Економија
Димковски: Растат откупните цени и извозот на земјоделските производи
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски денеска ги презентираше движењата на откупните цени и извозот на сезонските земјоделски производи. Официјалните податоци од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и од Државниот завод за статистика, покажуваат пораст на вредноста на извозот на клучните извозно-ориентирани земјоделски производи.
Министерот Димковски посочи дека развојните политики и мерки коишто Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ги презема изминатите две години, даваат позитивни резултати во земјоделството, трудот на земјоделецот почнува да се цени и вреднува, расте побарувачката за македонските земјоделски производи, не само на домашниот туку и на странскиот пазар.
„Во 2018 година извозот на конзервиран зеленчук изнесува 41,4 милиони евра а во 2017 година 38,9 милиони евра, што е пораст за 6%. За 19 отсто е зголемена вредноста на извезени краставици и корнишони, и тоа најмногу на пазарите во Европската унија. Вредноста на извезени пиперки во 2018 година е зголемена за 18% за разлика 2017 година. Воведувањето на мерката за укинување на царината за увоз на замрзнато свинско месо во 2018 година, придонесе за значителен пораст на извозот на месните преарботки. Во 2017 извозот беше 11 милиони евра, а лани 14,6 милиони евра, што е пораст за 33 отсто, изјави министерот“, изјави министерот Димковски.
Во 2018 споредено со 2017 година за 17 отсто е зголемен извозот на флаширано вино или од 21,8 милиони евра во 2018 на 25,5 млиони евра лани. Во делот на овошјето, се забележува значителен пораст на извозот на праски и нектарини од 16 отсто, а за 11 отсто е пораснат извозот на трпезно грозје.
Димковски потенцираше дека во овој период, особено во месец јули, кога е интензивна бербата и откупот на сезонскиот зеленчук и овошје, податоците покажуваат зголемување и на откупните цени. Во јули оваа година откупната цена на краставицата бележи пораст за 145,8 отсто, а споредено со истиот период 2013 година зголемувањето е за 240 отсто. За 85,5 отсто е зголемена откупната цена на доматот во јули годинава споредено со истиот период лани или за 143 отсто споредено со јули 2015 година. Оваа година пченицата се откупува за 10,4 денари, за разлика од 2016 година кога била 8,48 денари за килограм, што е пораст од 23 отсто.
„Поради отворените пазари, зголемената побарувачка на македонските земјоделски производи и порастот на откупните цени, до овој момент МЗШВ нема воведено ниту една интеревентна мерка, како што тоа беше случај во изминатите години. Земјоделството е еден од носечките столбови на македонската економија, затоа како Влада посветуваме посебно внимание на политиките кои ги спроведуваме за овој сектор, со посебен акцент на развојните мерки и проекти, како и нови инвестиции кои ќе придонесат кон забрзан раст на оваа стратешка економска гранка“, изјави министерот Димковски.
Пораст на откупната цена од 89,1 отсто е забелжан кај лубеницата, јули 2018 со истиот период оваа година, или за 116 отсто споредено со 2015 година. Откупната цена на белото грозје во 2016 година била 30 денари за килограм, а оваа година 50 денари, што претстваува пораст од 67 отсто. Кај сливите, откупната цена во јули оваа година споредено со истиот период лани е зголемена за 18,8 отсто или за 23 отсто споредено со јули 2016 година. За 31 отсто расте откупната цена на пиперката или во јули 2018 година изнесува 22,14 денари а годинава 29 денари за килограм. Кај оризот, за периодот јули 2018 со јули 2019 година се забележува пораст на откупната цена за 8,7 отсто.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Сали на министерски состанок на ЕК за спроведување на CBAM: Земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем
Министерот за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на министерскиот состанок посветен на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), каде ја истакна посветеноста на Северна Македонија кон европските цели за декарбонизација и усогласување со климатското и енергетското законодавство на ЕУ.
Состанокот беше организиран од Европската комисија со цел да се информираат земјите од Западен Балкан за најновите случувања поврзани со спроведувањето на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), кој стапи во сила на 1 јануари 2026 година и има директни импликации врз процесот на проширување и енергетските сектори во регионот.
Тој нагласи дека Владата во јануари 2026 година го усвои нацрт-Законот за климатска акција, со кој се поставува правната основа за системот за мониторинг, известување, верификација и акредитација на емисиите, како клучен чекор кон воведување на јаглеродно ценообразување.
Сали посочи дека земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем, што е важен дел од постепеното вклучување во заедничкиот европски пазар на електрична енергија.
Во однос на CBAM, министерот истакна дека Северна Македонија ги поддржува целите на механизмот, но дека е неопходно да се земат предвид специфичните карактеристики на земјите кандидати и договорните страни на Енергетската заедница, особено поради нивната изложеност на ценовни разлики и техничките предизвици во прекуграничната трговија со електрична енергија.
Тој повика на внимателна и постепена имплементација, вклучително и продолжување на транзицискиот период, со цел да се избегнат несакани ефекти врз регионалните пазари и да се поддржи интеграцијата на обновливите извори на енергија.
Министерот Сали подвлече дека Северна Македонија останува силно посветена на европската зелена агенда и на постепено воведување на инструменти за јаглеродно ценообразување, со крајна цел целосно интегриран, безбеден и декарбонизиран европски енергетски пазар.
Економија
Предпремиера на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje
Во ексклузивна атмосфера и во присуство на клиенти, партнери и медиуми, Porsche Macedonia ја одржа предпремиерата на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje. Настанот означи почеток на ново поглавје за еден од најуспешните модели на брендот, кој повеќе од две децении поставува стандарди во SUV сегментот.


Генералниот директор на Porsche Macedonia, г-дин Златко Муцунски, во своето обраќање истакна:
„Cayenne отсекогаш бил модел со стратешко значење за Porsche. Тој ја трансформираше компанијата и го редефинираше сегментот. Денес, со новата генерација, го продолжуваме тој дух на храброст и визија – со технологија која го засилува она што отсекогаш било суштината на Porsche: перформанс без компромис.“

Тој додаде дека новиот Cayenne Electric претставува „логична еволуција на еден лидер – комбинација од инстантна моќност, врвна динамика и иновативна електрична архитектура, поставена во препознатливиот Cayenne дизајн.“

Маркетинг Менаџерот на брендот Porsche, г-дин Стефан Јовановски, нагласи дека интересот на македонскиот пазар е значителен:
„Публиката во Македонија е сè поотворена кон електрична мобилност во премиум сегментот. Cayenne Electric носи ново ниво на спортска динамика и дигитална софистицираност. Тоа не е само електричен SUV – тоа е Porsche во својата најнапредна форма.“

Јовановски потенцираше дека предпремиерата во Porsche Center Skopje им овозможи на присутните да бидат помеѓу првите во светот кои одблизу ќе се запознаат со новата технологија, дизајнерскиот правец и иновативните решенија кои го дефинираат моделот.


Настанот беше организиран како ексклузивно претставување со техничка презентација, детално запознавање со електричната платформа и интеракција со експертскиот тим на Porsche Center Skopje.

Со оваа предпремиера, Porsche Macedonia уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон иновации, одржлива мобилност и понуда на најсовремени решенија во премиум сегментот на македонскиот пазар.



За повеќе информации, посетете го Porsche Center Skopje или контактирајте го тимот на Porsche Mac-edonia.
ПР
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.

