Контакт

Економија

Од „Донирај компјутер“ повикуваат на нова акција – „3.000 донирани компјутери за Нова година“

Објавено пред

Благодарејќи на помошта која ја добиваат од народот и поддршката на големите компании како Нептун, Шпаркасе лизинг, Еко Логистик, Кожувчанка, Европа Гуми, Дади компани, и Македонски Телеком, како дел од Групацијата Дојче Телеком, каде се победници според онлајн заедницата на WhatWeValue платформата. Борче Стаменов и волонтерите на Донирај Компјутер го зголемија рапидно бројот на донации кои се испорачуваат од работилницата во Кавадарци, но тие велат дека сега си поставиле една речиси невозможна мисија: да се заокружи бројот на донации на 3000 до крајот на декември 2022.

dobivaj vesti na viber

„Донирај компјутер“, докажани и незапирливи филантропи, повикуваат на нова акција „3000 донирани компјутери за Нова Година“. Охрабрени од претходните активности и поддршката која ја добиваат, поттикнати од сè поголемиот број деца кои имаат потреба и интерес да ги совладаат компјутерските вештини со цел да си обезбедат поквалитетно образование и успешна иднина, „Донирај компјутер“ ја започнува најновата мисија со следниве цели: повик за волонтери и донации, заради обезбедување на уште 1200 компјутери за деца во семејства од ранливи категории до крајот на 2022 година.

„Целта на филантропската акција е да се намали социјалниот и технолошкиот јаз помеѓу младите, особено во услови кога глобалната пандемија од вирусот Ковид-19 наметна многу долготрајни ограничувања. Да не дозволиме 38.000 деца да останат дигитално неписмени, а со тоа и ускратени од квалитетно образование кое е нивно основно право. Воедно, да го забрзаме остварувањето на тоа нивно право, бидејќи бројката од 40.000 деца без компјутер беше објавена во 2020 година, а веќе 2 години поминаа. Токму заради итноста на оваа состојба, и ние си поставивме сериозен предизвик: да ја заокружиме бројката на донирани компјутери на 3000. Предизвикот е сериозен, 1800 донации се испратија за вкупно 6 години досега, сега ќе се тестираме дали можеме 1200 за само 4 месеци до Нова година„, изјави Борче Стаменов, основачот на Донирај Компјутер.

„Ги повикуваме граѓаните и компаниите масовно да се вклучат во акцијата затоа што таа има длабока хумана мисија. Со донации на компјутери, финансиски средства и волонтерска помош, ќе му дадат шанса на секое дете што сака да стане успешен и независен млад човек, што сака да инвестира во своето знаење и во својата иднина. Економските кризи оставаат трајни социо-економски последици и нашата мисија е да не дозволиме тие да ја загрозат иднината на младите“, порачува Стаменов.

„Ништо од ова немаше да успееме да го направиме да не беа компании како „Бидат Информатика„ кои ни дозволија да си ја направиме базата во нивните простории, како приватната гимназија Алгоритам кои ни ја изработија веб страната и беа пионери во поддршката која потоа ги инспирираше другите компании да се приклучат, а веб страната сега се усовршува заедно со Бреинстер Академијата за веб дизајн. Без помошта на компании како Олимпија Моторс, Шпаркасе Лизинг, Пиксел, E-crowd и многу други кои ни помогнаа да собереме средства за набавка на возило, немаше да биде волкава бројката на донации: од мај од кога ја имаме Донка (автомобилот) досега се донирани 300 компјутери, порано 300 компјутери беше бројката на вкупно донации во една година, а сега

се сработи за 3 месеци. Најголемата помош и поддршка ни дојде од Нептун, добивме национална мрежа за собирање на компјутери, со скоро 30 собирни места каде што имаат продавници, и транспорт на истите до Кавадарци: ова е најбитната помош која некој можеше да ни ја овозможи. Меѓу другото, благодарност и до Кожувчанка кои ни се приклучија и ќе ни помогнат што подобро да го организираме настанот кој го подготвуваме за 3 септември.

За соработката на Нептун и Донирај Компјутер, Горан Цветинов, извршниот директор на Нептун изјави: „Ние сите, како индивидуи, денес го креираме нашето утре. За подобро утре мора сите да бидеме подобра верзија на себе, денес. Да инвестираме во себе, да инвестираме во вредности, во семејствата, во компанијата каде работиме, во тимовите од кои сме дел, во проектите. Само така ќе изградиме свои подобри верзии, а со тоа и подобро утре. Секогаш кога сум во можност поддржувам се што значи подобри можности, за младите особено.

Ние како Нептун не чекавме некој специјален повик за да помогнеме во движењето „Донирај компјутер„: сами се пријавивме и прашавме што можеме да помогнеме. Во тој момент собирните центри и транспортот беа клучен проблем, со задоволство излеговме во пресрет, ги отворивме вратите на сите наши продавници и помагаме во транспортот на компјутерите кои се собираат, што и понатаму ќе продолжиме да го правиме, бидејќи активностите кои се свртени кон децата и нивната добросостојба ни се посебно важни.„ изјави Цветинов.

„Добивме голема поддршка од Македонски Телеком како дел од Групацијата Дојче Телеком со нашата победа на #WhatWeValue, платформа за волонтеризам на генерацијата Z. Поддршката е од суштинско значење и на нашиот тим ќе му овозможи да го зголеми бројот на донации а со тоа да го прошири и процесот на дигитална инклузија . Станува збор за нефинансиска помош во износ од 35.000 евра. Тоа значи дека пари нема да влезат во Донирај компјутер, туку за сè што ни треба, добавувачите испраќаат фактури, и набавките подлежат на детални и темелни проверки. Новата работилница очекуваме да биде опремена кон крајот на септември и почетокот на октомври. Повеќе детали околу ова ќе објавиме наскоро заедно со Македонски Телеком“ изјави Стаменов.

Возилото за Донирај Компјутер се набави со кампања за собирање донации преку E-crowd.mk и Шпаркасе лизинг беа првата компанија која се одзва на повикот со поголема донација. Околу оваа активност тие изјавија:

„Ние во Шпаркасе Лизинг подолго време сме вклучени во голем број општествено

одговорни проекти, но иновативниот пристап на Донирај компјутер со нивната crowd fundingплатформа за набавка на нов автомобил навистина не стави во ситуација да се запрашаме кој да помогне во ситуацијата за набавка на автомобил ако не најголемата лизинг компанија на пазарот.

На тој начин дојде и до комуникација и до соработка со Донирај компјутер и навистина сме задоволни што целиот проект се затвори за краток период и што помогнавме Донирај Компјутер да продолжи уште поуспешно со своите активности, разговараме и за донации

на компјутерите кога ќе ги менуваме наредно, автоматски да бидат предадени во Донирај

Компјутер. “Шпаркасе лизинг“ има отворена рака кон Донирај Компјутер за сите идни проекти, како и се разбира отстапување на користената ИТ опрема во момент кога за тоа ќе се создадат услови„ – изјави Филип Костадиновски, соработник во сектор за ризици во Шпаркасе лизинг„.

За новиот проект наречен „3000 за Нова Година„ од Ecrowd.mk изјавија:

„Со Донирај компјутер ова ни е втор проект, првиот, наменет за собирање донации за возилото беше и првиот 100% успешен проект, во кој за време од 2 месеци се собраа потребните средства. Не се сомневаме дека и вториот ќе биде исто така успешен, платформата прима уплати од било каде, ќе го рашириме линкот од проектот надвор од Македонија и верувам дека ќе се соберат 1200 дискови, или во парични средства или во дискови.

Ние самите го поддржуваме нивниот проект и со промоција и финансиски, бидејќи она што тие го прават е од исклучителна општествена важност, и ние се приклучуваме со радост што ваква иницијатива постои кај нас. Им стоиме на располагање на сите вакви иницијативи како платформа која ќе им го олесни исполнувањето на зацртаните цели„, изјави Љупчо Петковски, еден од основачите на Ecrowd.mk платформата.

Организацијата „Донирај компјутер“е непрофитна организација која веќе шест години врши донации на половни компјутери низ територијата на цела Македонија и има обезбедено компјутер на над 1800 семејства. Дел од компаниите кои имаат донирано компјутери се: Комерцијална Банка АД Скопје, Еко Логистик Сервис, Клими Мк, Ендава, Allocate Software, Quipu, Fx3x, Symphony Solutions, Триглав осигурување, Publikum Invest, Канцеларија на Делегација на ЕУ, Кабинетот на Претседателот на Македонија, Европа Гуми, Олимпија Моторс, Пиксел, и уште многу други.

Во прибирирање на средства за 3000 компјутери потребни се 1.320,000.00 денари, а доколку сакате да помогнете, може да донирате на следниот линк.

ПР

Економија

Од полноќ поскап бензин, цената на дизелот останува иста

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,13% во однос на одлуката од 27.2.2026 година.

dobivaj vesti na viber

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,977%, кај дизелот за 0,464%, кај екстра лесното масло за 0,370% и кај мазутот зголемувањето е за 3,965%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1035%.

Од 3.3.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 70,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 35,542 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,022 ден/кг и сега ќе изнесува 35,542 ден/кг.

 

Прикажи повеќе...

Економија

ТИТАН Усје: Работиме согласно сите закони, емисиите се мерат 24 часа со независен мониторинг – нема надминувања на лимитите

Објавено пред

ТИТАН Усје соопшти дека повеќе од 70 години работи како одговорна компанија во земјата, придонесувајќи за националниот развој, локалната економија и снабдувањето со основни материјали за клучни инфраструктурни објекти, меѓу кои болници, брани, патна и јавна инфраструктура.

dobivaj vesti na viber

Од компанијата наведуваат дека грижата за животната средина е нивна основна вредност и дека ја следат јавната дебата поврзана со квалитетот на воздухот и заштитата на животната средина, давајќи, како што велат, транспарентен придонес кон решавање на овие прашања.

„Работиме целосно во согласност со сите важечки закони, подзаконски акти и барањата на нашата А – Интегрирана еколошка дозвола – честопати применувајќи внатрешни стандарди кои се и построги од законските обврски. Нашите емисии континуирано се мерат преку 24-часовен независен мониторинг, со податоци јавно достапни и редовно доставувани до надлежните органи и до медиумите. Редовните и ненајавените инспекции од страна на надлежните тела не констатираат никакви надминувања на законските лимити“, велат од ТИТАН Усје.

Како членка на Групацијата ТИТАН, компанијата информира дека ги следи меѓународно признатите практики и ESG стандарди, со долгорочна посветеност на заштитата на животната средина, вклучувањето на заедницата и современото корпоративно управување.

Во изминатите 15 години, ТИТАН Усје инвестирала повеќе од 29 милиони евра во одржливо производство и еколошки технологии, а дополнителни три милиони евра се планирани до 2029 година.

Од компанијата посочуваат дека нивни приоритети остануваат партнерствата, благосостојбата на вработените и континуираната поддршка на заедницата.

Прикажи повеќе...

Економија

ОКТА АД – Скопје со силни резултати во 2025 година во пазарна средина исполнета со предизвици

Објавено пред

Финансиски резултати за 4-тиот квартал / 12 месеци од 2025 година

dobivaj vesti na viber


*Прилагодена за ефектот на вреднување на залихите

ОКТА АД – Скопје Годишни резултати за 2025 година

Во 2025 година, глобалниот пазар на деривати беше обликуван од геополитичка несигурност и еволуирачки енергетски политики, што резултираше со повремена нестабилност на цените. Ризиците по снабдувањето поврзани со регионалните конфликти и нестабилните трговски рути беа делумно компензирани со зголемено производство од главните извозници, ублажувајќи ги ценовните притисоци во споредба со 2024 година. Намалената индустриска активност на клучните пазари го ограничи растот на побарувачката и придонесе за стабилизација на цените во втората половина од годината.

Во Југоисточна Европа, геополитичките случувања и регулаторните промени продолжија да влијаат врз пазарните услови. Во Северна Македонија, воведувањето на новиот Закон за енергетика во средината на 2025 година и тековните регулаторни прилагодувања влијаеја врз динамиката на цените и конкуренцијата. По благиот пад во 2024 година, локалниот пазар покажа знаци на закрепнување во текот на 2025 година.

Во овие услови, ОКТА успешно се справи со регионалните флуктуации во снабдувањето и силните притисоци од конкуренцијата како на домашниот така и на извозниот пазар. Компанијата ја задржа својата утврдена водечка позиција во големопродажбата, додека структурата на малопродажниот пазар остана во голема мера непроменета. Во текот на целата година, ОКТА се фокусираше на дисциплинирано комерцијално извршување, разумно управување со маржите и насочени, стратешки иницијативи.

Финансиски остварувања

Приходите од продажба за фискалната 2025 година изнесуваа 38.492 милиони денари, во споредба со 44.263 милиони денари во 2024 година, првенствено поради пониските меѓународни цени на горивата и намалениот обем на извоз. Во четвртиот квартал од 2025 година, приходите од продажба се зголемија за 5% на годишно ниво на 10.179 милиони денари.

Бруто добивката порасна на 1.324 милиони денари во фискалната 2025 година од 1.169 милиони денари во претходната година, поткрепена од поголемата домашна продажба, зголемените испораки кон Државните резерви и зголемено тргување со електрична енергија. ЕБИТДА достигна 652 милиони денари, во споредба со 501 милион денари во 2024 година, што одразува поголем домашен обем, намалена изложеност на нестабилност на цените и поголема продажба на електрична енергија. ЕБИТДА во четвртиот квартал од 2025 година изнесуваше 139 милиони денари, што е намалување од 16% на годишно ниво, главно предизвикано од нестабилноста на цените на горивата и пониските маржи на електричната енергија.

Добивката пред оданочување во фискалната 2025 година значително се зголеми на 667 милиони денари, во споредба со 238 милиони денари во 2024 година. Покрај подобрените оперативни остварувања, резултатот е одраз и на помала амортизација по еднократната забрзана амортизација во 2024 година, предвидениот поврат на Данокот на солидарност од 50 милиони денари платен во 2023 година и оптимизирано управување со готовината. Во четвртиот квартал од 2025 година, добивката пред оданочување изнесуваше 177 милиони денари во споредба со 87 милиони денари во четвртиот квартал од 2024 година.

Оперативните трошоци останаа генерално стабилни на годишно ниво. Во 2025 година компанијата продолжи да работи без долг, во континуитет со претходните години. На 29 мај 2025 година, Собранието на акционери одобри распределба на дивиденда од 182,8 милиони денари, што е еднакво на 240,00 денари по акција.

Стратегија и перспектива

ОКТА ја заврши 2025 година со пазарен удел од 67% во Северна Македонија и 29% во Косово, надминувајќи ги планираните цели за профитабилност. Компанијата останува посветена на зајакнувањето на својата лидерска позиција на пазарот, оптимално користење на продуктоводот Солун – Скопје и складишната инфраструктура, како и обезбедување долгорочна сигурност во снабдувањето.

ОКТА продолжува да ја развива својата стратегија за диверзификација, при што значајно вложува и во обновливи извори на енергија. Во текот на годината, компанијата инвестираше 63 милиони денари во проекти од оваа област и се фокусира на максимално искористување на инсталираниот соларен капацитет од 12 мегавати како и идниот систем за батериско складирање. Плановите вклучуваат понатамошно проширување на фотоволтаичните системи и решенијата за складирање.

Корпоративна оштествена одговорност

Во четвртиот квартал, ОКТА дополнително ја зацврсти својата стратешка посветеност кон одржливоста, проширувајќи ги донациите на кровни фотоволтаични системи за образовни институции во Скопје, Битола и Штип. Овие инвестиции ја подржуваат националната цел за зголемување на енергетската ефикасност и обезбедуваат мерливи еколошки продобивки преку значително намалување на емисиите на јаглерод диоксид. Дополнително, компанијата спроведе иницијатива за општествена одговорност кон животната средина, организирајќи акција за пошумување во Националниот парк Јасен, во склоп на тим-билдинг програмата.

Паралелно со овие иницијативи, ОКТА продолжи да го негува и промовира националното културно наследство преку поддршка на реномираните културни фестивали и продлабочена соработка со релевантните културни институции во земјата. Годината ја заокружи со засилен фокус на вклучувањето на заедницата, акцентирајќи ја поддршката за образованието и ранливите групи преку целни донации и општествени иницијативи. За да го сподели напредокот на транспарентен начин и да ја зајакне својата улога како одговорен корпоративен лидер, ОКТА одржа брифинг за медиумите на кој ги претстави клучните достигнувања во текот на годината.

ПР

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош

Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда. „Основното...

Македонија8 часа

МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија...

Македонија14 часа

(Видео) Тошковски: Обезбедена е видеоснимка на која се гледа како сопругот ја удира жртвата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека во рамки на истрагата за трагедијата во Карпош е обезбеден видеозапис на...

Македонија15 часа

Се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, се работи на безбедна евакуација од погодените подрачја, соопшти МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека интензивно работи на обезбедување услови за соодветна и безбедна евакуација на...

Македонија15 часа

По пад од балкон загина 10-годишно момче во Тетово: родителите дознале од соседите

Денеска (03.03.2026) во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче...

Македонија15 часа

Тошковски објави нови детали за трагедијата во Карпош: Жртвата негирала насилство пред полицијата, сопругот имал криминално досие и бил апсен за дрога

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти нови детали за вчерашната трагедија во Карпош, во која загинаа мајка и дете....

Македонија16 часа

Бракоразводна постапка и пријава за насилство – вонреден надзор во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Министерството за социјална политика, демографија и млади изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на мајката и детето кои го...

Македонија16 часа

Државните нафтени резерви се стабилни и обезбедуваат сигурност, уверуваат надлежните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со посебно внимание ја следи состојбата со актуелната енергетска ситуација, особено во контекст...

Македонија16 часа

МНР со владиниот авион ќе ги евакуира нашите државјани од Израел, првите се очекува да пристигнат утре

За евакуација на Македонците кои сакаат да се вратат дома од Израел, Министерството за надворешни работи (МНР) ќе го испрати...

Македонија18 часа

Сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, велат од МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473...

Македонија18 часа

Едно лице задржано по трагедијата во Карпош: распити на повеќе лица, детален претрес на станот, екстракција на податоци од телефони, се обезбедуваат снимки

Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во Карпош, кога...

Македонија18 часа

Почувствуван земјотрес во Гостивар

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 5 часот и 21 минути...

Свет20 часа

(Видео) Објавено сведочењето на Клинтон за Епстин, Хилари е бесна

Нови видеа покажуваат како Хилари Клинтон речиси излегува од сведочењето зад затворени врати пред американските пратеници за Џефри Епстин откако...

Свет20 часа

Пезешкијан: Иран нема да стои настрана пред нападите врз училиштата и болниците

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека неговата земја нема да стои настрана поради американско-израелските напади што погодија женско училиште...

Свет20 часа

Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи што ќе траат засекогаш

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата платформа Truth Social извести дека САД имаат рекордни залихи на муниција од среден и...

Свет21 час

Рубио: Израел планираше да го нападне Иран, мораше да извршиме превентивни напади

Одлуката на Израел да го нападне Иран и сигурноста дека американските сили ќе бидат цел на одмазда ја принудија администрацијата...

Свет22 часа

(Видео) Познатата Палата Голестан во Техеран е оштетена, објавени се фотографии

Делови од Палатата Голестан, единственото место на светското наследство на УНЕСКО во иранската престолнина, беа оштетени во воздушен напад извршен...

Свет22 часа

Америка ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји од Блискиот Исток

Американското министерство за надворешни работи денес ги повика Американците веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји на Блискиот Исток,...

Свет22 часа

Нетанјаху: Војната нема да трае со години

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека американско-израелската војна против Иран може да трае „некое време“, но нема да трае...

Македонија1 ден

Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го...