговските практики, за поевтин зелен картон и за зголемување на платите преку замрзнување на придонесите.